Покрај наведените вода и чај, пиев и доста сок од јаболко и јогурт. Па и сега со воспоставена лактација, сеуште го практикувам тоа.
Вода, чај, сокови помалку, јогурт, млеко ако не му смета на бебето... Иако бозата ја викаат за млеко за ова за она, бозата ствара грчеви, башка дебелее опасно.
Фала ви на поддршката и советите. Сите ми го спомнувате вториот месец, така да тоа ќе ми е мотивација да гурам уште некој период. Очигледно и нема некоја магична опција и друг консултант за доење, не Јасна ми кажа стисни заби и издржи го првиот период. Ден за ден се надевам ќе помине и ќе дојдам до степен да ми е ок, не мора да уживам само да не ми е напорно кога ја гледам како си игра со брадавица, дохранување со шише и сл.
Вода, чај, сок од јаболко и јогурт. Млеко мене ми рекоа да избегнувам затоа што може да створи запек кај бебе.
Мамички здраво. Во понеделнник правиме една недела и од старт сме на адаптирано пошто немам млеко. Сакам да ве прашам дали по 30ml му се доволни на оброк ? Или да зголемам доза? Пробувам и со 60ml но некогаш ги јади ама повеќето пати го остава.
Мамички, дали тие што сте на доење давате водичка/чај на бебињата? Мојава протестира да цица више недела дена сме со лажење одвај одвај ќе фати у полу заспана состојба. Коа ја ставам на цице вришти ко да ја колам Само вечер си јаде нормално. Неможе да не е гладна. Некогаш и по 4 саати не сака да цица. Ми трубат дека и здосадило демек само млеко, да сум дала вода, чајче ... Јас не давав дека знам може да намали подој а и така слабо јаде. 3 месеци сме инаку. Ваше мислење или искуство?
Може е во скок, тогаш протестираат со цицањето, кај нас беше исто само ноќе и поспана цицаше убаво. Инаку скоро 5 месеци е не сум дала вода/чај
Еве го моето, седум месеци и веќе има цврста храна покрај доење и уште не сака вода, одвај пие и тоа со лажичка по некоја голтка, тоа што нема да го исплука. Додека беше само на доење не пиеше ништо друго, немаше ни потреба бидејќи вода си прима преку млекото, а за чај ми трубеа постарите за "да му ги исперел цревцата" . Нема потреба ни едно ни друго. https://pedijatar.mk/kolku-na-bebinata-im-e-potrebno-voda/
Да и јас така мислам. И мене ми трубат постарите за чај и вода Кој ги врти,не давам ништо . Сепак сакав да слушнам мислење. Инаку изгледа е во трет скок па за тоа ми протестира. Пред некој ден 4 саати не сакаше да цица... Не давам шише или АД. Имам доволно млеко,не сакам да се обие,се надевам ќе се врати у нормала за брзо.
Како нема, има, барај ја на инста Наташа од форум, како doenje_so_ljubov е пишана, мене одлични совети ми даде, има лекции и она, совети, супер е. Не ја знам Јасна, не сум и се јавила ниту следела нешто посебно, но вака од муабет мислам дека советите на Наташа се многу подобри. Ама дека нема да те болат градите, нема да биде така, ќе те болат и после вториот месец, од искуство ти кажувам, мене денес многу ме болат пошто и двата градника на перење ми се и не можам со оние со жица старите и сега ме кинат, кај од тежината без потпора, кај од што бебе цица цел ден често од што има мака од мојот антибиотик, мислам дека ќе ми се запалат колку ми се воспалени, за еден ден ме реши. Мачкам на секој подој ланолин и тоа е.
Топла препорака за Наташа, мајки. Ич да не се двоумите. Имам искуство и со Јасна, но мислам дека не е толку достапна за оваа работа, не успеав да воспоставам контакт кога имав проблем со лактација и затоа се обратив кај Наташа. Исто има профил и на фб Doenje so ljubov.
Двете ми се контактирани, прво се обратив кај Наташа за она да ме препрати кај Јасна. Совет ми даде само упорност и дека има начин да се среди се и дека Јасна ќе ми помогне. Ми помогна Јасна да, околу фатот воопшто немав замисла дека така треба да изгледа ама џабе ставам јас кога бебе си го прави пак плиток фатот и со јазикот ја турка. А болката во брадавица и распукана брадавица била од таа причина. Ми даде совет и за намалување на млекото зошто според неа имам премногу(пупмање пред доење за да не се дави бебе и да не и е така лесно, туку да се помачи и пумпање по подој и ставање ладни облоги или зелка). Освен тоа ми даде насоки за чување на млекото и кремите што ги спомнав. Грешка при толку млеко што сум давала ад (грешка од педијатар што ме насочи да давам зошто бебето изгубило 80гр, иако ми стисна брадавица и виде дека имам). И тоа е тоа, не ја контактирав повторно зошто мислам дека не може да ми помогне ако бебе само турка и се нервира што не и тече туку треба да влече и ако јас немам време да се молзам толку често зошто бебето ми е со грчеви и бара многу внимание седи во раце спие на гради, а поголемиот дел од денот сум сама помош само од маж имам после работа на два три саати. А Наташа само поддршка ми даде, совет не иако пристапив фино, објаснето со слики, а да..ми наброја причини ама и дека не е сигурна што е.
