Здраво мамички Би сакала совет доколку некој бил во слична ситуација или знае. Бебуш за некој ден полни два месеци. сака да јаде и никако не можам да го задоволам со цицкање па така со тек на времето сѐ повеќе оброци се ад а цицкањето е измеѓу оброците се трудам да имам млеко, и имам но не доволно за да биде бебуш среќен… многу сака да јаде, ама баш баш многу… проблемот е што и кога е најаден со ад и го ставам на цице, ќе се налапа набрзина (како што и прави секогаш) и почнува да вриска. Менувам града, истиот принцип, набрзина вицка и вриска. Пробав со пупмата после подојот да видам млеко дали има и нема… е сега дилемава ми е дали можеби беби, кога се намалува млекото, се нервира и не сака да цицка и да се мачи, а јас имам уште млеко. Дали е можно пумпата да не може да извлече уште млеко после подојот пошто читав дека пумпање не е исто што и цицкање Иначе беби пие 120 мл ад на секој оброк (3-4ч)и некогаш и тоа му е малце …а јас толку млеко немам. Многу сакам да го дојам и не знам што да направам за да имам повеќе (читај доволно) млеко за да го задоволам Се нервирам што цицкањево му е ужинка.. можеби јас имам некоја грешка во начинот на кој го дојам?
Како го доиш? Мислам на барање или на саат? Колку повеќе цица толку повеќе млеко ќе имаш, а ако цица колку ради реда а главно јадење му е ад, тогаш тој нема зошто да се мачи да цица кога научило дека ќе добие ад секако. Пробај да даваш само цице, ако треба и на секој саат, битно да не дадеш одма ад, чувај го тоа како бекап опција, осетиш дека немаш млеко и слично, колку почесто бебе цица толку повеќе ќе имаш млеко.
Пробав да го дојам па да му додадам ад, пробав со доење само, пробав ад па доење и испадна дека најсреќен и најубаво спие така. Кога само го дојам не успева да спие како треба. Кенчи, се витка, буди… значи не може да состави 1 саат спиење. Сака да биде сит, иначе е вознемирен и плачлив… Сака да биде фулиран од храна и да си соие. Кога викам фулиран мислам на секој саат по 120мл па и побеќе… Исто сака лесен оброк ( шише) иако сака да цицка, сака да цицка ама цицката да пушта млеко како водопад иначе си вришти на цице и се тегне. Значи на почеток коа има млеко цица 200 на саат и кога ќе снема како тој сака туку по помалку почнува да вриска… и како да правам?
Па може доста му е тоа што ќе го исцица, а кенка и мојот кога ќе се прејаде. 120мл на 1 час е премногу. Ќе му го прошириш желудникот, ад не е исто што и мајчини. Давај да цица колку сака кога сака, јас сега давам на саат-саатипол и таман му е, сит најаден, дремнува и станува. Ти си знаеш, ама ти вака не даваш шанса да цица он и да стимулира млеко. Сите сакаат лесен оброк ако ги научиш така, тој сфатил дека шишето пушта лесно и тоа е. Мислам види, не е лошо ад, нека пие, ама ти викаш дека сакаш да цица, а вака нема да цица и нема да стимулираш млеко.
грешка во пишување. Сакајќи да напишам дека на секој саат се буди или помалку од саат јас сум напишала дека на секој саат сака 120мл… 120мл на 4 ч отприлика. Кога така го хранам е смирен и не е вознемирен воопшто. Спие нормално а кога е буден не е нервозен и сака да си гуга, смее, си вежбаме убаво…кога цицка си е нервозен, сака храна да му се додаде за да биде сит тој како сака а не по малку како од цице
Sakam da prasam veke dojam tocno 4 meseci.Mozam da kazam deka posledniov mesec prilicno gradivme mi se sredija so golemina,prerhodno mi bea mnogu polni so mleko na pocetok i bolni.E sega pa me maci pomislata dali moze da mi se namaluva mlekoto ili nema vrska so goleminata i cvrstinata na gradite
Нема врска големината и цврстината на градите, почнува да ти се регулира производството спрема побарувачката од бебе. Не грижи се.
Дали некој користи перници за доенје од стружанка или бутик антиго да ми каже дали е задоволен? Или предложете перница за доенје?
Јас сум задоволна од нив, претходно ми ги имаат препорачано пријателки кои дојат, а баш сега и doenje_so_ljubov на инстаграм имаше споделено објава од monikazec дека и помогнала комбинација Лактил капсули плус Лактамикс чај за доење.
Јас користев од тие големите, како буквата П. Сега ја продавам. Ако сакаш пиши ми лп ќе ти пратам слика.
Да, после породување. Пиев и чај за доилки од аптека Стојанови, ама од овие капсули многу имав млеко.
Потковица ми треба. Ми треба совет, ти си тазе и те читав низ што помина дур фативте ред со цицање. А и сите други нека дадат памет, како изгубена сум. Бебе цицаше вечер на 2 часа. Потспиваше. Сабајле како стана 8 саати цицаше без престан. Штом извадам цице од уста пишти. Бев преморена, морав да одморам дадов дохрана 30+30 плус околу 30-35 молзено млеко во рок од 30 мин ја испи цела колчина. Не ли е премногу за 4 дневно бебе? Заспа труп, 3 часа не се разбуди. Молзам со пумпа едвај капка по капка искача, јадам овес, пијам чај за доилки од билна и хип и многу вода. Млеко доволно нема Дали нешто правам погрешно, што? Дали да продолжиме 24 часа на цице без дохрана или да давам дохрана 2 пати на ден?
Чекај, 4 дена откако си породена? 8ч на цице без престан не е во ред, се разбира, ама бебе не плаче само за цице, можеби сака само да биде држено во раце, утешено...
Ама не ни спие. Кога е најадено спие по 3 часа. Не ми е проблем ке го држам јас, ама да знам дека е најадено. Што ме советуваш?
Помагајте Мајки советувајте Детето ми е 1 година и 1 месец Јади скоро се се навикнува до 10 месеци не сакаше да јади ништо. Сега останав бремена и морам веднаш да го одбијам. Душата ме боли друго е полека да го одвикнуваш но докторката минрече дека е ризично за бременоста мора одма. Сепак кас си мислам преку денот воопшто да не му давам неколку дена ноќе да му давам во сонот и после да му го прекинам скрос.
Се чудам кога пишувате дека бебињата не спијат по повеќе од 2,3 часа, поради глад. Добро бе мајки, ова не е часовник да го навиеш и да ѕвони на одреден час. Човечко битие е! Пред само некој период дошло на свет, се запознава со звуци, светлина, болка, страв а нема друг начин да се искаже освен со плач. Не значи дека со самото раѓање спијат сите бебиња. Со Секоја негова промена, ќе бара цицка за да се смири. Постојат милион репери дали е гладно, ама спиењето не спаѓа тука.
Ако се однесува на мене.. спиењето го поврзувам со најадено дете во случајот. Кога нема грчеви и ред други работи. Значи секој си го знае детето, ова кога е најадено спие. Немам искуство со ексклузивно доење затоа и се обратив тука за совети од вас поискусните кои што сте го поминале овој пат. Како мајка не ми претставува воопшто проблем да седи на града 24/7, знам дека е минлив овој период. Пак ќе напоменам, впрочем како и на секоја мајка, најбитно ми е детето да е најадено. Иначе благодарам за советите.