Постои голем ризик ако проба од шише да не сака воопшто да цица. Со првото направив таква грешка од страв дека не цица доволно и дека е гладно дадов шише. И толку беше цице не сакаше веќе да види
Ист случај сум и јас. Бебе не качваше на килажа и морав малце ад. Па ете до ден денес сме комбинирано цица + ад. И не се одби од цицање. 7 и пол месеци е. И цуцла фати. Мислам треба да бидиш упорна цело време да нудиш прво града па после ад ако треба. И нема врска дека ако дадеш ад ќе спие поќе. Моето на оваа возраст уште станва ноќе да цица или па да ме осети мене на града. Само упорност,без стрес,смиреност и уба мисла. Така се лачи поќе млеко,а и нема поубо чувство од цицањето, така да ако можиш издржи на почеток,после е се полесно.
Доењето носи многу предизвици, со кои треба да се соочиме, и физички и ментални. Во самиот старт ќе се сретнеш со болни и разранети брадавици, можеби болни грутки во градите и ризик од маститис, недостаток на сон можеби, пренагласени емоции можеби, неправилен зафат на брадавицата од страна на бебето, кандида, сомнежи околу тоа дали добро напредува, дилеми дали и кога да се даде ад млеко.... А можеби ништо од сето ова.... Сè во свое време... Главно, со правилна и навремена нега и хигиена, усовршување на техниките и позициите на доење, стручни насоки од педијатар, по некој одличен совет и искуство од форумов и пред сè добра мисла и добра волја, и спокоен пристап кон целиот процес, ќе биде како што сте замислиле
За железо во бременоста пиев Сидерал форте и Тотхема. Сега ми е многу ниско, ја прашувам матичната дали да почнам со овие ми вика со исхрана само. Зар не може да се пијат овие додека доиме?
Искрено ја пиев тотхема па после прашок sidel folic зашо железото ми беше мн ниско едвај го оправив. Дури и во болница кога се породив ми дадоа терапија со тотхема, а бебо си го доев
Пишав и во друга тема но несоодветна затоа ќе постирам и тука. Прашање до тие што сте на ексклузивно доење. Се молзите дополнително после подој уште во првите недели? Бидејќи читав дека се потребни 6 недели да се воспостави успешна лактација со цицање. И дали млекото од првите недели кое екстра го одмолзувате (замрзнувате) го користите и во понатамошните месеци, бидејќи и составот на млекото се менува со растењето на бебето и неговите потреби? Како е поправилно?
Јас не се измолзував освен ако осетев потреба (да ми се преполнат или да се успие бебуш). Имав замрзнато неколку кесички, но мене одвратно ми мирисаше тоа млеко и никогаш не сум му дала. Обично ако се измолзев некој ден, го чував во фрижидер 24 часа, ако не се искористеше тогаш во канта. Мислам дека е индивидуално молзењето и нема некое правило што баш сите го применуваат. Ако мислиш дека немаш доволно млеко, тогаш претпоставувам дека е добро да се измолзуваш, но мислам дека не после секој подој. Да не дојде до хиперлактација така па проблем. Има една техника на power pumping (20 мин молзење, 10 мин пауза, 10 мин молзење, 10 мин пауза и уште 10 мин молзење) но не сум сигурна колку често треба да се применува, погуглај ако те интересира. Исто така јас пиев Лактамикс 1-2 пати на ден, ама мислам дека имав доволно млеко секако па не знам колку ефект имаше.
Нема ништо спорно да даваш замрзнато млеко од првите месеци на поголемо бебе. Секако најчесто го користат за кашички или дополнување на млеко кога не е во можност бебето да цица. Ако имаш замрзнато млеко што е правилно складирано ти е подобра опција од тоа да купуваш и даваш АД. Плус има мајки што дојат тандем тодлер и бебе. Во тој случај млекото за чии потреби е?
