Здраво, да прашам бидејќи детето цица може ли да чистам забен камен и да правам заб како иде тоа со одење на заболекар или нема врска?
Само што почнавме да цицаме, менуваме де со силиконска де без ништо пошто да се учи. Имам веќе грепки на брадавиците кои ме болат при допир со алишта и било што и цело време дигната мајцата дома. Кога ќе помине тоа чувство?
Јас за среќа немав рани на брадавиците. Земи си ланолин крема, мене оваа од Sensilis многу ми помогна, а од поскапите Melena ти е најдобра
Мораш ланолин, мене тек сега после 2ипол скоро месеци ме попушти малку и не мачкам често. Иначе болка беше до срце. Користам Леа, чист ланолин. Околу 300ден.
Ако не примаш анестезија, можеш. Ми кажаа 2 часа по анестезија дека не се дои. Јас дури по 2 години доење бев, за забен камен и еден заб пломба. Па следно е панорамска снимка и за тоа не сум сигурна дали е ок, ми рекоа на забар дека е ок.
Мене ми се покажа добра, подобра од Леа, од поскапите не ни имаше кога барав. Имав крвави рани, со 2 мачкања од оваа се смирија. Лесна текстура има, за тие пари е топ.
Бебе ми е една недела постојано сска да е на цице е сега колку цица, пумпата не ми вади воопшто,10тина капки и тоа е се. Страв ми е бебе да не е гладно што толку често сака или е малечко. Дали треба дохрана
Можеш и да чистиш забен камен и да поправаш и да вадиш заб и да снимаш заб или панорама. Напомени дека доиш да ти стават безадреналинска анестезија.
Слободно. Вчера два заба ми пломбираа, а минатата недела чистев забен камен. Дури и рентген да треба, не е опасно, чисто да знаеш.
НЕ! Пумпата не е репер за количина на мајчино млеко. Вчера имав разговор со консултант за доење, ќе ти пишам поопширно во приватна порака. Но, сега бебето нема сила за влечење, цица малку плус спие многу, имај тоа на ум. Ти пак измолзувај се, немаш штета, дури и да не вадиш ништо, ќе стимулираш дополнителна лактација.
Што е ова жежење на брадавиците? Нормално ли е? Ќе спобудалам или боли од цицање, кога не цица жежат, аман само болки од денот на пораѓање до сега. Месец дена цица, таман научив како треба да и е фатот, она ќе фати и пак си ја мести со јазикот во плиток фат. Цица само на почеток кога лесно и оди ( само ми тече по цел ден, по две улошки менувам обавезно) после се нервира и ја лигави и не е дојадена. Јасна ми рече да одмолзувам пред подој ама џабе чим треба да се помачи се нервира и се откажува. Нервите при крај, се надевам нема да се откажам, млеко имам за извоз секој ден замрзнувам ама стресно е болки недојадена е молзи, па од шише давај, стерилизирај иста мака ко ад да пие.
ќе помине, издржи, поминав низ истото. После 6тата недела мислам дека значително се олеснува и доењето и бебе е поголемко знае да фати убаво и има повеќе сила за влечење
Многу добро ја знам оваа фрустрација, ама издржавме додека не се научи убаво да фаќа и да прави вакум. Така што трпение, ќе се научи. За брадавиците што ти кажа да мачкаш?
Микс од три креми канестен, белогент и уште една не ми текнува на името а ја немам, а за оштетени брадавици Rilastil eau-замена за ланолин дур не поминат а после тоа да си мачкам стандард ланолин.
Точно , мене пред два дена ми снимаа заб , денес чистев забен камен , наредна недела треба да вадам заб со анестезија им кажав дека дојдам, ми рекоа нема проблем
Пред само месец дена истиот муабет го правев и јас, со тоа што кај мене не научи и не научи да дои со длабок фат, си дои со плиток и напредува супер како и да е, не влијае тоа на лактацијата, е сеа мене ме болат брадавиците ама мачкам ланолин и тоа е. Јас мачкав кога многу ме болеа на секој подој тенко а 2 до 3 пати на ден дебело баш и дури и на влошките ставав, сега 1 или 2 пати во денот ако намачкам малку и толку, не болат толку многу веќе. И мислам дека до крај ќе си мачкам, не гледам дека има некои изгледи да се среди тоа. Исто и со протекување, сеуште и на 2ипол месеци и воспоставена лактација јас уште по 2 влошки дневно менувам. Имам и јас доста млеко, молзев по 2 пати дневно до средата, сега демек само по потреба ама мислам дека се среди, нема потреба од молзење за олеснување. Е молзам малку за капките да му ги дадам, околу 30-40мл, ама нека завршат овие за грчеви и ќе ги давам другите на лажичка, тие се помалку.
Ovaa krema ubedlivo mnogu pobrzo deluvase kaj mene za razlika od drugite.Isto i kaj mene pocetokot na doenje bese mnoogu tezok proces za mene.Sedev placev i sakav da prestanam so doenje.Ke pomine samo trpenie i upornost.Maksimum do vtoriot mesec.
Читам дека треба многу течности да се пијат за да надојде млеко, дали е тоа вода и чај само или има конкретно нешто плус