И јас од лично и релативно тазе искуство кажувам. Само што јас не потклекнав да давам дохрана, така да точно знаев колку напредува само од цицање. Иако сите викаа дека ми е слабо млекото, гладен е и сличните бапски муабети, па затоа ме бара толку често, а напредуваше по кило и триста секој месец. Мене педијатар првиот месец ми рече - “колку повеќе е мајкат гола, толку повеќе сте на прав пат”- со тие зборови. И да не знае да цица ќе се научи со цицање и ќе извежба мускулатура само цицање, не со шише и цуцла. Да претешко е, не можев ништо по дома да фатам само со бебе во раце бев, јадевме само од надвор храна, плус контакт спијач беше (до негде и уште е), ама порасна. Цицаше по саат ипол, спиеше на цицка (и сега спие), ќе помине уште пола саат, дремката завршила и пак во круг. Грчевите му се смируваа само на цицка иако викаат обратно. Благодарејќи на цицката во зградава не се слушаше дека има бебе и сите викаа дека е премирно, а не ја знаеја позадината на приказната - ела остави го или не го земи одма, не му дај да цица, цела зграда ќе ја кренеше во вис од плачење. Да се водев по тоа дека детево плаче и бара цицка само поради тоа дека е гладно, ќе завршевме само со ад после 4 скок кога одбиваше да цица. Гледјќи го сега како јаде по три обилни оброци плус две/три ужинки и пак е цел ден закачен на цицка, се радувам што не слушав никој туку само детево и педијатар. Цицката е сѐ, и утеха, и храна, и љубов, гушкање, здравје, затоа и избрав да дојам и да ме користи и ко цуцла и ко перница. Да ми беше само за исхрана ќе го ставев на ад само и сите среќни и наспани.
Има ефект ако молзам а нема ништо? После подој буквално тоа де случува. Вчера прв пат измолзев пред подој и за прв пат искочи 45 мк млеко. @Autumn Love јас не дадов АД за да одморам. Бебе прва недела не качи воопшто на килажа иако беше 24/7 на града. По препорака на педијатар дадов. Јас осеќам дека нема ефект од седење 24 часа на града. Немам доволно млеко. Се одека кога градите се полни а исто и кога се празни. На празно да шмука боли по извесно време. Да има млеко доволно може ќе ми беше ок да седи, знам дека се храни.
Јас ништо не реков за тоа дали си ти дала ад или не, само ти одговорив на прашањето дали е нормално бебе да виси на града цел ден, а воедно ти споделив и лично искуство. Секој со своето убедување. И да се повторам по кој знае кој пат, веќе досадна сум, мали гради, меки гради и пумпа не се мерило дали имаш млеко, еве сум и за тоа пример .
Да, има ефект. Тоа се вика dry pumping, иако нема ништо му даваш знак на организмот дека има поголема побарувачка и тој треба да произведе повеќе млеко. И не се тревожи и не читај секакви мислења, секое бебе е своја приказна. Членки што велеле дека никогаш нема да дадат ни шише ни АД и што така советувале други членки, кога се најдоа во ситуација бебе да не им напредува веднаш дадоа шише. Така да, ти можеш да побараш мислење но на крај прави си по свое убедување и слушај си педијатар.
Ти благодарам на споделеното искуство. Така е, секое мислење и совет се добродојдени, но секое дете не е исто, не може како по книга да се водиме. Си го следам детето и имаме редовни контроли на педијатар, според тоа одлучувам и што понатака. Фала ти
Дохрана не е само ад. Супер за вас, ама има и бебиња од по 2ипол кила што немаат сила да цицаат и ко првото мое на 15 дена во болница со дехидрира трет степен завршуваат. Никој не вика да држиш бебе гладно, ами да го натераш да цица, а ако само виси на града не се храни.
