Бебе цело време на града, активно да цица. Чај на хипп, овесни снегулки, јогурт, разновидна храна, одмор...
На ова јас плус и јатки јадев многу посебно бадеми. Иако ништо од ова магично нема да помогне ако бебе не цица. Затоа бебе што почесто на града. И ако можеш пробај power pumping да применуваш.
Овесни снегулки со грчки јогурт, јадам и следните 2 дена молзам по 150мл од града. И поради тоа избегавам да ги јадам а многу ми одговараат, ама ми е страв од мастит. И се разбира, доење, како едно доено дете и едно на пумпа, можам да кажам дека со ова доеното имам 3 пати повеќе млеко од првото кога пумпав.
Јас го дојам детево еве веќе два месеци и кусур, во просек си напреднува по 30 грама дневно, значи млеко имам, не напреднува од воздух, ама во последно ме стигнаа коментарите од околината дека детето ми е гладно па си реков ајде да пробам и со ова.
Коментарите од околината да ги игнорираш максимално. Ќе кажеш бебето има педијатар што го следи и тој вели дека бебето супер напредува и не е гладно.
Ама ти што се замараш со другите, гледаш мене ми се пуштија зошто не дојам навечер, знаеш колку ме погоди, ич. Ако напредува не знам зошто се замараш.
Блискиве место за поддршка да ти се најдат тие удираат со критики во најранлив период. Тежината ми е слаба точка и се околу тоа ме допира многу. И на матичната и фалат некои си 100 гр за да влезе во просек, не дека не може повеќе ама па мислам дека и 30 грама не е лошо. Многу сум несигурна дека во одредени периоди од денот пушта града и плаче, го ставам на друга цица и по некое време пак исто. Кога ќе му дадам од шише 30 мл некогаш го пие, некогаш го плука млекото, некогаш ми повраќа и тоа по 2-3 пати. Некогаш ми прави вака и пак бљуцка. И не знам шо да праам. Ќе ја прашам сега матичната за рефлукс кога ќе одиме на контрола.
Бебе е 7++, и 12кг. Решив ноќни подои да кратам. Да цица еднаш во тек на ноќ. Со оглед на тоа дека ноќните подои регулираат лактација ќе ми се намали ли млекото?
Не, ќе се регулира, само не знам како ќе скратиш ако бара бебето да дои. Мојата не дои ноќе од 2 и пол месеци, ја преспива ноќта, а млеко имам исто. Прво ми се преполнуваа градите и ми беа со грутки насабајле, сега се нормални, не се прави млеко ноќе.
Кога се буди татко му го нишка и заспива и така скокам едно доење. Знаеше и по 3-4 пати да се разбуди да цица, вака 1-2 пати ќе му давам. Среќа и во должина има многу ставено иначе баш топче ќе беше, ама како и да е 12кг се многу.
И мојата е над 10 кг. Ама да знаеш дека можно е и да стагнира некој период во килажа сега ко ќе е поактивен, големиот така од 8 месеци до година и нешто беше 12 кг, почнуваат да се активни повеќе, помалку се става.
Ај утеши ме, баш лошо се осеќам. Го дојам кога бара само а тоа е пред спиење. Кога е буден е на подлога, во релаксатор вода се прави од што прета со нозете и ги става накај уста ама ете се обвинувам за килажата. Се надевам ќе стагнира малку и во должина ќе иде.
Да, да не се секирај ќе се стабилизира килажата. Мојот дури и слаб беше после ко почна да оди, само трчаше. Еве и ова така расте од почеток е со поголема килажа, ама и давам кога сака дури и после кашичка одма бара да цица.
Машала буцо. Ке се регулира. Точно е дека е доста крупно, тоа е килажа за година, па и за тогаш ги сметаат дека се крупни со 12 кг. Ама многу многу деца кога ке проодат стагнираат со килажа и одат во висина само. Неколку буциња што знам сега се манекени и манекенки.
@kristina.k @MilaSs12 фала ви мајки, ме смиривте. Баш почнав да се нервирам и да го следам секој негој оброк и активност...