Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.271
    Пол:
    Женски
    Леле мојот пушта цицка за да смука раце, јас не знам што ќе беше таа љубов во рачињата. Цица, ако не заспие после си јаде раце мислиш не видел цицка, смука, со сласт, дури лиги му потекуваат до другата соба се слуша.
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Леле и мојот е цело време е со рацете во уста и тука се секогаш коментарите: "Аххх мама сигурно не ти дала да јадеш, гладен си, си ги изеде рачињата...":@ Ама веќе се трудам никој да не слушам и коментарите се помалку ме допираат.

    На почеток многу мака видов со доењето, а и многу труд вложив за да цица и да пие мајчино, дење ноќе молзев, пиев чаеви, сокови со литри и сега не сакам да премине скроз на АД поради еден глупав скок... Ќе направам сè да се врати во нормала:)
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    5.759
    Јас сум на комбинирано од сам почеток доење + ад. Штрајкот за цицање почна некаде во 4ти месец и траеше па добри 3 месеци. Мака видов да не се одбијат од цицање скроз. Темпирав оброци така да на секоја дремка цицаат за да не го изгубам млекото, пиев чаеви капсули молзев и многу ми беше стресно. И среќна сум што успеав да издржам. Сега си цицаат и многу ми е од помош тоа и за смирување и за успивање а плус бенефитите од цицањето сите ги знаеме. Посебно кога беа болни, цицањето многу ми се најде, шише неќеа да видат, не можеа да влечат и да не цицаа не знам што ќе правев ...исто и кога вадат заби само цицање ме спасува, оброци и шише бојкотираат...сега па обратно, во полусон шише им подметнувам. Ти праќам поддршка да издржиш.
     
    На Ena0310 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала мила:l::hug:

    Ептен страстен цицач беше ама 4ти скок скроз нè поремети, вришти кога ќе му доближам цице, а од многу мајки слушнав исто искуство, дека бебињата им се одбиле во 4ти скок и баш ме предупредија дека тоа може да се случи. На раб бев да се откажам од доење, си реков до тука било, тоа е... Ама нешто не ми дава да се откажам и решив дека ќе направам максимум за да одржам лактација иако млекото се намали заради нецицањето. Пијам Лактил и чаеви, молзам и подметнувам цице колку можам, па како ќе биде нека биде, давам максимум од моја страна. Тој одлично напредува, среќен, весел е, полни пелени и тоа ми е најважно ама сепак нема да се предадам туку така:)
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Исто, ги брца до крајници и дури знае и да поврати... Ги пика двете од еднаш... А деновиве им се нагледа и на ноџињата :rofl:
    Крева ноџиња и отвара уста :rofl::rofl::rofl:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Кај нас штрајкот почна од средина на втори месец, еден период се оправи малку... И сега пак иста песна. Точно 4 месеци сме. Со оглед на тоа дека напредува во граници на нормалата АД не сум дала, а и шише воопшто. Еднаш оставив молзено да дадат, ме немаше подолго од 2 саати дома. Еднаш коа ептен нејќеше да цица цел ден давав молзено со шприц...
    Не сакам да ја научам на шише и да се одбие. Имам доволно млеко.
    Сега и јас научив да ја фаќам така на финти после спиење или пред да заспие да цица.тоа е на секои 2 саати од прилика така да сметам дека и е доволно. Ќе видиме следната недела на мерење... Се надевам побрзо да помине периодот. Ама еве више месец ипол така тераме ... :sweat:
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    5.759
    Се надевам дека мерење ќе биде супер и дека набрзо ќе помине доенечки штрајк.
    А да, забораив да кажам, некогаш помагаше да дадам да цицаат шетајќи по соба, или во исправена положба. Со музика, бели звуци, пеење, играње, во затемнето. Што све не правев...кога бојкотираа и шише и цице беше најстрашно...полудев од грижи. Стагнираа со килажа малце ама надокнадија после.
     
    На Iris-1234 и Ena0310 им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.271
    Пол:
    Женски
    А не ви цицаат легнати така? Мојов кога одбиваше да цица легнат во секое време фаќаше. Сега како се залетува на цицката кога ќе ја види и ржи дури, ајкула мала. И си мисли а легнеме одма ќе цица и лови во празно цицка.
     