И син ми излезе со две ипол кила од болница, со жолтица, знам све точно како е. И малку бегаш од темата - ми реплицираше на мојот одговор дали е нормално бебе да биде на цицка цел ден. Лесно не е, ама нормално е, биолошки. И да спие на цицка и да биде во раце и да шмука града во празно (или по ваше да ја користи ко цуцла). Во ниеден момент не реков своеглаво држи го само на цицка и не му давај шише по никоја цена (техники на хранење - тоа е виша математика кај нас), напредокот и пелените се битни. Јас само споделив искуство за да не се откажува и да не се сомнева одма мајка што сака да дои. Бидејќи и јас дојам благодарение на форумов, да ги слушав советите што ми ги дадоа кога ме пуштија од болница фамозните 15 мин од града па шише, знаејќи го син ми чисто сумљам дека ќе истеравме поише од 3 месеци.
И ти ми извртуваш муабети. Никаде не реков дај дохрана батали доење, напротив. Поборник сум на доење и секогаш сум советувала да се даде шанса на доење пред формула, дури сум советувала и релактација и се да се проба пред да се откаже мајката. А дохрана не е само формула и не е штетно да се даде.
Мајки во саботата последно примив синопен и урбазон инекција заради алергија, ми кажаа дека може да го дојам бебето после поминати 24 часа ама мене страв ми е...Има ли некоја мајка искуство?
Да го извртуваш муабетот и даваш примери за бебиња што не напредуваат или недај Боже дехидрираат, реплицирајќи на мојот одговор дали е нормално бебе да виси на цицка цел ден, за кое имам и со личен пример и на членката пишано АКО добро напредува. И каде имам пишано дека дохрана е само ад што веќе по втор пат ми го потенцираш и кој муабет ти го извртев? Каде прочита дека сум пишала дека ти викаш да даде мајката дохрана, не ми ставај зборови во уста. Иначе, поборник за доење не се расфрла со термини “те користи како цуцла, спие на цицка” , јер доењето го опфаќа сето тоа. Поборник за доење не советува воспоставување ритам на доење, бидејќи не постои такво нешто. Ритам подразбира нешто што се повторува на одредени временски интервали и трае по х минути. Ја еве повеќе од две години следам и курсеви за доење и едукации и профили еден куп, прв пат слушам поборник за доење да каже вакво нешто. Од една до друга доенечка сесија никад не можеш да бидеш сигурен колкав трансфер на млеко имало, затоа тој програмиран ритам и доколку е воспоставен, е малку неприроден и не знам колку успешен на долги стази. И да, во право си, дохраната уопште не е штетна во услови кога е апсолутно потребна, напротив, но тоа треба да го одредува исклучиво педијатар индивидуално за секое бебе следејќи го бебето - фат, голтање, напредок и мерејќи подој, а не да кажуваме овде ја и ти шеми како некое бебе да се храни. Апсолутно неточно. И те како се храни, и нутритивно и душевно .
Пак ми извртуваш зборови, убаво читај или не ми ставај зборови во реплика кои не сум ги напишала. Ритам ни под разно кај доено бебе, не кога веќе ќе воспостави нормално хранење. Инаку јас и реплицирам на мајката која има мака со хранење на бебето, не на тебе, ти немаш проблем, ти се надоврза на мојата реплика и се трудиш да докажеш дека не сум во право а не ме читаш до крај. И кај мајката исто пишав, одговорот ќе го даде вагата, ако напредува одлично, онда нема потреба од промени ако не и смета тој начин, но ако не напредува итекако и треба тој "ритам" додека започне да добива сила и крева килажа за да продолжат со доење по барање. И не може да кажеме дека има унифициран став за доењето, 2 бебиња од иста мајка па нема исто да им биде правило, а камоли за различни гени. Еве родив 2, едното не цицаше, ма се гадеше од града, покрај физичката пречка да цица, второво од раѓање е закачено на цицка и цица со сласт, во првите 48ч веќе имаше закачено топ на града и после го вклучија шприцот на екс во Чаир и се зезна работата, ама со упорност се вративме на цице ефективно. За да се заземе точниот став како ќе се продолжи со хранење се прават контроли почести ако е потребно веќе, на неколку дена, на недела, две, па месец, се додека не се воспостави доење, е после веќе кога ќе влезе у штос бебе, нит ти треба да следиш голтки, нит пелени, нит саати, нит ништо.
