Ве молам за помош! 5ти ден, спонтано породена без анестезија, бебе одма од прв ден фати да влече, ама во болница нон стоп му даваа прихрана ад и еве веќе втор ден како не сака ни да потегне, ја одбива максимално и млеко само неколку капки имам. Што да правам да надојде? Да се одмолзувам? Пијам чај за доилки и течности ама ништо не правам без бебе на града. Помагајте ве молам, прво дете ми е
Биди упорна, ставај го на града и тоа е многу е мало, уште не знае што го снашло. Одмолзувај се и упорно ставај го на града. Ќе надојде млеко, рано е за да имаш голема количина.
Само смирено мајка. Секогаш прво ставај го на града нека влече. Секако мало стомаче има и малку му е потребно. Гледај да е будно дури цица, расоблечи го.
Честитки, да ти е живо и здраво. Најпрво, на града. Расоблечувај го ако заспива, штипкај го, скокоткај го. Малечко е уште. Одмолзувај се често и пиј многу течности
И кај мене се повтори историјата, се одби исто ко дада му. Исто време, се исто. Се тешам, или тонг тај има или проблем со брадавиците.
Скроз, не го сака ни вкусот веќе. Повеќе сака Аптамил. Еднаш на 2 дена имам за молзење. Веќе се уморив и не молзам, а не ни осеќам да се полнат.
2 дена цицаше ок, денес патронажната дојде, го изнафали и стварно цицаше топ. Си отиде она, бебе ни да фати! Се успат 5 саати, не сака да цица и крај! Едвај дадов малку и шише и сега исто, цицка, шише и куфер. Сега и мама куфер ќе иде. Прилично сум упорна со ова ама никогаш сум и уморна.
Јас да прашам оти не се сеќавам од синко, а и он не е дете за пример за јадење. Бебка порано цицаше најмногу 15 до 20 мин. Сега цица минимум саат ипол. На пример сабајле од 5 до 7 ипол цицаше. Јас веќе не ни можам да одмолзувам оти празни се. Не знам, да не е гладна, да не и е доволно? Млеко има, ама нејзе да не и е малку или се претворив во цуцла. Од наредна недела почнува со вкусови и не планирам три дена еден ист вкус. Некако осеќам дека и се јаде. Или само си замислувам. И навечер си се буди да цица.
Големиот цицаше по 15мин од града, ама двете обавезно ги празнеше. Малово еве го 9 месеци цица обавезно по 30-40 мин и тоа активно, се слуша како голта. Се чудсм кога некоја мајка ќе каже дека за 5 мин бебето е нацицано. Ама се навикнав. Еве го и три оброци има и пак исто си цица. Е ноќе еднаш во 3 и еднаш во 6 се буди. Заспива во 20ч.тогаш цел саат си цица. Јас мислам не е глад, потреба е некоја, заби, страв, блискост... Ама ти кажав се навикнав.
Мене ме чуди што смени, порано како помала побрзо се нацицуваше. Сега не. Ваљда и тоа и е начин да е до мене. Не ми е проблем, навикнав, со термини си е, ама викам да не е гладна.
Јас почнав веќе вкусови. По два дена еден вкус. И на моето му се јаде. И на твоето му се јаде, навистина, не ти се чини.
Јас уште не сум спремна Ништо, да идам до пазар да купам домашни производи и да почнам деновиве. По колку даваш за почеток?
Како го припремате овошјето/зеленчукот пред да го дадете? Домашно немам ништо, тоа што ќе купам не сум сигурна дека не е прскано? Треба да стојат во сода? Колку време? Секако лушпата би се фрлала, ама почнувам се повеќе да гледам. Во Веро само јаболка органски видов, друго во моментов нема..
На 01.01 за благо да му почне годината 5м направивме на 27.12. По две-три лажички давам. Прв вкус - традиционално јаболче со каша од аптека
Да отстои во сода 10-15мин, лупење. Органски зеленчук и овошје можеш да најдеш во Добра земја. Освен од Веро имам земано и од Тинекс, провери таму.