1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Одзатни му го носето, со пумпичка за носе доволно е на почеток. Јас почнав со физиолошки да му шприцнувам по 0.2мл во ноздрва и да влечам со пумпичка, откако 3 пумпици Исомар ми се расипаа за 2 недели, а по 350 е една, епа не давам веќе пари, 50 ден едно мало флаконче физиолошки со шприц со игла на него, по едно за двајцата и влечам и шприцам. За 2 недели ќе ги сменам, 100ден месечно ништо не е за разлика од тоа Исомарот 350ден и за 2 недели не прска, се расипа, во Еурофарм па уште будала ме прават до мене било, сум го скршила внатре цефчето, ај едно, ај две ама 3 полни боцички фрлив.

    Иначе он топик, на бебе од 3 дена му е доволно на 2ч и по 1 лажиче млекце, така да не се сеќирај, прати дали има полни пелени, дали се буди за цицање, ако не се буди буди го ти на секои 2 часа, а ако станува само и побара ( заплаче) давај му да цица и само ќе ти помогне. За почеток мој совет ти е рачно молзење, од сите можни начини што ги имам пробано еве второ дете, за почеток рачно е најубаво. Менувај раце за да фатиш од сите агли и тоа што ќе го измолзиш во чашка или шишенце давај го со шприц ама полека, моето од хранење брзо со шприц во болница ми се одвикна од цицање за 2 дена, а супер рефлекс имаше, влечеше од прв ден, ама дур дојде млеко они го хранеа и тоа е. Ставај на града, додавај по 10мл првите недела дена со шприц и ќе ојача ќе цица ќе видиш. Најважното го има, имаш млеко, имаш бебе што знае да цица, сега само малку трпение.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.523
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. За носето физиолошки и декса треба да ставам, има отечени каналчиња а нема секрет баш за вадење. И помага за сега се надевам бргу ќе се опорави. Дилемата најмногу ми е дали откако ќе цица да се одмолзувам плус и како да знам колку, да не си направам проблем уште толку. Вчера така цицаше малце па рачно се одмолзував и после тоа пак утоп бев цела тетра ја напраив лом дур пак да цица.
    Се надевам ќе фатиме некој ред, некако стресно ми е све, ко мува без глава се осеќам.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Да, после доење одмолзи си и тоа ќе го дадеш на следен подој, може слободно сега дур е свежо да стои на собна тт, не мора да е во фрижидер. Јас молзев по 100мл на подој некаде на 2 недели од породување, многу млеко имав, исто ко тебе утоп се правев, така да верувам и ти ќе бидеш како мене со многу млеко. Одмолзи додека тече само, а престане или осетиш дека ти треба повеќе напор за молзење, да стискаш повеќе прекини, таман ќе имаш и повеќе од 10мл за следно доење па ќе си го сочуваш на страна или за кога нема да имаш можност да одмолзиш или сакаш навечер повеќе да додадеш... во обичен фрижидер можеш да го чуваш до 6 дена, но новиве препораки гледам се до 4 дена, после смрзни го во ќесичка или чашка за уринокултура, ќе ти се најде. Само трпение, ќе се среди ќе видиш, за 2 недели бебе ќе има сила повеќе, а на месец дена веќе ќе биде супер. Јас одма да го применував ова а не по паметот на патронажната која втор пат ме зезнува, полесно ќе ми беше, а не ме тераше бебе да цица по саатипол со паузи измеѓу и да не давам дохрана, да го оставам на тоа, па не напредуваше, па плачеше, матичниот не среди тип топ, 20мин една града, 20мин друга, 30мл до 60мл дохрана, за 10 дена друго бебе. После 40 дена цица на барање кога сака колку сака како сака, друго бебе сега, ко топче е надувано.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.523
    Пол:
    Женски
    Фала ти за советите. Многу ми значи.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Дали ги има некој користено капките Метилергометрин за време на доење?

    Барајќи низ форумов твое мислење најдов @joy1 дека си ги користела тие капки, доеше тогаш?
    Јас скоро 9 месеци по породување многу крварам временски 22 дена веќе не е обилно, ми ги даде овие капки матичниот, ама ми е страв да не ми го намали млекото.
    И ти запре крварењето?
     
    Последна измена: 27 март 2023
  6. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет. На цицање сме, 5 месеци. Е сега наредна недела имам работа цел ден и неможам да го земам бебево со мене, а досега млеко воопшто немам измолзено настрана. Незнам што да правам, а цело време сме на доење и исцицува.
     
