Моиве уште не зборат за Ќе му падне, ама Во наше време... Мајка ми божем е медицинско лице али ме уби со Кај нас во родилиште даваа шеќер со вода размешано, во ѓезвето со кафе мешаат и леткаат од кафето зрнца, па ништо не им беше на децата... А другата баба па збори за маст, мајчино млеко во очи и нос, мачкање со ракија и давање рендан патлиџан на 3м.
Не се плаши за силиконските не мора да значи дека нема да сака да цица после без нив. Ќерка ми е жив доказ за тоа. Јас на почетокот доев со силиконски пошто едната брадавица ми беше вовлечена а и ресичката на јазичето пократка па да и олеснам. Мене не ми сметсше што дојам со силиконски баш преку нив гледав дека се полнат силиконските и дека тече млеко дека имам млеко. Напочеток само тоа се плашев дали имам доволно млеко дали напредува колку гр дали е гладна и слично. А и со силиконските не ми беше болно доењето. До 2,3 месеци доев со нив после ќерка ми сама веќе не сакаше со нив. И од тогаш дојам без силиконски.
Моево искрено цица и со и без нив, си фати некако редот и сега си сака машала, заспивање божем сакав да го научам без цице ама тешко, не го стаиш ли на цице ќе ја крене у вис куќава. Ама ќе си ги имам на лагер. Уште му е лош фатот, се пријавив на работилницата може ќе ми помогнат нешто, не знам, ќе видиме. Иначе го гледам дали голта, пратам дали пие со апетит од шише после цицање... Почна да ми е попријатно доењето, ама сеуште ми е мачно. Нека е само жив и здрав, се друго се надоместува.
Кака редовно, но се мачи, го боли додека кака и многу плаче. Вчера му дадов два пати по 2-3 лажичиња, околу 20тина милилитри и вечерта беше мноогу полесна
Вие сте поголеми, веројатно 2-3 лажички нема штета некоја да направат, ама бар на Хип некој чај, тие се без шеќер. Бекутан е многу лош, полн е шеќери. Јас лично сепак би одела со суви сливи. Купи си незашеќерени и свари ги. Давај од водичката неколку лажички. Веќе секако почнувате со дохрана а сливата е меѓу првите овошки. Јас така давам на моето. Иако многу слабо јаде, откако почнавме до цврста храна едвај кака.
Здраво феминки Во последно време мака мачиме со бебчо да јаде кашички. Еве скоро 11 месеци сме, до пред некое време си јадеше се со сласт, а сега кога ќе рече не и не и не го отвара муцето никако. Посебно се случува со кашичките од зеленчук што ок, разбирливо е до некаде бидејќи немаат никаков зачин, а не се ни благи како овошјето но, често знае да одбие и овошна каша, а така банана да му давам си ја грицка со жлебините бидејќи уште нема забчиња. Во градинка ми викаат дека си јаде супер дали навистина е така не би знаела. Не знам дали е некој период само вака што ќе помине или треба да барам некое чаре, да преминуваме од кашички на finger food (ма да што ова ми е ризично некако бидејќи како што кажав нема забчиња уште). Чат пат му давам и да цица кога веќе не отвара уста за ништо друго ама не верувам дека на 11 месеци му е доволно само млекце... Help anyone?
Бебињата не џвакаат со заби, џвакаат со вилица. Давај соодветно приготвена храна. Види на solid starts има корисни совети, која храна како да се приготви и послужи на бебе според возраста и развојот. Парчиња почнав да давам кога почнаа стабилно да седат. Прво давав големи парчиња, па кога се појави пинцета фатот помали.
Престани да се одмолзуваш и ќе се среди лактација. Моја блиска еден месец е бебе, се одмолзуваше плус бебе цицаше, направи мастите. 40 тт и една недела болница. Само нека цица, за недела две ќе се среди. Биди упорна. Ќе се наспиеме кога ќе пораснат
Морам да се одмолзам за да дадам дохрана. Не молзам со пумпа, со рака молзам, не верувам така да направам мастит. Нас не задеси оној момент со цицање нон стоп, ме сотре од сабајле. Од 7 до 1 нон стоп бараше на цицка, ќе заспие, дај шишенце ќе се ококори, па пак цицка да заспие ( што никако нејќев да го успивам со цицање ама ај ) и така у круг. Заспа пред 1 и еве ги спие врз перницата за доење, ама не она цврст сон, спие онака плитко. Денес буквално ми се плачеше.
@AngelOfArh ние веќе 3 дена сме така. Фала богу ноќе си спие и тоа во креветче, една дремка му трае 4 и кусур саати, другите малку пократки. Ама дење, лелеее, нон стоп бара да јаде, ќе му текне ќе почне да плаче дур јаде, па продолжува. Само во раце ми спие, а го спуштам на кревет почнува со плачење одма. Не можам нит да јадам, нит во вц да појдам.Си викам фала богу бар ноќе не прави вака, да можам да поспијам. Се уште. Од она што го прочитав на интернет многу се совпаѓа со скок во раст и пишува дека поминува за неколку дена, па ќе видиме.
Колку имаше твоето? Моево е 1м, понеделник праиме 40. Ама буквално ми се плачеше сабајлево. Не знам дали е скок, или што е, зошто синоќа решив да му сменам ред, го легнав после тоа хранење во 10 директ во креветче и нормално од 1 по полноќ до сабајле стануваше на саат време, до 1 часот на пладне денес нон стоп ќенкаше и плачеше... 12 саата главата ми бучеше веќе, во 1 како заспа стана само за цицање и ги изнесов надвор, од тогаш бајче е мирен, спие, заќенкува малку ама мирен е.
@AngelOfArh за три дена ќе прави еден месец. И мене ми се плачеше завчера, сега се навикнав . Ред уште се немам обидено да воспоставам, затоа што главно цицаше и заспиваше, па се будеше пак за цицање, а дојам на барање. Ама во план ми е да почнам, почнува веќе повеќе да седи буден. Моето и надвор не сакаше денес, а обично сите спијат надвор на поладен воздух. Буквално само го дојам денес, и не за смирување, ми го отвара устето и цица на мојата рака .
Здраво девојки, бебето има 13 недели, меѓутоа имаме голем проблем со доењето, цицнува 5 минути и почнува да плаче, да се трга, да клоца, едвај се смирува. Прво си помислив е скок ама ова трае веќе месец дена. Пробав да дојам со шетање, различни пози, затемнета просторија, бели шумови, фен, вентилатор, ништо не помага. Пробав и да се одмолзувам, да дојам со силиконски брадавици, разликата е минимална со тоа што издржува некоја минута плус. Еве веќе 10тина дена ако ставила 100 грама. Пелените и се полни, а каката е жолта. Кога бевме на преглед кај матичната, последниот месец напредувала 600 грама, со тоа што таа рече дека е супер. Инаку сме на ексклузивно доење, но ова станува пренапорно и за мене и за бебето. Дали некоја членка се соочила со нешто слично?
Кога ќе почне да плаче, да се тегне крени го да ждригне. Моето така правеше, ќе го кренев некоја минута ќе ждригнеше и си продолжуваше да цица