1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Мајки, ве молам за совет. Породена сум пред недела дена, бебчо нема убаво фатено града, поради мали брадавици, па веројатно и поради тоа сеуште нема надојдено млеко. Кога ќе го ставам на града се фрустрира што не може да фати и плаче неутешно. Пробувам и со силиконски брадавици, но поради тоа што не му тече убаво млеко, не влече и заспива. Пумпам на секои 3 саати но не вадам повеќе од 20ml вкупно. Сега сме на ад. Дали некоја била во слична ситуација, како да стимулирам да има повеќе млекце или да го мотивирам да почне да цица?
     
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Мама ако си во можност, побарај лактациски консултант или патронажна сестра, обучен педијатар, да ти ги види градите, да види дали добро го позиционираш бебето и каков му е фатот. Ѕирни видеа за длабок фат.
    Количината на измолзено млеко не е релевантен показател оти ниедна пумпа не може да извлечи млеко колку бебе.
    Стимулација пробај со чај за доилки, капсули, храна што стимулира создавање на млеко, измолзување, читни за power pump, меѓутоа ништо не стимулира како бебе. Пробај да си смирена. Ти посакувам успех.
     
    На LiquidLuna и DaisyD им се допаѓа ова.
  3. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Ја закажав Јасна за во сабота, ќе видиме што ќе каже. Проблемот е што многу тешко фаќа без силиконски брадавици, и да успее да фати пушта после две три влечења или почнува да плаче. Пробав и малку на сила, и стимулација со шприц не успева никако па затоа земав силиконски ама со нив па заспива. Power pumping почнав од вчера, до сега нема некој резултат ама ќе терам и понатаму. Хормоните ми се пуштени на најјако па на смени си плачеме со бебе...:(
     
    На Romantic и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е тешко, бебе што плачи, хормони до небо, се надевам немаш коментари од страна туку поддршка.
    Пробај пред доење со пумпа да ги извлечеш брадавиците или во текот на цицањето со силиконска да ја извадиш и да продолжи без неа. Малечко е уште, нема сила да цица, се уморува и заспива. Преку шише му е полесно, побрзо течи млеко низ цуцлата. Кога му даваш од шише, пробај со paced bottle feeding техника.
     
    На DaisyD, Freckles. и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  5. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски

    Исто ко ја да сум пишала.
    Уште прв ден сум со силиконски, мали брадавици првите неколку пати беше тешко после ја фаќаше убаво.
    Немав одма млеко стимулирав со пумпа, чаеви пиев и многу течности.
    Плачеше он и ја со него заедно у тандем:D Сега е смешно ама тогаш не ми беше до смеење.
    Заспива дека нема толку сила, рано е уште. Само трпение.. ништо друго у тие ситуации.
    *Уште сме со силиконски, 2ипол месеца.
     
    На DaisyD и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    И јас имав вовлечени брадавици, многу мака видовме на почеток. Нормално е малце млеко да вадиш со пумпа, ептен тазе си породена, треба време. Мој совет ти е да пумпаш редовно, да ставаш бебе редовно на града иако не може многу да цица ама барем ќе стимулира и за да не се нервираш давај малце АД за да не плаче и да не е гладно. Треба време и многу нерви ама сè ова што го кажуваш е нормално и речиси сите врвиме низ овој процес. Околу месец и пол илид ва ми требаа да се стабилизираме со доењето. Ќе биде во ред, не се стресирај:hug:
     
    На DaisyD и IRBBB им се допаѓа ова.
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.120
    Допаѓања:
    4.424
    Пол:
    Женски
    На почетокот градите треба да се тврди или меки?
     
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ми беа меки додека ми надојде млеко, после камен.
    Се породи?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Ептен на почеток се меки ама мене брзо ми се стврднаа па после камен ми беа:D
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    107.797
    Пол:
    Женски
    Кога престана спонтано да ви тече млеко од градите? Место да намалува мене ми се зголемува течењето, 2 пати на ден менувам влошки и трет пат пред спиење, до сабајле се утоп мокри. Не сакам да молзам за да не направам хиперлактација, а и доста ми се 5л млеко во замрзнувач, не ми треба повеќе. Едната града од која мислев дека имам помалку млеко а уствари имам помалку отворени канали таму, ми се стврднува ептен навечер, пошто спие од 9 до 3 и кога ќе стане е камен јака, дури издеформирана. Што убаво си јадев овес наутро, не можам многу млеко ми праи, ќе се вратам на кајгана, мачканици. Бепче има 2ипол месеци, ваљда рано е уште да се стабилизира.
     
  11. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    На 2м. кај мене се стабилизира.
     
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Мене после 7-8 месеци. Жива катастрофа. :|
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    107.797
    Пол:
    Женски
    Ваљда тоа е поради тоа што имам стварно многу млеко, да молзам ќе имам да складирам за уште 1 бебе ако не и 2.
     
    На IRBBB и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  14. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.596
    Пол:
    Женски
    Има ли шанси откако ќе се намали лачењето на млекото на скоро ич повторно да се врати со power puming , чај или нешто друго.
     
  15. Cvetceto20

    Cvetceto20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Како да и го давам на бебче млекото од фрижидер. Само под топла вода кесичката да ја ставам?
     
  16. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Нека е жив и здрав бебушљакот.
    Прво, измолзено млеко не е репер дали и колки има млеко во градата. Правило е дека нема пумпа што ќе извлече колку бебето што може. Сигурно имаш млеко, но секако внесувај течности повеќе меѓу кои и чај за доилки.
    Прочитав дека си ја викнала Јасна, верувам дека ќе ти помогне да се извлечат брадавиците и бебо да почне да влече.
    Силиконските се меч со две острици. Ако ти се навикне од нив, после може нема да сака без нив - ова и е проблем на моја другарка тазе породена во систина кајшто одма и понудиле или во некој пакет како подарок имало и силиконски и од старт, не знам зошто, ги ставала и брадавиците, и сега бебево не сака воопшто без брадавици да влече.
    Но, има надеж, ќе се среди, без гајле.
     
    На DaisyD и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Јас сипувам одредена количина во шишенце и шишенцето го ставам во чаша со топла вода да се стопли.
     
    На IRBBB и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    107.797
    Пол:
    Женски
    Ако го затоплиш во чаша со топла вода мора да го испие за макс 4ч, а преку ноќ во фрижидер полека ако се одмрзне може да стои 24ч. Јас вадев од вечерта и дента го давав на 2 пати.
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Јас морав да одмолзувам за да не направам мастит, премногу ми се стврднуваа градите и грутки ми се правеа.
    И ако за нешто ми е жал тоа е што цело замрзнато млеко го фрлив оти не можев да го искористам, син ми цуцла никаква не прифати.
     
    На Romantic му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Леле :(((((((
    Јас не можам да си простам што морав да фрлам колострум зашто не сум ја затворила убаво кесичката и влегол воздух внатре а дел од млекото истекло малку надвор.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.