Здраво дечки бебето ми е во инкубатор почнав да се молзам со пумпа на медела за да го задржам млекото сега не можам да го замрзнам зашто сум на антибиотик имам прашање после колку време од антибиотиков ќе може да го смрзнам млекото? И ако знаете каде може да најдам шишенце на медела за пумпата? Фала ви многу
Ако антибиотикот е компатибилен со доење можеш да замрзнеш. Шишиња од Медела за пумпа имаш по аптеките. Се продаваат само шишиња без цуцли. .
Шишенца за складирање на медела нарачав од веб продавницата kajmitra. Може да си докупиш и цуцли и да си ги користиш одма кога ќе треба, само менуваш капаче со цуцла. Само не знам дали одговараат на пумпата, ама би требало.
Јас купив шише со цуцла во Зегин за 1490 ден., дали има само шише не знам, ама јави се во која било аптека, ќе ти кажат.
Има само шишенца. Малите се продаваат по 3 во комплет, големите по 2. Мислам дека има и мали што се продаваат по 1, без цуцла само капаче.
Здраво, од каде можам да купам градник за доење? Ги гледав овие по babycentar и topolino ама не ми се дава 1500+ за градник, сакам нешто поефтино
Јас би ти советувала да дадеш 1500+... Купив од СараФешн и јас со цел да не дадам многу пари, абе партал се направи со 2-3 носења... 600денари го платив ама баш ко да ги фрлив парите, ѓубре.
Јас имам земено од women secret памучен без ништо и тие ги користам, преубави ми се, 2 ги имам за претерување. Пробав од овие за доење, тоа е жива нервоза за мене, кога ќе вресне иди откопчи, намести... а и ме скокоткаше и баталив. Инаку имаш ефтини а квалитетни во Порта Влае од внатрешна страна во продавничката за долен веш до Стружанка, ако си во близина.
Јас зедов од Сара фешн од NBB, околу 600 и нешто беа ако се сеќавам убаво. Еве веќе два месеци ги користам, супер се погодија.
Девојки од едната града додека ја дојам денес и вчера ќерка ми осеќам како пецкање како струја додека цица. Некој со слично искуство, што би можело да е? Прв пат ми се случува, а 7 месеци веќе има ќерка ми.
Те читав во повеќе теми. Смири се. Побарај помош од домашните и од сопругот. Кога си слободна пушти на јутуб медитации, пробај со техники на дишење. Мене многу ми помогнаa медитациите со Sara Reymond посебно пред легнување. Ако не стоиш убаво со англиски има и медитации само звук. Слушај ги со затворени очи и вежбај техники на дишење (најпознати се 4-7-8 или ‘кутија’ дишење box breathing-истражи ги). Кога е убаво времето шетајте на сонце сама или со бебче. Воведи и физичка активност (јога, аеробик, пилатес). Може да земаш Б6, магнезиум, чај од маточина или валеријана поретко. Можеш и капки мелатонин од аптека. Сега тебе ти е потребна помош, а и психичка поддршка. Маж ти нека спие до бебе и земај го само за доење па нека го презаспива тој. Ти МОРАШ да одмориш. Поинаку ќе е кога ќе си наспана и одморена. Ова ти го кажува некој на кој му беа препишани антидепресиви од доктор и бев на многу, многу темно место. Бебче направи 4 месеци не се напив ниту еден антидепресив. Можеш да го надминеш тоа! Верувај ќе помине, престани да мислиш на тоа и остави работите да течат по природен тек, опушти се и уживај. Кога ми беше претешко само една слика имав пред очи, бебче како ми се смее и тоа ми даваше сила. Мораш да си силна и за другото детенце, нив им е потребна здрава мајка. Ако треба оди и на психијатар не земај на своја рака ништо такво.
Ја смрзнав последната чашка млеко, веќе не молзам за мрзнење ами само по потреба ако искачам од дома и за капките после пладне. Имам смрзнато околу 5 литри млеко, цела фиока од фрижидер. Лактација воспоставена комплет, се надевам нема да се борам со мастити, со намалена количина и слично. Сега 2 месеци и нешто плус од почетокот кој беше трнлив, болен и напорен, можам да кажам дека уживам во доењето, во моментите и во таа можност да го утешам на толку едноставен а сепак уникатен начин. Иако мислев дека со молзењето со првиот син ми беше полесно, можам да кажам дека сепак доењето е полесно од денешна перспектива, особено ако не се срамиш да доиш во јавност, пред луѓе и така натаму. На денешен ден сакам да ви честитам на сите вас мајки празник, доите или не апсолутно неважно, зошто колку год да се бориме за рамноправност, постои една скала погоре од мажите која не прави појаки, а тоа е можноста да бидеме мајки, да вдахнеме живот во мали битија, да бидеме сила и храброст за нив. Честит празник жени!