  7. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    207
    Пробај да измолзеш деновиве, не чекај до ден пред тоа.
     
  8. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Дали после 4 скок се регулира цицањето, затоа што морам да заземам чудни положби тоа да лежи а јас да се тегнам над неа да ја нацицам и да зборувам додека цица.
     
  9. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    И јас истото се прашувам. Мојава цица убаво само кога е полу заспана. Инаку вришти се тегне. Не дај боже да ја навалиш за цицање...
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Е истото се дешава, многу се нервирам
     
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.674
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас. Цица само во полусон инаку нема шанси да фати цице, а претходно обесен ми беше на цице. Сега сме на цицање и на АД. Молзам преку ден, навечер во спиење подметнувам цице:tmi:
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Мислам ако и дадам шише, нема шанси цице да фати.. бевме на контрола напредува во граници затоа не додавам, се надевам ќе помине
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално бебе 3+ недели да сака да е цело време на цице? Значи кога викам цело време мислам скоро на 24 часа во денот. Цела ноќ ми лежи на рака со цицката во уста, ако му искочи и ако се тргнам одма осеќа и пишти. Преку ден исто, цел ден да му стои во уста, ќе дремне ама со цице во уста, ако го тргнам одма се буди со пиштење. Давам дохрана по 30 мл ја пие пола саат саат време. Не знам веќе дали е најаден дали е гладен. Дали ме користи како цуцла. Дали е ова нормално или нешто правам погрешно? Против сум бебе да спие на спална ама ај оди легни го на креветче..
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.674
    Пол:
    Женски
    Јас од старт давав, бидејќи на почеток имаше потреба и од малце формула и од молзење,но немавме проблем додека не влеговме во 4ти скок.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    207
    Цуцла лажливка даваш?
     
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.674
    Пол:
    Женски
    Те користи како цуцла дефинитивно ако напредува добро и ако полни пелени, пробај да даваш лажливка и нека проба да спие малце со тато ако е можно.
     
  17. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Јас не сум дала АД, последниот месец качи 600 грама , педиатарката ми рече сосем е ок, да не очекувам секој месец кило да качува. Овој месец цица повише. Ама ја фаќам полузаспана пред дремка и после дремка. А има дремки на саат ипол два. Така да се надевам доволно и е. Ја гледам вака порасната ми се гледа. Наредна недела сме на мерење па ќе видам месецот како напреднала.
    Ама стварно напорно е и нервозно. Инаку од коа е родена не заплакала за цицање. Ако не понудам ич нема да јаде.Чудно бебе :wasntme: Првите 2 месеци ми напредуваше по кило што е сосем ок.Сега ќе видиме...
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.674
    Пол:
    Женски
    Јас на почеток кога се роди давав по малце АД, молзев и цицаше но проблемот беше што не доисцицуваше и морав да правам комбинации, па после ептен убаво напредуваше, само си цицаше, АД давав кога излегував сама и немав како да го дојам, а е многу лакомо бебе, на 3 месеци скоро ја имаше дуплирано родилната тежина. Од почеток е лаком, на болница на 3 часа им даваа дохрана, но за него тоа време беше многу и вриштеше, не можеше да дочека да му дадат пак:rofl:
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека најголема грешка е цице во уста на секое плачење зошто не секое плачење е за храна. Не да го оставиш да вика неутешно и да буткаш цуцла дур он сака да цица, ама да оставиш бар малку да помине од хранење до хранење. И да, деф те користи ко цуцла. Кога вака правев и јас, на секои 2 саата он цицаше по саатипол, ем јас исфрустрирана, ем он гладен, ем не напредуваше ко што треба, ем градите лом уште 3м после тоа не можам да ги оправам. Кај мене одлично се покажа 20мин на секоја града и понудено дохрана, после 2 недели се сведовме на дохрана само навечер, а после 1м ја отфрливме скроз и после 40 дена цица на барање ама тоа не значи на пола саат, гледам бар 1 час да има поминато. На 3м има дуплирано килажа, здрав, прав, цврст, весел освен кога не е наспан. Скоро секоја вечер ја преспива.
     
  20. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Браво, барем не го мислиш. Со сигурност знаеш коа е гладен. Мојава само пика раце у уста и шмука онака со сласт. Сите од околу ми викаат,"сигурно е гладно бебево" а понудам цице вришти се тегне :sweat:
    Па после ќе ми кажат "штом не плаче не е гладна".
    Неможам никако да и фатам ред со цицањето. Стално сум у прашалници...
    Вака весела си е топ, насмеана ,љубопитна. Све е по интересно од цицање периодов...