Не ми одговори, бебето е старо 4 дена? Тоа бебе немало време сеуште да се навикне некако, тоа бебе сеуште не учи навики, тоа бебе тек излегло од најудобно место на светот и тоа бебе сега се навикнува на околината. Така да 8ч на града не е дека било гладно, му требало утеха, а едино може кај мака да ја добие зошто само твојот мирис и твојата топлина ја знае. Мој совет да доиш по 15мин од града и двете гради, да понудиш 30мл измолзено или ад, ако имаш измолзено топ, после дохраната измолзи за следен подој. Ако не спие до следен подој кој би требало да е на 2 часа макс, ќе дадеш на час, час иполовина, но никако бебе да е без престан на града. Од мое ептен тазе искуство, за 1 недела почна да напредува, за 2 недели "фативме ред", за 1м се префрливме на доење по барање, ама не пред 1 час од подој. На толку мало бебе му треба едно лажиче храна, не повеќе, замисли ти нон стоп да му налеваш храна, тоа ќе си има мака со стомачето, ти можеш да спиеш ако имаш преполн желудник? Најдобриот совет кој го добив од нашиот педијатар е да се поистоветам со бебе, со тоа што нели ќе ги прилагодам потребите. Пред да понудиш града на секои 15мин, размисли дали ти јадеш по еден кроасан на 15мин, ќе изедеш 1, уште еден, уште 2 и веќе на четвртиот ќе имаш мака со стомакот, ќе те боли, ќе се обидеш да легнеш да ти помине и ќе не можеш да заспиеш од нелагодност... Бебе не плаче само за храна, плаче и за утеха, дошло на свет пред само 4 дена (сега веќе повеќе) и сеуште не е свесно дека не е повеќе во стомакот а куп вибрации стигаат до него, стимулации на кои во стомак не бил навикнат. Не велам да ствараш ред на бебе, не може тоа дефинитивно, ама пробај прво да диктираш ти темпо на хранење за да почне да качува тежина, да напредува, за после да уживате. Мене на недела дена ми дојде патронажната и муабетот беше по саат време да чувам на града и да менувам града по подој, бебе не само што не напредуваше туку и падна на килажа а цело време беше на града, откако почнав со редот што го пишав погоре ем напредна, ем почна да си спие поубаво, ем грчевите се локализираа на неколку часа во денот, а претходно нон стоп се грчеше. Со првото немав искуство со доење и искрено полесно ми беше, на 3ч дај го шишето и ајт, ама сега гледам дека ова е полесно, откако дојдов до моментот да се ужива во доење.
Ангел пред да ја советуваш да дои по 15мин од града сети се дека и твоето со саати висеше на града во почеток, а и моето исто. Нормално е, се работи за cluster feeding, премало е бебебто, ќе помине.
Моето на почетокот заспиваше на града, ќе повлече неколку пати и после како цуцла си ја цицаше за утеха.. не знам дали објаснив убаво, ама пробај да го држиш будно, расоблечи го малку (може и кожа на кожа) биди упорна и јас имав многу спротиставени совети, некои викаа по 15 мин на града, некои да го дојам на барање.. со тек на време ќе се усоврши бебе во цицање и ќе стане многу побрзо, само гледај да е будно и прати го дали голта млекце или дремнува на цице. И секако прати дали има мокри пелени. Среќно! А заборавив да пишам, се осеќав и јас несигурно дали цица ефикасно бебе и давав кога многу плачеше или 30 мл молзено или дохрана, ама не се одвикна од цицање и сега е супер и прелесно.. користев Филипс авент натурал шишенце.. секако пред да дадеш дохрана прво гледај да цица будно активно едно пола саат до 40 мин
Затоа ја советувам, затоа што пројдов низ тоа и не даде резултат туку напротив. И јас мислев, па нормално е, ете cluster feeding, ама излезе дека тоа не помага, за 10 дена само 60гр качи, па по советот кој го пренесов и јас успеавме да излеземе на прав пат. Тврдам дека бебе неограничено на цицка не е во ред, едно за грчеви, друго за напредокот.
@Nala37 Напротив, не беше воопшто на тебе наменет постот, и извини ако се пронајде. Пишав општо за сите мајки, ама најдобронамерно. Еве две ми се дома. Едното до 3 месеци очи не отвораше од спиење, еве го сега флегмач е невиден, може цел ден да лежи и ништо да не прави. Другово првиот месец ден ноќ висеше на града, само така спиеше. Сега ќе прави годинка, место не го држи, цела куќа ја пролазува. Почна да спие дење од пред 2-3 месеци и тоа да биде строгп тивко, јас до него. Сакав да кажам дека некогаш е и до карактерот на детето.
Утре сум на царски закажан, дали треба да очекувам одма да надојде млеко или? Немам никаква болка во гради, само што се големи нели цела бременост. Да побарам пумпа кога ќе се породам или веднаш се става бебе на града?
