Со Лактил таблети. Моето бебенве во 4скок е и одбиваше да цица и млекото многу ми се намали. Лактил таблетите ми ја зголемија лактацијата многу. Пробај ги.
Некогаш и после година дена се дешаваше, ама бев со прслук и не се гледаше. Телото само ќе прекине да произведува кога спие бебето, а засега за да не фатиш мастит одмолзи минимално, ко еднаш два пати да прсне млеко. Еднаш на работа демек да одмолзам да ми олесне, цело огледало го испрскав Јас бев музара, за три деца имав млеко, ама после телото само научи кога и колку да има. Колку повеќе доиш толку повеќе има млеко. АКо молзиш, уште повеќе се произведува.
Фала ќе пробам. До сега бебињата не цицаа, сега гледам девојчето почна да влече па може и она ќе помогне да се врати.
Јас со првото кренав паника, полн фрижидер 3 фиоки млеко а снема струја 2ипол дена немавме, почнав да шизам. Среќа не се одмрзна. Тогаш да набавам количина од ДМ влошки, пошто другите скапи ми се, овие од ДМ се поефтини бар.
Тие од ДМ се жива катастрофа и многу пропуштаат и автоматски многу повеќе трошиш. Земи си Тото, поскапи се ама вредат, далеку поквалитетни се од тие на ДМ.
Па не баш, ги користам и тие и тие, исто ми впиваат. Најлоши се дефинитивно на Бејби нова а најскапи. Тото не дека не се убави, ама јас не носам градник со потпунки туку памучен обичен и ми се познаваат многу. Постои на Медела еден систем за релактација, така се вика, ама можеш и сама да си го направиш. Ќе си купиш од аптека беби систем за инфузија и голем шприц, ќе ставиш ад или молзено мајчино во шприцот и ќе го врзеш за системчето, ќе го сецнеш цревото пред делот за во канила и ќе го залепиш на града така да врвот на цревцето е веднаш до брадавицата. За ова најубаво некој да ти помогне но можеш и сама, како влече за да не се нервира дека нема млеко ќе пушташ малку по малку од шприцот и така ем ќе добива млеко, нема да голта воздух ем ќе цица и ќе стимулира лактација. Провери на нет има и со видеа објаснето, пиши Систем за релаксација Медела и барај видеа. Јас и имав помагано на другарка и успеа. После доење ќе ставиш во шприцот врела вода да ги испереш и да можеш да користиш бар неколку пати еден сет.
Не знам, мене ич не ми беа погодени тие од ДМ, ни 3 саати не ми издржуваа ама штом ти се погодени супер.
Не знам дали е за тука прашањето ама бидејќи е поврзано со доење ќе си прашам Дали користите фактор за лице со хемиски филтри за време на доење? Или исклучиво со физички или минерални? Сакам да земам да го сменам факторот ама не сум сигурна дали е безбедно даземам со хемиски филтри... Конкретно кремата на Cosrx со алое е со физички ама и хемиски филтри, на интернет пишува дека е безбеда при доење ама сакав да слушнам искуства.
Јас мислам дека малку се претерува со тоа пазење на секој детал, на секоја состојка секаде. Мајка ми на времето дека пазела на хемиски и физички филтер, се знаело сите мачкале Блек Ап. Јас прва најмногу ја мразам оваа споредба со На времето, ама стварно претерано се внимава на секоја ситница во денешно време. Јас еве искрено ќе ти кажам со ова сега, дека е ептен светло, дури портокалов е во косата, се разбуричкав и наидов за прв пат во мојот живот на хемиски и физички филтри, појма сум немала, за баткото исто светол тен користев Бејби лав од ДМ и ниту еднаш ми нема изгорено ниту пак нешто проблем со кожата, ама пак за нијанса е потемен, а овој дури проѕирен, ај викам да се потрудам малку и останав со подзината уста колку имало непознати работи за мене во ова. И пошто појма немам ќе барам од сестра ми да му најде, она е по хемии шљакање.
Јас прашував за мене, а не за него, секако до 6 месеци не се препорачува фактот врз бебе. Лично за мене прашував бидејќи пишува дека хемиските филтри се впиваат во кожата и се екстрахираат во млекото. Знам дека се претерува, се сложувам со тебе ама кога ќе прочиташ нешто после не ти е сеедно, па сакаш да истражиш малку или па јас сум таква, не знам...
Јас во бременоста многу читав за ова и се препорачуваа минерални филтри затоа што остануваат на површината на кожата, наспроти хемиските. Само јас многу тешко најдов овде спф со минерални филтри. Таков користам и за време на доење, а планирам и за бебето од ко ќе направи 6 месеци. Точно е дека на се обраќаме премногу внимание, ама она на кое можам да влијаам ќе внимавам, на работите на кои не можам да влијаам, здравје. Точно е дека нашите мајки воопшто не обраќале внимание на овие работи ама тогаш нит воздухот бил толку загаден, нит внесувале толку процесирана исхрана, нит биле изложени на толку зрачење. Муабетот ми е никој не знае какви гени има наследено, а често средински фактор може да е тригер за нешто, затоа колку можам и на што можам влијаам. Олку ко моево не е во ред во секој случај ама overthinker сум, не можам да се контролирам некогаш. Барај спф што содржи zinc oxide и titanium dioxide.
Иста сум Макар што пребарував баш за одреден производ кој има мешани физички и хемиски филтри и пишуваше дека е апсолутно безбеден при доење. Секако, ќе размислам и ќе истражам уште пред да купам
Мамички дали бебе ви се засркнува од града, јас сум со силиконски и постојано во трауми сум. Што може да се деси
И кај нас беше така на почетокот кога надојде млеко. И јас се плашев многу ама не било страшно со тек на време поминува. Само смирено и кога ќе се засркне сврти го со раката твоја на стомак и полека тапкај го по грпчето. Знам дека е стресно но поминува, важно не се секирај не може ништо страшно да се случи
Ма те разбирам, не ме сфаќај погрешно, стварно не мислам лошо, ама веќе главава тапан ми е ваква онаква крема, вакви состојки, безбедно, небезбедно... ете и не знаев дека пред 6м не се мачка а ќе купував деновиве дека акаме по цели денови ние. Партал ми е главата од информации.
Воопшто не те сфатив погрешно И јас се осеќам како тебе и ниту јас не знаев дека пред 6 месеци не се мачка фактор ама читајќи искуства на форумот открив
До 6 месеци можи овој https://logona.mk/product/eco-za-sonce-bebe-deca-spf45/ Пробај да одмолзуваш малку пред подој, веројатно од силен млаз се засркнува. Инаку вртење на страна и тапкање по грбче.