  9. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Легнати да, ама пола е игра пола цицање.
    Од прво убаво после фати, пушти се смешка така
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.900
    Допаѓања:
    45.256
    Пол:
    Женски
    Едно прашање од љубопитност, во дилема сум за користење на преспиранти и део при доење, јас сакам да користам оти природно потта ми мириса мене, не можам без део или два пати туш/миење да се замислам, знам кога доиш миризбата е уште полоша;( Е сега не сакам обичен део да користам ради состојките ама сакам да си набавам нешто додека се немам породено, препораки?
     
    На Homme му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    40.492
    Пол:
    Женски
    Јас користам бен и ана. Овој е малку тежок за нанесување, ама јас му го фарив редот со навлажнет пазув.
    https://www.bellina.mk/p/722/persian-lime-soda-deo-stik-od-limeta-60-gr?categories=62

    Овој го имам пробано исто така полесен е џа нанесувсње, само е помал и побрзо се троши, а е поскап
    https://www.bellina.mk/p/1516/hygie...iotski-deo-stik-od-praska-55-gr?categories=62

    И овој го имам пробано (само од лајм) не е лош, ама баш рол он е и му треба време да се засуши по нанесувсње
    https://www.bellina.mk/p/1588/natural-strong-deo-rolon-od-zhenshen-50-ml?categories=62

    Овој сакам да го пробам исто го фалат наредно
    https://www.bellina.mk/p/1592/natural-strong-deo-krema-od-zhenshen-50-ml?categories=62
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Не прима.
    Напредува и полни пелени но тоа не ми е мерило затоа што давам и дохрана. Лажливка за жива глава нејќе и цело време со устата бара цице и дише забрзано ко мислиш не јадел цел ден.
    Се водам по правилото цица кога сака колку сака :?: дохрана не ја допива секогаш. Млеко има периоди во денот кога немам тогаш ја пие. Он не цица ни 10 мин активно некогаш, заспива а не па 20. И затоа е ненајафен и се вртиме во круг. Целосно си во право за се што пиша но во пракса не знам како да го применам кога он не доцицува и тука е проблемот валда. Плус и кога му се спие бара цице. Како да го успијам без цице еве не знам. Вчера го бањавме се откорна од плачење мислиш кој знае колку е гладен, го ставив на цице заспа за 1 минута и спиеше цели 2 часа што значи не плачел од глад. Е после тоа имаше будење на секои саат ипол навечер и цицаше имав млеко. Но го повив вчера за прв пат и мислам помирно спиеше бар тие 1-1.30 час не беше на цице цело време. Ќе видиме и ноќва како ќе биде, ќе морам пак да го повијам.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Зелениот спреј на Веледа. Тоа користев во бременост и кога доев.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.271
    Пол:
    Женски
    Види друга мајка може нема да те разбере, ама јас потполно те разбирам зошто имав 2 новороденчиња кои буквално не знаеа да цицаат. Големото не ни цицаше, малото фати одма ама бетер од твоето, цицни дремни, три пати ќе смукне еднаш ќе голтне, сум му броела, се искривив цела за да слушам дали голта. Првите 3 недели така, ама па така и ми рече патронажната, нека цица по саат време, нека одмара и да продолжува. Океј, ама тоа кај нас не делуваше, он беше гладен, вриштеше цело време и не напредуваше, за 3 недели качил само 30гр. Матичниот ни рече 20мин на секоја цицка и дохрана ако пие, јас се молзев и му ја давав, не ад, првите денови беше жива гњаважа, мислам го помодерев од штипење по стапалата да се разбуди, ако цицнеше малку на 20мин го мењам, ако не го оставав по пола саат, и почна за 2-3 дена дохраната од 60мл да не ја пие, само 30, значи веќе цица, полека почнав преку еден подој да давам дохрана, па само навечер и после 40 дена веќе не дадов. Само биди упорна, можеш верувај. Буди го, ако треба и крени го и врати го на цице, ама не го оставај да џвака цел ден цицки, нема ефект така. Уствари види на мерење како ќе ти напредува, може па кај тебе ќе биде друго, кај мене не делуваше. Иначе кога ми рече едната докторка од кај матичниот 20мин по града и дохрана за 1 недела напредна 300гр и јас се опуштив и пак почнав така, по колку сака кога сака, следната недела пак само 60гр и тогаш матичниот не искара и рече дека додека фатиме ред мора вака, после колку сака кога сака и како сака, сега мора да зајакне, да добие сила, да научи да цица, а после ќе уживаме. И фала богу беше во право и успеавме. Еве го 3м е и цица ко шампион. А да ми побараш мислења ќе видиш, на почеток ми беше жива нервоза, цело време само цицаше и се осеќав ко прегазена од ваљак.
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    6.814
    Пол:
    Женски
    Чаевите за доилки колку време стојат отворени? Пиев некое време, после баталив и сега по повеќе од пола пакувања имам останати отворени. Бидејќи не дојам, нема поента ни да ги допивам сега. Па бидејќи другарка ќе се породи за некој ден, дали може да ги дадам кај неа или бидејќи се веќе отворени најдобро е да ги фрлам?

