Ако имаш болни и тешки гради, после доење одма одмолзи и ставај во фрижидер тоа. Така ќе имаш за следно доење ако ти треба млеко за со капките, мада мој совет ти е да ги ставаш во уста директ, бебитолот јас така ги ставам, а ваја во лажичка и директ во уста, без млеко. Што ќе ти е шише ако цицаат. Ако не напредуваат ќе воведе и шише, ама ако цицаат давај цице и после одма молзи. Јас молзам рачно, после доење, сега веќе не давам шише ама го мрзнам за кашички или ако ми затреба некогаш, молзам само навечер и наутро по 100тина мл вадам колку да ми олеснат градите ем ем да имам 120мл да смрзнам зошто чашките ми се по 120. И не молзи до крај, ако молзиш со пумпа ќе прекинеш додека уште тече, измолзи ја количината потребна, тебе сега повеќе од 100мл за двете не ти треба и прекини, за да не направиш хиперлактација. Ако ти треба нешто за молзење слободно во инбокс пиши ми. Дефинитивно доење е полесно од молзење, но за бебиња кои од старт се закачуваат за цицка и цицаат шампионски, за вакви килави како моето само шише е спас, да знаеш колку испило. И двете ми се погодија такви килави, и на шишето се килави, со тегнење со влечење, малово на цицка па, да го гледаш и да го плачеш, си викаш ова цица ли нешто, ама очигледно цица штом убаво напредува, а каков старт има, си викам овој сеа ќе ја шмукне цицката до рамо, кога тој после 5 смукнувања се уморува и после си мези полецка.
Ви благодарам на сите, да не ве цитирам посебно. Толку сум уморна што не ни размислив за алтернативи, во болница ни кажаа во млекце и јас готово во млекце како крајно решение . Ќе пробам со шприц/лажичка капките и ќе намалам одмолзување, а ќе зголемам оброци на града. Дефинитивно не можам двете на ексклузивно доење, нема толку саати во денот за да висат на града и да знам дека двете јадат доволно, ама со наизменично комбинации може и ќе ми успее. Доброто засега е што не се бунат за никакво шише или града, што им ставиш во уста цицкаат.
Не можеш паралелно да доиш на перница? Не гледај саат, ти кажува фрикот по ред и дисциплина, ама жива оптеретена бев дури пратев саат, сега цица по желба и нема поубаво, мада и тој станува на 2 саата да цица, не на секои 15мин па раат сум. А капките зошто 7 пати, бебитол 1 дневно се пијат, пробиотик 1 до 2 пати, смени ги не мора баш тие да се па.
Морав да пазам првава недела и да форсирам ад затоа што немав млеко, а не испишаа со критична грамажа и жолтица и ми беше страв да не ми ги задржат на болница ако не качат до прва контрола и не им се исчисти жолтилото. Сега на преглед кажаа дека се ок, качиле, а и ми надоаѓа се повеќе млеко, па можам да олабавам ад. За тандем доење уште не сум спремна, многу се различни двајцава, небо и земја и бараат посебно внимание, едново има страшни грчеви и запек и цело време плаче и се стиска, се кара и со градата, ќе поцица 5 минути и ја стиска, гмече, другото е мирничко, цица 10 минути и заспива, па со сила го будам Пробувам да ги усогласам некако, ама многу тешко оди. За саат, морам да контролирам засега, сама сум, кај и да е и маж ми ќе тргне на работа и ништо нема да стигам друго да завршам. Инаку за капките, бебитол ни ги пишаа 2×7 на ден, колиеф 4,5 пати на ден и плус д3+омега и д3+к1, овие две капсули им ги стискам во уста, а сега ќе пробам тие капките со шприц и измолзено млекце да им давам. Ако не бива и ќе ги сменам, само да допијат овие, не жалам пари за нив, ама стварно се изгор скапи, плус дупло, само да им помагаат.
Доено бебе не се храни на саат. Кога сака. Ама мн е тешко со две.... Од шише правиш лоша услуга, ќе навикне на течење без да влече, оти шишето капе само, и после не сака да влече на цицка. Не се мутави децата. Е сеа... Ќе се мачиш додека се мали, ама кога ќе потпораснат ќе се среди се. Сега е најтешкото, издржи.
Бејбитолот се пробиотик и се даваат два пати, така и пишува во упатството. Колиеф (се даваат до 7 пати на ден, зависи како ќе препорача педијатар, ете неа и препорачале 4-5 пати) не се даваат директно во уста, не смее, мора да се активираат во млеко, затоа се комплицирани и и мене ми беше многу тешко тоа па затоа ги заменив со ColiPrev. Затоа ја сфаќам членката колку и е комплицирано. @Tess36 КолиПрев повеќе ќе ти се исплатат, околу 700денари се, исто како Колиеф ама се околу 15мл, а Колиеф се само 7мл, одма се трошат.