Мојата доенечка приказна заврши. Бебе е точно 8 месеци. Ќе го подоев уште малку, ама сам почна да се трга. Негде на 6ипол месеци почнав да му заменувам еден подој со формула, плус си имаше оброк. Брзо дојдовме на 4 подои (во 24 часа), па на 2, за на крај на 1 (тој пред спиење). Веќе 5 дена нема цицано. Градите ги осеќам минимално наполнети и со благи болки ама мислам за 5 дена ќе спласнат скроз. Ако има некој искуство што да очекувам плиз споделете Со оглед на тоа дека ми беше многу болно искуство цели 2ипол месеци, и бев на раб да се откажам, мило ми е што успеав да го дојам и до сега. Секако сакав пред да тргнам на работа да го одбијам. Капа доле на мајките што дојат 1 или повеќе години, но тоа не е за мене
Морам да кажам, доењево не ми изгледа магично како што се претставува... Мене лично и болно ми е, брадавиците ме горат, ама сум упорна. Молзам за да имам да додадам дохрана, зошто при млеко да давам АД. Инаку молзено млеко во фрижидер може да стои 1 недела, по не знам кој пат споделувам, не се лажете да фрлате млеко од фрижидер заради рекла казала муабети. Мирисот на млекото од замрзнувач доаѓа од маснотиите, колку повеќе мириса на пластика, риба, грдо, гадно, толку ви е млекото помасно, не знам зошто фрлате млеко ама ајде. Стварно сега има толку многу информации за мајчиното, греота е да се фрла. Јас кога молзев немаше никаква информација, се учев од амерички групи. Инаку сега молзам рачно, со рака стискам и вадам по 60-90мл наутро и навечер, и тоа после подој. Тоа млеко го давам претежно навечер на прво станување за да можам да врзам малку сон, ама утрово ја открив магијата на молзење легната и да ви кажам искрено се преродив. Не сакам да давам многу шише, ама па од друга страна па сакам и да имам опција за понекогаш да дадат млеко други. Пример некни бев на преглед и мајка ми го чуваше, немаше потреба од давање млеко зошто го доев пред одење и се вратив точно пред да го дојам, ама имаше опција нели млеко измолзено. Планот е здравје до кај 40 дена да воспоставиме ритам, ама плановите не зависат само од мене, нели. Леле јас го чекам денот кога ќе цица само пола саат, ама моето е мало многу и затоа му треба време. Цица по час и кусур. Шишињата на Твист'енд'шејк имаат внатре мала чашка, јас во нив го чувам млекото. Ама не ми стигаат секогаш па ќе земам и јас од чашките на Мам да ги најдам само. Каде ги најде овие чашки? Бебе додека не почне со цврста храна нема да има тврда столица. Цело време ќе биде мека. Е сеа јас ти кажувам ама еве денес појадував во 12, мора редовно бар 2 оброка да имаш. И пиј течности многу. Јас сум 20 дена породена, денес можам да речам прв пат поштено јадев, до денес се од нога и половично. Првото млеко најубаво е да го испие одма, затоа што тоа е колострум и му е најпотребно, јас го имав некаде отприлика 5-6 дена и го давав одма. Е потоа можеш слободно да мрзнеш, чуваш и да го даваш и потоа.
Мамички, јас дојам близнаци па не можам да најдам никаде дали треба да се земат дополнителни суплементи и кои, за да биде млекото подобро и јас да се чувствувам така, бидејќи стварно се чувствувам истоштена. Од витамини пијам фемибион, витамин ц и плус тотхема бидејќи од болница ми кажаа дека сум слабокрвна.
Моето цицаше така на почетокот. Ми се чинеше 24/7 мие на цицка. Издржи со тек на време ќе почне побрзо да цица. Мали се и немаат сила се уморува и затоа така. Сега за 5 мин е готов.
Моето првиот месец цицаше по сат време. Немаше многу сила да влече, немав премногу млеко. Само навечер цицаше пократко, 40 минути, зошто имав повеќе млеко и повеќе и течеше.
Уф ме утешивте, мислев ќе остане вака. Инаку ги цица двете гради и навечер добива шишенце мајчино за да си поспие малку, зошто ако не е најаден у Чаир ќе го чујат мислам, се дере.
Ви пишував на почеток дека моето по саат и пол цицаше. Ќе помине, додека да добие сила така ќе цица ама ќе се смени
Немам измолзувано воопшто ни за првото дете, ни сега. Тој доеше 2 и пол години, ова е 5 месеци и ексклузивно доење до сега, од шише не знае да пие. Ако немаш потреба не мора да се измолзуваш.
Преку ден мислам беше мирен и успевавме на саат и пол до два да се доиме. Ама штом чукнеше 16ч.стартуваше лудилото. Почнуваа и грчевите тогаш и јас мислам дека еве дупка имам направено на креветов. До 20ч тој цело време беше на града. Остави го,пишти вришти. Кога ќе заспиеше во 20-21ч. си спиеше по цела ноќ. Јас тој период веќе не го ни паметам, како сенка ми е. Ми носеа јадење, кафе, големиов до мене пишуваше домашна работа. Хаос. Сега кога се присеќаме, смешно ни е, ама големиов вика, мамо сакав бато да го вратиме оти беше плачко, не те оставаше да јадеш, да ме избањаш, да ме гушкаш навечер.....