Па потешко е онлајн да даде совети од во живо, секако. А за да влече сама јас би ти препорачала да стискаш кога ќе почне да прекинува со цицање, прави притисок на градата. И не молзи пред тоа туку после доење, нека пркне она ако треба и од млеко само што и тече па после ќе добие сила и ќе влече сама и поише. Мене доктор ме посоветува 15мин една града, 15 друга, па шишенце или шприц мајчино или ад и така качи килажа и почна сам да цица повеќе и отфрливме шишенце така.
Јас мислам дека со толку молзење само ќе стимулираш создавање на повеќе млеко. Организмот создава млеко онолку колку што има побарувачка. Ако се молзиш и пред подој и после подој ќе создава повеќе од што имаш потреба. Мислам дека олку молзење треба дур да се воспостави лактација. Вака барем јас сфатив од инстаграм постовите на Наташа. Ама исто така дека е важно бебето да ја празни градата на подој пред да се понуди друга, затоа што празна града му дава знак на телото да создава млеко. Истово Наташа го имаше пишувано, ако гледаме дека детето не цица ефективно, односно ако имаме ненутритивно цицање или ако спие на града да се прават компресии за да му дојде млеко, после кога ќе си продолжи, престануваш. Инаку мене педијатарот ме советуваше 30 минути од града за да стигнело бебето до покалоричното млеко, а всушност сите бебиња не цицаат со иста брзина, со иста ефикасност, некои за 5 мин се готови некои ко моето за еден саат. И нема точно определена минута кога ќе почне да излегува задното млеко, имаше многу корисен пост на оваа тема ама не можам јас стручно да го објаснам. Се убив од гледање на почетокот да се обавезно 30 минути од една града, па 30 од друга, не сфаќајќи дека пола од времето не цица ефективно. Сега не гледам на саат го следам него и правам компресии кога ќе заспие или ќе почне неефективно да цица. Туку мене нешто ме мачи, има периоди од поручек цица и по некое време се трга, и само шо се тргнал отвара уста, јаде на ракава, плаче хистерично, го ставам на другата града, ќе поцица малку, па пак иста песна. И сега не знам дали е гладен, дали од што ја има излигавено му се лизга, му се спие или е најаден. Ако го земам да го прошетам и понишам се смирува и после некое време е весел, затоа се бунам. Исто овој период има поголеми прозорци на будност, многу тешко успевам да го заспијам. Ова во текот на ноќта и сабајлето не се случува, ама тогаш си јаде на поголеми растојанија и спие редовно. Сега ќе го применам советот од некој погоре, зошто од поручек почесто е на града, па да видиме.
Моето е 3 и пол месеци и истото го прави, во 4ти скок сме и веројатно поради тоа вака се однесува. Многу пријателки ми кажаа дека ова е еден од "симптомите" на 4ти скок и за жал, многу бебиња се одбиле од доење во овој период. Е сега, јас ноќно време давам цице и преку ден кога е успан успевам да му ја подметнам градата, во меѓувреме нудам АД. Се надевам дека ќе се среди кога ќе заврши скокот, а и да не се среди, тоа е, не можам со сила да го терам кога вришти баш ко да го колам
Пошо сме кај паскалов и двете, ме интересира дали уште се држиш до неговото правило 15 една 15 друга на мин 2 саати а не порано? Со второто знам слабо напредуваше на почетокот и со овој совет успешно се доевме година ипол. Е сега со ова третово се нервирам. Гледам да е на 2 часа ама некогаш ми бара порано, го ставам да цица па ќе заспие и з- пола саат пак е буден и плаче за цицање. И ќе видам не видам ќе му направам 90мл ад и ќе си ги испие сите и ќе заспие и ќе се успие убаво(некогаш и после ад знае да стане за еден саат).. си викам да не е гладен ама пак навечер немаме проблем, цица по 15 мин од двете и се буди на 3-3,5 саати.. планирам неделава да го носам и да видам колку качил за еден месец и да ми даде совет што да праам кога ми се буди за брзо Иначе полни 6 недели е
Од ова што читам, се сомневам сега дека и моево вака правеше поради скок при крајот на првиот месец, а почеток на 2-ри. Една педијатарка рече не била сигурна што е проблемот, друга рече немаш млеко, третата рече гледај само да даваш града пред секоја дохрана. НИТУ ЕДНА не рече да фатам да измолзувам почесто во текот на денот. Почнав со АД уште тогаш мислејќи дека немам доволно зашто сум измолзувала само 60мл. Бесна сум.
Количината на молзено нема врска со доењето. Ниту една пумпа не може да измолзе колку што бебе може да исцица.
Нееее, од месец ипол кога беше не се водиме веќе по ова. Јас правев вака, 15мин една града, 15 друга, ако видев дека забушава оставав и по 20мин, имав веќе молзено од претходно и спремно, ако заспиеше не го будев, го оставав да дремне знам ќе стане за пола саат и му го давав тогаш да го испие или ако беше буден давав одма. И вака на 2 часа. Ова ми беше најдобра работа што сум ја направила, за 2 недели намачи 600 грама. Кога виде Гого дела супер напредува ми рече сега нека цица како сака кога сака и колку сака, еве го за нецел месец качи кило и кусур, ко со цевче е дувано цело, не се додржува веќе, ама не бара цице на помалку од саат време, ако вика не давам одма, пробувам да го смирам и ако не успее тогаш давам цице, зошто и од многу цицање често ми стенка и се мачи.