Кај доено бебе не можеш да ставаш рестрикции и диети. Плус ако јаде храна за негова возраст, што подразбира да не даваш лино готови каши со шеќер, пудинг, животинско царство итн. Ако си јаде овошје зеленчук според месеци и си цица немај гајле. Проблем ке е ако на 2 години има 25 кг а мајката дава чоколади наместо ужина овошје.
@MilaSs12 не давам такви работи и не давам ни сокчиња. Јаде два пати кашички по 80-90гр од оброк. И нема скокнато подој, јаде каша, па за саат ипол цица...
Сакаш да те утешам. Еден месец сме помали, а толку тежиме. Ништо не не бере, во шалвари се носиме. Маички, блузи, пукаат. И мене паника ме фаќа. А што да му правам, ај не цицај. Важи ќе ме послуша, ќе ми ги откорне
Колку ноќни подои имате? Бебче цица во 12/1 потоа во 3/4 тука не се доцицува убаво и во 5/6 повторно. Дали е доволно, бебе е 25дена
Можеби темава не е за овде ама би ми значело мислење... Бебето има 6+++ месеци Би сакала барем 10 кг да симнам до август. Па што да јадам да ми кажете?
Елај си Маж ми еднаш во ноќ го заспива со нишкање. Планирам постепено се' повеќе да го нишка, а да цица после 5ипол-6 само. Да не му дојде шок.
Јас мислам е сосема ок. Но важно е и колку цица, дали напредува, полни пелени... Тоа е поважно од тоа колку често цица, зошто он може и на 1 час да се буди, ама да не цица ефективно. Пиши и на Ана Стојанова, има мама фит програма, јас планирам да ја почнам сега во мај.
Малку помош околу power pumping. Молзам 10 мин лева града, потоа дур молзам 10 мин десна дали тоа значи дека левата "паузирала" 10 мин? Или пауза од 10 мин се прави кога се завршува со молзење на двете гради? Се надевам добро објаснив.
Па ок е сосема 300гр на недела. 20мин молзиш, 10мин пауза, 10мин молзиш, 10мин пауза, 10мин молзиш. Е сеа како ќе биде со града по града она првичното 20 не знам искрено, јас со двојна практикував пауер. Молзи 10 едната, 10 другата и така 4 пати.
Со 2те гради наеднаш точни 1 час трае. Јас ова го правев навечер, ама мене бебе не ми цицаше. Мислам дека при доење пауер памп нема некој ефект, работата е што кога молзиме ексклузивно немаме такви интервали како што праќаат бебињата при цицање и затоа се користи пауер. Ако ти е за зголемување лактација мислам дека многу нема да ти помогне.
Да за зголемување на лактација, ми препорача консултант за доење да го правам. Мада вчера вечер направив и вечерта имав помалку млеко за разлика од други ноќи. Ако друг пат давам дохрана 1, вчера дадов 2 пати после цицање. Може случајност, не знам веќе ни што да мислам. Има млеко па периоди во денот нема(не му стига). Затоа реков да пробам и со пауерот. Иначе цица бебе кога сака колку сака. Фала многу Ангел.
Јас намалив скоро 9 кг. во месец и пол само со поздрава храна и пазење, намалување на благо целосно и без бело брашно. Со доењето се губат калории, побрзо оди слабеењето кај мене.
Бебо е 5 месеци на ексклузивно доење сме. Последниве два дена ми бојкотира цицање. Ќе цицне 3 пати па се трга разгледува околина, и така 100 пати. Дома сме, сами во дневна, тишина е значи ништо не е сменето. Вчера зошто не ми цицаше не полнеше ни пелени. Дали и вас вака ви бојкорирале? Фаза ли е што ќе помине? Не знам ни кога да го тргнам од цице тој само се трга па се враќа.
4 месеци е моето, од кога влезе во 4 скок почна да бојкотира и ужива да гледа наоколу. На комбинирана исхрана сме сега бидејќи денски ретко можам да го убедам да цица. Ноќе си цица, кога му се се спие и е сонлив, наутро кога ќе се разбуди исто сака да цицне ама после тоа нема шанси. Е сега дали ќе помине или не, не знам. Прво се нервирав, после оставив да течат работите. Јас правам максимум за да цица и да одржам лактација ама па со сила не може
Дечки ми треба совет од вас. Пред 3 дена се породив, од вчера ми надојде млеко т.е. колострум и баш тече. Градите не ми се тврди освен тук таму кај што има некое каналче ама генерално се меки. Бебе ми е со затнато носе. Има рефлекс цица, ама бргу се лути зошто не може да дише и се трга и плаче. Упорни сме ама не е доволно. Пробав да молзам пумпа ништо не ми извлекува. Со рачно молзење успевам нешто ама пак имам мака, болат и тече од сите страни. Што да направам понатака? Што ми е следен чекор?