Јас тоа бебитол витаминските не ги земав, уствари ништо што ми дадоа препораки не земав зошто тоа е само бизнис. И моето е родено како прематурче, со мала килажа и слаб напредок, со мерки како за 36та недела иако се породив во 38ма. И ние бевме критични и се дохранувавме, знам како ти е верувај. Ти давај си шише, ако веќе даваш, ама ако имаш млеко давај твое, не мора да е АД, тоа ти викам. А за да имаш млеко мора да се молзиш после подој. Верувај ми знам како ти е, еве 1 недела сум сама и не знам кај да фатам, особено кога ќе си дојде баткото од школо, кога ќе ми рече мртов гладен сум ми иде да си пукнам, едното на цицка а големото чека, не е лесно ама тоа е. Мајки сме и ќе се прилагодуваме на нив, тоа е. Е сеа ми текна за кои Бебитол збори. Мене тие не ми се допаѓаа, како поише грчеви да имаше од нив, многу смрдеа јако. Ги сменив за Ваја и прекинаа грчевите мислам, полесно беше. Јас мислев за витаминските збори мајката, а тоа за пробиотикот збореле, Бејби бреин, си држи јакичко.
Како да комбинирам еспумисан Л капки и инфакол? Еспумисан давам после секој втор подој, инфакол педијатар ми рече да ги земам ама гледам ги нема во Мк?
За пробиотикот да, ама ми кажа и др, една, две кутии од овие да испијат бебитолов, па после да сменам со биогаја или ваја што ми одговара. Битно било сега на почеток овие демек биле подобри за прематурчиња родени со царски. За млекото денес цел ден им форсирам града и молзено, ад само еднаш кога снемав, се надевам ќе се навикнуваат повеќе да влечат. @Iris-1234 фала ти за колипревот, ми ги кажаа само колиефот и не знаев дека имало и други, во право си, повеќе ќе се исплатат и поедноставни се, штом ги потрошам ќе ги сменам. А ми кажаа и едни други покрај колиеф, Инфакалм, ама тие за секој случај да ги имам, ако не помагаат колиефот и од тие да давам. Ќе издржиме се секако, нека се живи и здрави, само не иде баш како што пишуваат во книга или како што претставуваат на курс. Ама тука сме, ќе си се жалиме и ќе помагаме.
Инфљкалмот ти се плус, грчеви кога ќе ги фатат, ако не се лажам и тие се на база на симетикон исто како Еспумисан, Саб симплекс итн. Колиефот и Колипревот се ензим лактаза кој помага побрзо да се свари млекцето во желудничето и да не се ствараат грчеви. Дај Боже да не ве фатат грчеви и да си поминете со лесно.
Devojki malata mi e 3 nedeli vo bolnica koga bev mi kazaa majka imas mleko stiskaj stavaj ja na grada ke nadojde mi bea malku oteceni no nikako ne dojde malku i od nekoj stresovi veke i gradite mi splasnaa mleko jok e sega probuvam so caevi da go povratam i povtorno gradi oteceno no mleko ni kapka da kapne kupiv pumpica za izmolzuvanje no nema nisto kazete nekoj sovet sto da pravam za da badojde mlekce pijam mnogu sokovi voda caevi no ete nesaka da kapne malata i nesaka da vlece koga ke osteni deka nema nisto poscnuva da place i nesaka da cica
Се извинувам, бидејќи спомнавте дека мрзнете млеко за во кашички, може ли да ми кажете колку време би го чувале замрзнатото млеко?
Со рака пробај стисни дали ќе тече? Истуширам се прво со потопла вода, и види дали ќе претече? Штом ти отекле гради има млеко, не се секирај
Мораш упорно да го ставаш на града, ништо нема да ти помогне толку како бебето. Тешко е, знам ама мораш. Ставај бебе на града и измолзувај за да стимулираш. Само трпение, ќе биде.
6м во фиоките од комбиниран фрижидер. Таман почетокот на дохрана да го фатиме да мешам со млеко за да ги прифати кашичките.
Чист ланолин барај, многу други додатни работи има во содржината кои не се потребни. И јас го имав купено и така ми остана. Поефтин с убав имаш од Леа а од поскапите од лансинох, недела.
Јас го користев тој на Фризидерм од Зегин, мене ми делуваше супер, единствено ми пречеше што ако го ставиш на отворена рана - јас имав ептен разранети брадавици, печеше и болеше првите неколку минути додека се абсорбира во кожата, го купив пошто никаде неможев да го најдам ланолинот на Медела и Лансинох. Исто земав од дм ланолин на бејби лав ама тој не ми помогна воопшто. На крај начекав во дм во поинт ретаил лансинох и го купив и тој се покажа како најдобар, дури подобар од пуреланот на медела, само цената му е малце превисока 979ден мислам дека беше.