Ако е можно, најдобро е бебето да е нон стоп со тебе, што помалку во соба за бебиња. Доење што побрзо после породување, ако не е тоа можно, рачна стимулација, и тоа веднаш во првиот час по породување. Почесто доење, и ако има потреба од ад-почесто дохранување по помалку. Како и да е, најважно е што и да се случува, ти да ги стимулираш градите на редовни интервали. Пумпа може нема да ти дадат, но, за колострум најефективен начин е рачната стимулација. Пробај да спиеш, одморена да си за утре. Со лесно на породување, Господ да ве чува и тебе и бебе. @AngelOfArh Града се менува на барање на бебето. Се нуди една града, бебето цица, почнува да се буни, се прават компресии, и кога после компресии ќе каже дека му е доста, тогаш се нуди другата града. Правило колку гради од подој нема, единствено правило е да се остави на бебето да каже самото. Само така се осигурува успешно доење. Не може временски да го мериш подојот, бидејќи секој доенечки пар е посебен. Некои гради имаат поголем, некои помал број на млечни канали, пошироки, потесни, затнат, фатот на бебињата, некои бебиња имаат повеќе сила за цицање, некои не.. Еден подој на новороденче трае колку што новороденчето сака да трае. Значи просек е од 5 до 45 и нешто повеќе минути. Ама сето тоа е индивидуално. Поважно е да се гледа ефективноста на подојот, а не времето поминато на града.
Епа ете и јас и уште некои мајки овде споделија чинам, може сум грешка може да читав во групите на фб, дека толку мали бебиња аир од 45мин цицање немаат. Фала богу почнав по редот кој го опишав па ми напредна бебето, додека се молевме по саат време на цицка не напредуваше. Факт дека нема два исти случаи, ама факт и дека бебе аир од 8 саати на цицка нема, а ни мајката. А стимулација на гради после 1 час од породување е научна фантастика, не познавам жена која после 1 час станала прво од бокс, а камоли да стимулира, а ако си па царски, по 1 час уште не знаеш кај си а камоли да стимулираш. Овие совети се топ, ама не важат кај сите, важат кај мајки кои родиле евентуално со епидурална, одморени се, не се истоштени, имаат услови пред се, а кај нас тоа малку потешко. Јас сум секогаш за доење, ама не за доење кое ќе ствара фрустрации и негативни емоции, доење кое ќе ја истроши мајката и на крај ќе се откаже.
Бебе му давам со силиконските на чико но многу ми влече и имаат широк отвор и бебе постојано ми се закашлува. Доењето ми стана кошмар се тресам плачам од страв. Дали има врска силиконската да ја менувам која би ми ја препорачале
Да, просечно цицање на новороденче е од 5-45 минути. Можеби кај твоето немало, кај некое друго ќе има ефективно цицање за 45 минути. Не знам зошто е научна фантастика доење веднаш после породување, јас само што се породив, уште не беше пресечена папочната врвца кога бебето ми го ставија на града. Еве ај јас на приватно се породив, ама памтам @Nefertiti. на државно се пораѓаш и исто ѝ ставија веднаш бебе на гради.
Да, и мене ми рекоа дека новороденче нема шанси брзо да се нацица затоа што брзо се заморува. Ми рекоа дека треба да го оставам неколку секунди па да продолжинсо цицање додека не ја исцица градата убаво за да стигне до млекото кое е полно со протеини и масти т.е она млеко кое задоволува глад, бидејќи предното млеко задоволува само жед.
@Iris-1234 ти знам имаше медела свинг пумпа и рече задоволна си од неа. Може те молам да ми кажеш што доаѓаше со пумпата? Никаде не пишува точно а по сликите што гледам доаѓа шишенце ама без цуцла. Каква цуцла би одговарала на тоа шишенце од медела? И прашање за авент пумпата, единечна, електрична, дали некоја ја има и како е задоволна? Се мислам меѓу авент и медела, а авент имаат убава акција во нептун цел комплет пумпа, цуцла, шишенце, чашки и влошки за брадавици.
Женски, јас си осеќам како да ми се намали капацитетот. Бебето има скоро три месеци и почна да спие навечер подолго време, а мене како да ми се подиспразнија. Е сега, на почетокот кога ќе почне да цица кога е пополна градата е супер, туку после почнува да ме тегне и ме боли. Ќе ја ставам на другата града исто. Ќе ја вратам на претходната трпам болки некогаш едвај издржувам. Дури и брадавицата ми спласнува. Имате ли вие вакво искуство? Не знам како да си помогнам.
Мила немам Свинг, мојата е Медела Мини електрик (постара верзија на пумпа и нејзина замена е Свингот), јас ја позајмив бидејќи на моја блиска и беше неискористена па да не купувам. Инаку доаѓа шише но без цуцла. Мислам дека медела калма цуцлата би била идеална за новороденче. Моја другарка го дохранува бебето со калмата и многу е задоволна. Од пумпата многу сум задоволна, прво ја пуштав на најслаба брзина додека да ми навикнат брадавиците па постепено зголемував и немав проблем со распукување на брадавиците. Ги нарачав преку paket.mk а тие ги земаа од Betty аптеките.
Мамички да не ве цитирам сите посебно, фала ви на сите за несебичното споделување на искуства, совети и имформации. Јас сваќам дека бебето си е такво, за сега сака да е на града цело време без разлика најадено или не. Почнав со дохрана по малку, не можам по секоја цена да го оставам гладно. Иако ќе ја испие пак плаче вришти, штом го ставам на града престанува. И да блуцне од прејаденост пак си бара града . Стимулирам млеко, што со цицање, што со молзење со пумпа, исхрана, чаеви и др. Нека биде како треба да биде, јас давам се од себе за да бидеме на доење. Битно детето да е најадено и да напреднува. @Снегулк@23 со лесно мајка. Млеко кај некој доага веднаш иако поретко со царски, кај некој е нормално и до 15 дена. Тоа ми беше кажано од доктори после пораѓај. Јас колострум имав уште првиот ден, но еве немам доволно млеко за сега. Не мисли сега на тоа, опушти се и уживај