Овој го користев за големото ама има една мана, многу бргу се умирисува, ко на зејтин застојан, ако не го потрошиш за 1м фрли го.
Кај мене изгледа пак мастит се јавува. Истата дојка ме боли, само на друго место. Осеќам како да качувам температура. Малаксана сум. Знам може да се повтори. Ќе почекам до утре, ако не правец пак на лекар.
Како се справувате со тешки гради на почетокот првите денови, нагло ми дојде млеко, ми е страв проблем да не ми се направи
Прави масажа под туш со топла вода за да се отворат каналите, масирај и одмолзувај. Зависи, кај секого различно, во просек до кај 2-3 месеци би требало да се среди. Одмолзувај се како што те советувале погоре и можеш листови од толчена зелка да ставаш да ти ја тргаат топлината.
Ај и овде да прашам, бебе цица, на саат до саатипол, навечер од прв ден што се вика спие по минимум 6ч прво спиење а еве денес врза од 9 до 5 сабајле, презаспа до 8, супер спие, се трудам прозори на будност да следам, ама најчесто преку едно цицање останува буден по 1 час, а ако сме надвор скока цицање и спие по 3ч ко ништо. На цицање некогаш, особено преку ден кога е престимулиран од гласови и светло, знае после 10тина мин цицање да се тргне и да ќенка, па пак да се врати и така во круг, тргни застани, додека не се изнервира. Ќе го тргнам ќе го исправам, ќе ждригне, некогаш продолжува некогаш не, дали значи ова дека е најаден или? Стрес ова цицањево у пм, многу цица долго, многу кратко, цица ли, најаден ли е, да не е гладен, да не не напредува... Инаку често знае да бљуцне, да му се врати, не да поврати, ама бар еднаш во денот му се враќа млекце, ждригнува убаво, и по 2 пати некогаш, околу мене повозрасните викаат чим ждригнува најаден е, е од кај да знам дека е така. И убаво напредува, килце месечно, буценце си е, дури и понапреден од брат му.
@IRBBB сакав да ти пишам приватна порака, би сакала да те прашам неколку работи на тема доење и на тема BLW, дали можеш да ми пишеш ти во лп пошто ти е заклучена таа опција? Фала ти! ПС. Честитки од срце за втората бременост! П.П.С. не сум ти пишала до сега, ама твоето синче ми е најубавото бебе/тодлерче што го имам видено на форумов, пре, пре, преубаво детенце е.
Истото и на мене ми се случуваше пред некој ден, сега се врати пак како што беше претходно. И исто кога почна да врзува подолг сон. Јас си препишав дека беше некој growth spurt. Види и ти дали ќе помине за некој ден.