@Thinkerbell. ако не најдеш земи го на Лансинох, органски е и исто не се одмива пред доење. Другарки се крстат во него, а еве и тука прочитав доста пофалби. Јас тој го земав, па здравје да влезам во девети и планирам да почнам да се мачкам на неколку денови.
Нема никаде, имаше уште неколку останато во Систина во аптеката и таму нема. Мене на Леа ме спаси, а е ефтино.
На што внимавате од храна? Не јадам грав, грашак, зелка, цитруси, газирано, приметив варени јајца и сметаат, макарони со хопла. Од една страна викаат треба манџи, а ретко кои смеат, компир манџа од течните само. Некако многу е лимитирано, повеќе и од бременост. А гледам дека има удел, после варени јајца бебето два дена не прекина од прдкање и грчеви. А да правам тестови, ќе и поминат дур поминам се од храна.
Здраво мамички, бебче пристигна вчера но беше под кислород и воопшто не е ставено на града. Па сакам да се утешам некако утре ќр ми ја носат дали ќе фати цице. А јас немам болка во градите така ја притискам и како водичка од едната. Нервоза ме фати, мисли...
Вие што измолзувате, кое шише го препорачувате за давање на мајчино млеко? Се мислам меѓу анти колик шишиња, ама сите се пластични. Сакам стаклено за подолго да ми трае, да ја менувам само цуцлата,
Имаш и стаклено антиколик, од сите скоро има, само суво злато се скапи, подобри да купиш пластично па да го менуваш. Само на молзено ќе биде?
Ако има грчеви ни антиколик не помага. Јас користам па малото има грчеви пазам да не внесува воздух ама џабе, две другарки од скоро исто едната томи другата др браун и пак се мачеа со грчеви. Ама секако ако веќе ново купуваш подобро такво одбери. Јас авент, нук и нип ги пробав, нип ми е најдобро. Планирам др браун да го порачам ама исто и ние ги минимизиравме дохраните и ептен за некои случаеви ни треба.
Биди упорна кога ќе ти ја донесат,ќе фати. Јас два дена бев во болница нит знаев како да дојам нит ми покажа некој. Го ставав на града но без успех. На третиот ден дома во по опуштена атмосфера му давав да цица, тогаш и ми надојде млеко.
Дури сте со грчеви земи си пластично, после ќе земеш стаклено. Мада не помагаат да ти кажам, од искуство.
Водичката е млеко. Менува боја цело време. Стискај додека да дојде бебе за доење, за да имаш цело време млеко.
Јас немав антиколик ама не пиеше постојано од цуцла, само повремено. Грчеви имаше 3 месеци. Ова изгледа е антиколик, убаво тече без да се прави вакум. Некогаш пие од чаша, некогаш со цефка, некогаш од онакви пластични шишиња за надвор со цефка, некогаш шише. Ова за секакви течности важи, чај вода. Не е навлечен на шише, ако ти е тоа прашањето. Ни млеко не пие редовно, не ни нудам секој ден.