Неповикана ќе коментирам.... Сметам дека и двете сте во право, од наједноставна причина што методите и начините кои ги применувате се покажале како успешни кај секоја од вас поединечно. Затоа верувам дека и со најдобра намера ги споделувате, со цел некому да помогнете. Но сепак никој од нас што дава или бара совет/насока не смее да заборави дека тоа е токму тоа - само совет и насока. Вакви чувствителни теми бараат соодветни консултации со стручни медицински лица, кои Ви ги следат бебињата, нивниот раст и развој (со надеж дека ги имате на располагање). Во најмала рака, верувам дека секоја една од нас што го посетува форумот се надева дека ќе го најде одговорот или правецот што го бара, ќе ги потврди или побие своите сомнежи, дилеми или нејаснотии... Пак ќе кажам, за одредени теми нема универзална вистина и точен одговор. Токму во тоа е добрата страна на споделените искуства, останатото е прашање на лична одлука. Секое добро.
Здраво мајки. Родив во 36та недела, моментална тежина на бебето е 2370. Првична му беше 2650, ама по неколку дена во болница килажата падна. Ми надојде млеко бааги, ама некако ми изгледа дека нема сила да влечи. Дали има некоја мајка што успеала да го задои бебето со отприлика оваа килажа и родено околу 36та недела. Секој совет и трик е добредојден. Го ставам на града, прави 3-4 повлекувања и заспива. И сѐ така во круг. Како да го сфатам тоа?
Малечки се и се уморуваат многу брзо, ќе се научи, буди го малку со чешкање на обравчето, кај увцето, јас така правев и ми успеваше, сега се надевам и тебе ќе ти е од помош ова
Како најнормално ќе го сфатиш. И во 40та да родеше пак ќе ти заспиваше на града. Штипкај го и корни го малце за косичката за да се разбуди. Консултирај педијатар дали треба да молзиш и да даваш со шишенце додека да пркне и да добие сила.
Воопшто да не се секираш. Мојте и двајцата се родени во 36+, едниот 2400 (испис 2300), другиот 2780 (испис 2600). И двајцата цицаа од болница успешно. Битно да најдеш што го освестува: скубнување, закачање по стапалца, со влажна рака да поминеш на вратче, менување пелена, расоблакање. Моите и двајцата напредуваа по повеќе од кг уште од првиот месец, а не седеа на цице повеќе од 10 минути.
@Ano еве јас воопшто не можам да воспоставам момент. Ми покажаа во болница повеќе пати и не оди и не оди. Не можам да се наместам ни јас ни бебето, почнува да плаче, јас да се саклетисувам. Ова доењево ми е трема и страв. Брадавици ме болат, градите воспалени тешки.. Ми се рика еј! @Iris-1234 консултирав и педијатар и сестрите, голем дел од нив се абе си фаќа детево биди упорна, не се откажувај... А мене ме боли нешто што мислев дека е апсолутно безболно. Уште сега се чувствувам дека фејлнувам како мајка. Пробав и со пумпа, не ми влече ни приближно како кога со рака измолзувам. Ако имате предлог за некоја пумпа, споделете. @AngelOfArh @GIGI69 теоретски знам и пробувам да практикувам и кубнење и грепкање и штипкање, ќе го размрдам и толку ќе биде, или ќе плука брадавица или ако фати ќе е 5-6 секунди, па нема да знам дали е тоа тоа цицање, дали голтнал нешто. Не сакам вака да ми стартува доеничката приказна. Јас ли не сум упорна, не знам што е работата...
Ама тоа си фаќа сигурно, само се уморува брзо затоа што е многу малечко, сите така прават на почеток. Ако тие позгодно со рака, молзи со рака засега. Не знам што пумпа имаш, јас на почеток ништо не вадев со рачна а со рака вадев, па после позајмив електрична и од ден во ден сè подобро ми одеше. Сега ја купив новата Медела Соло и презадоволна сум, ептен е нежна а супер влечи. Инаку да, на почеток брадавиците и градите ужасно ќе те болат, особено кога ќе се преполнат градите па бебе ќе почне да трга, но не се откажувај, нормален процес е и трае околу месец и пол, два додека да се воспостави лактација. Ќе издржиш и сè ќе биде во ред Едит: Никаде не фејлнуваш, нормално е ова и нормално е и така да се чувствуваш, јас исто плачев на почеток мислејќи дека доењето ми е апсолутен фејл ама треба време.