Каков стерилизатор ... Во тенџере да вријат во флаширана вода. Шише ако земеш стаклено тоа ти е за век и веков му менуваш само цуцла, рачунај дека е стакло и има опасност од кршење. Пластично шише ќе треба да го менуваш почесто ама е побезбедно.
Електричен стерилизатор Philips avent, прифатлива цена (иако тоа може да е релативна тема), процедурата трае 10-тина минути. Лично - задоволна, секојдневно користење. Претходно шишињата и цуцлите се измиени, се разбира. Стаклените шишиња имаат предност, нивен единствен недостаток, секако, кршливоста.
Мајка, јас мислам дека млекото што останува на крајот е покалорично. Затоа бебе не ти става на килажа. Да пробаш пред доење да се одмолзиш малку, па после да доиш. Штом после подој имаш толку количина на млеко, не може бебе да не напредува , само што го пие нискокалоричното. Ако сум грешка нека ме поправи некој
Немој премногу да се одмолзуваш, ќе направиш поголем проблем. Почесто бебе да цица, и ако ти се многу тврди да не може да фати тогаш ќе се одмолзиш. Уште е многу рано, бебе е мало и не може да цица многу, кога ќе порасне малку ќе може повеќе да цица. Само трпение малку, две три недели е проблемот.
Мајки 8 и пол месеци сме,тргнав на работа,бебе има 3 оброци и измеѓу цицаше. Ама сега дека ко ќе сум на работа и дават од шише па дома ми протестира со цицање ко ќе сум. Едино навечер да е полузаспана ама ретко се годи оти вечера каша и легнува. Мене градите ми се малце тврди ако не ме исцица. Ми е страв да не ми се напрат грутки. Што да правам? Да се измолзувам ко ќе сум дома или...? Некој совет оти работава ко дека ќе ми се одбие ми изгледа ако продолжи вака...
На работа ќе одмолзуваш да ти се олесни малку, не скроз, а дома ќе нудиш цице, ќе си нагодите како ви одговара со термин. Како не напредува, напредува баш откако фативме редот вака, 50гр дневно качува. Не напредуваше кога висеше по саат време на цицка, сега е супер. Нит плаче толку, спие убаво, скроз е друго дете сега. Го мериме на 2 дена и од таму имам увид колку напредува.
Што да се напијам за опуштање на мускулите освен парацетамол и магнезиум ? Ги осеќам страшно воспалени , неможам да се движам. незнам што е во најава и безвеза температура 37.1 вчера цел ден
Супер тогаш, јас те прочитав дека пиша дека е помал роден и не напредува, затоа ти пишав. Тргнал бебуш да расте
Дај кажете ми дали право правам. До сега стално кога цицала еден подој бил само од една града. Сега се сведовме само на еден подој (ретко два) и почнав да и давам прво од едната па од другата, не дека она бара, него да не се лути другава. Везе немам како да терам. А што е до мене би си ја задржала на еден подој до година, не сакам да ја одбијам. 14м е.
Чек да се пријавам и тука, 760гр за 2 недели, бомбица на мајка. Доењето конечно стана забавно и лесно, не ми е стресно веќе. Љуби га мајка си има аларм навиено на 2 саати отвара чорапчето за папање и за пола саат завршува и мир саат време.
Шта пије кафанааааа Бравооооооо. Сега ќе уживате, не двајцата, туку цело семејство. Кај нас како се намалуваат подоите, така мене ми фалат првите месеци
Јас сум во голем хаос и не знам како да се снајдам. Сакав да ги дојам близнаците, имам млеко, ама треба да имаат оброк на секои 3 часа, а исто така 7 пати дневно примаат и капки, 2×7бејбитол неонатал и 5×4колиеф, значи 7 пати треба да пијат од шише, а јас не стигам со време толку пати да се молзам и нема кога да ги дојам. Полудев, гради жешки, тешки, они бавно и малку цицаат затоа што првата недела немав ич млеко и се научија на шише и морам да им давам ад. Стварно не знам како да искоординирам, немам спиено со денови, мислам ќе ми падне некое од раце. Што да правам со молзењето, колку пати дневно е доволно за да не направам проблем? И дали може колиефот и бејбитол пробиотикот да се измешаат во исто шише млеко?
Капките растварај ги само во неколку мл млекце измолзено (не мора во цел оброк па да треба 7 пати да пијат од шише) дади им го со шприц пред доење, па да си продолжат со цицање. Јас така и давав, а го пробав и трикот со шприцот па во цуцлата од шише, и тоа функционира. Е сега тоа со близнаци како оди доењето немам искуство, но ако не се измолзува доволно често и не цицат од града најверојатно ќе снема млеко
Колиефот замени го со колипрев кој се дава директно, без да треба да отстои во млеко. И зашто и пробиотикот во шише млеко? И тој може да се дава директно со капнување во уста или од лажичка. Јас пред подои давав колипрев и ваја пробиотик, капнував во бебешка силиконска лажичка и му ставав во уста да голтне и веднаш потоа го ставав на града. Едно време комбинирав саб симплекс + колипрев за грчеви, и тој го давав од лажичка. Витамин Д давам во форма на спреј, му прскам директно во уста. Моето е полно доено и не знае за шише, а никогаш не сум имала проблем со капките. За почеток, купи колипрев и давај го него наместо колиеф за да не мора да го раствораш. Скапи се доста, ама на моето му помогнаа.
А зошто бејбитолот ги ставаш во млеко? Стави ги на лажичка и директ во уста. Колиеф измешај ги во лажичка млеко и така дај ги, не мора шише или смени ги за Колипрев, тие нема потреба да се мешаат со млеко, може на лажичка и во уста.
Колку што можеш подалеку од шише ако знаат да цицаат. Многу е тешко молзење па шише давање, доењето е преедноставно. Погоре ти пишале за лажичка, јас би ти рекла да даваш мешано во лажичката лек со млеко, можеш и како антибиотик што се дава во шприц. Само гледај да не ги одбиеш од цицка.