После колку време ви се регулираше количината на млеко после царски.. и како знаете дека примиле доволна количина после цицање? Мене едното бебе мо цица и во сон неуморно, а другото си заспива после некое време цицање.
Кога ќе се гладни, ќе плачат, ќе познаеш. Штом не плачат, нека си спијат, не се гладни. Кога ќе ги види педијатар на контрола, ќе ти каже дали им треба дохрана. Колку месеци се?
Мајки..во едната града имам Многу болки. На ехо пред некој ден ми рече докторот има цистична промена ваљда од запушен канал.....кога молзам Многу малку млеко излегува...бебе кога цица плаче како да нема млеко...што да правам? Можно е да не искача млеко ако е запушено?
Топли облоги мајка. Туш пред цицање, ролање шише со топла вода и бебе да цица. Уште ако моеш да го наместиш со брадичето да е свртено кон делот кај имаш болка топ. А може да де прави ехо дури доиме? Зашто мислев дека не се прави зашто резултатите не се точни?
Можно е во овој период да ми се воспали градата? Боли, мислев од прслкот е и што спие на нејзе, ама не. Како отечена е и топла. Цица бебка ама џабе. Сега мерам температура 37 со 5. Сега ќе мерам и на обичен. Бебе е 5 месеци, лактација воспоставена. Ако не минува ќе одам и на лекар.
Историја се понавља, џуниор го имитира постариот брат или бар се труди тоа да ги направи. Овој пат со искуство од бато јас сум поупорна и се надевам ќе ми се исплати трудот. Млеко имам супер количина, засега, бебе цица и се молзам за да имам резерва да допунам кога не сака да цица, а тоа е најчесто кога има грчеви и плаче многу. Утрово мислам за прв пат цицаше асално. Да не го урочам само
Немаш потреба од совети, со искуство си. Ама биди упорна, нека дреме макар и по цел ден на цицка. Само така ќе знае дека нема друго чаре освен малце да се потруди
После месец-два се воспоставува лактација. Не можеш да знаеш колку примило после цицање, дали му е доволно се следи по мочани пелени и по самиот раст на бебето на преглед кај педијатар. Некои бебиња сакаат да висат на града, некои се најадуваат за 3 минути со активно цицање и се тргаат или заспиваат. Ако не напредува добро или нема доволно мокри пелени, тогаш ќе го будиш да не заспива дури цица. @JuLleE мене сега скоро на 11-12 месеци ми се воспали после не знам колку време, ама без тт. Кратев подои и не можев да издржам вечерта ја разбудив за да цица, ама брзо помина. Кога беше 5-6 месеци многу често откако ќе добиев после неколку дена ми се случуваше да се воспалат. Ама исто и тогаш, ја ставав да цица и за 1 ден се враќав на стара шема.
Женски, мене ми се подобри ситуацијата со раничките на градите. После секое доење се одмивам со млака вода, се бришам убаво со тетра пелена, мачкам ланолин и малку топлес додека да упие. И по дома престанав да носам прслуци за доење и само во широка памучна блуза. Плус, алал да и е на другарка ми што ми ја позајми перницата за доење, ниту грб ме боли, ниту се кичмам, и одма веќе е друго.
Јас завршив со мастит. Се враќам од болница. Нели ви пишував дека сум со грутки по градата и еве. Таква болка е. Имам и темепратура, треска. Добив антибиотик и во петок на контрола кај матичен. Ќе видам ехо дали ќе ми прават.