    Повеќе од месец се отворени.
     
  16. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Денес ќе пробам на овој начин како што викаш. Цицаше сега, и му дадов дохрана па ќе гледам до 11.15 барем да не го хранам. Убаво исцица и испи дохрана накај 20 мл, повеќе не сакаше. Се одмолзувам и јас кога можам од бебе, но последно време не искачаше повеќе од 10 мл од причина што нели висеше на цице. Се надевам дека ќе успеам, само да надојде млеко како што треба. Очекувам за 1-2 недели да добие и на сила па тогаш може ќе биде полесно како и во вашиот случај. Ти благодарам многу.
     
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Немаат гајле, слободно дај и ги:)
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Упорно молзи, на почеток и јас малце вадев со пумпа ама со упорност стигнував и до 150мл, само време треба, не се грижи и прави како што ти одговара тебе.
     
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    6.142
    Да, нормално е.
    Не може да те користи како цуцла бидејќи бебе нема да знае што е цуцла ако не му дадеш, затоа што истата е вештачки производ направена од човекот и служи во обратен случај.
    Ова што го опиша е буквално син ми, на цицка е од раѓање до сега, има 20 месеци. Ни цуцла, ни шише, ни креветче.
    Дури ти пишувам тој е залепен за мене по 5 пат од сабајле, иако е доручкуван.
    Треба да разбереме(те) дека има и такви деца, и тоа е скроз нормално бидејќи цицката не е исто што и шише.
    Има деца кои бараат повеќе контакт и внимание од други, ако напредува добро не се сомневај дека е гладно.
    Ако имаш срце да го оставиш да плаче и да те бара после х минути/саати цицање, остави го ќе се научи да цица само за јадење, тоа моја филозофија не е.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.271
    Пол:
    Женски
    Ова да функционира кај бебиња кои воспоставиле ритам и напредуваат, односно веќе цицаат, а кај неа нема воспоставено ритам и бебе не цица туку спие на цицка. И да ја користи за место цуцла, односно тој не знае за цуцла туку за утеха седи со цице во уста. И јас сум за доење на барање и така дојам, во другата тема пишав, цица секогаш кога ќе побара и каде ќе побара, на улица, во парк, во кафуле, во мол, на паркинг, буквално секаде, ама откако воспостави ритам на цицање, односно откако пркна веќе и научи да цица, а нема да научи ако спие на цицка и смукнува на 5мин по 3 пати. На крај одговор ќе го добие на вага, односно ќе види ако вака напредува значи дека нема потреба од промена, ако не, ако како кај нас за 2 недели качи само 60гр, тогаш мора да направи нешто а тоа не е да даде шише туку да воспостави ритам, да го научи да цица, па после ќе уживаат. Од лично и ептен тазе искуство кажувам, не паметувам. Консултирав и лактациски експерти и доктор, по на докторот шемата успеавме.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.