Здраво мајки. Во скоро време треба да го одбијам моето 7 месечно бебе од оправдени причини. Млеко имам, ад прифаќа. Е сега дали ако се молзам по малко со пумпа ќе надоаѓа повеќе млеко или ќе се намалува? Градите ми се тешки и меки.
Мене второ па ми идеше истото чувство, додуша доење прво. Истите прашања ги имав и јас пред 2ипол месеци, доењето ми беше смрт а мислев дека е сосема нормално. Ако имаш мака со брадавици од одма земи си силиконски, ќе се смири болката, набави ланолин и ќе биде полесно. Јас измолзував и давав дохрана зошто мало бебе и не влечеше, се уморуваше, спиеше по саатипол на цицка. Не би да разгледам пак, 3 страни наназад пишував, мене педијатарот ме советуваше да дојам на 2ч по 20мин од секија града плус дохрана и така успеавме да пркнеме и да дојдеме до доење без шишиња, без ништо, кога сака колку сака како сака каде сака, се случува ако шетаме и 3ч да спие да не побара цице, се случува дома и за пола саат да побара пак ама воглавно на 1 час до час и половина бара да цица. Издржи, ти кажува мајка која пред 2ипол месеци овде кукаше дека ич не е бајковито доењето како што се претставува, ме болеше, ми беше стрес, ми ствараше анксиозност, сега сум скроз друга, супер ми е.
Драга, тоа што го пишуваш сега ти, за повеќето од нас е многу добро познато бидејќи е искусено, надминато, пројдено... па скоро сечија доенечка приказна почнува вака, верувај... Ќе наидеш на многу полезни совети овде, читај стручна литература, гледај видеа на youtube. Со секој изминат ден ќе добиваш поголема самодоверба и сила, а ти и бебе постепено ќе оформите своја тактика, свој начин, свој систем... Исклучително важно е позитивна мисла и добра волја од твоја страна, ако си одлучила да доиш. Има моменти околу доењето што можат да се научат, да се корегираат, а бебе ќе те следи, ним тоа им е вродено. Како што погоре напиша членката, после месец ипол или два, тоа ќе ти стане најлесната и наједноставната работа на свет. Поздрав
Мајка пробај со намалување на подои.Така постепено намали ги и замени ги со ад .Ако видиш кога е време за подој градите не ти се тврди скокни го подојот дај каша или ад.После два три саатаи дај пак.Исто ако осетиш проблем со болни гради ,а не доиш веќе можеш да се одмолзиш.Само постепено за една недела можеш да намалиш ептен на доење и за две да го одбиеш без никакви апчиња и стегање на гради .Значи пумпа само кога имаш нелагодност или тапи болки одмолзи колку да ти помине болката 10-20мл.Градите многу брзу се прилагодуваат на намалувањето на подоји.Со лесно.
Фатив некој гаден вирус, најверојатно грип или ковид и ги транспортирав децата кај баба и дедо. Бебе од година и три месеци си цицаше до вчера за заспивање дење двапати и ноќе се будеше по два/три/четири пати за цицање. Од вчера сите (мм, мајка ми, свекрва) имаат мислење дека ова е шанса да ја одбијам. А мене ми е тешко, од една страна сакам да спијам по цела ноќ, најпосле по долги години, од друга страна ми доаѓа тоа слатко фациче кога треба да цица, и не сум спремна психички да завршиме не барам совет, само дур си плачам дома да се олеснам некаде
На почетол не да ме болеше, секое повлекување плачев, секое заспивање и будење пак плачев, но по 1 месец се се среди. Градите ме болеа, брадавиците, стомакот заради враќање на матката, душата ме болеше мислејќи дека не сум доволно добра и не знам да го нахранам. Јас првиот месец давав и дохрана адаптирано, немав доволно млеко, а ми требаше и сигурност дека се храни. Додека цица, обавезно расоблечен и кај мене успеваше да го разбудам со нежно дување во лицето. Ни штипкање, ни скокоткање, ништо друго.
Имаме 7 месеци Дојам во 9 пред спиење Потоа околу 1 часот Ако е нешто вознемирен,бара и во 3 часот...ако е мирен , тогаш дури во 5 сабалје *Дохрана (кашички) јадеме еднаш дневно Дали треба да намалам подои ноќе или во ред сме ? (млеко имам доволно за побарувачката на бебе, така бар мислам)
Мислам дека е ок, сепак сеуште нема исхрана која се базира на цврста храна, сеуште главна храна му е млекото.
Женски чаре за нагло намалување на млекото? Во болницата полни беа градиве, веќе неколку дена едвај 25мл од двете гради после подој. Чаеви, овесно млеко, Лактил таблетки, сѐ од тоа практикувам, а млекото нагло ми го снемува. Бебето демек цица, не знам што цица... Што сторив грешка за вака да ми го снема?
Патронажна сестра или советник за доење најдобро ќе ти кажат. Иако тука може има многу информирани и изнапатени, за толку мало бебе не се дава совет на форум. Јас би ти рекла дека може се воспоставила лактација, бебе си цица а телото создава толку колку што треба. Треба да си следиш број на мочкани и какани пелени, дали бебето е задоволно, спие или плаче, и други работи. Тоа што не можеш да измолзиш колку што очекуваш дека треба да измолзиш не значи ништо.
Колку измолзуваш не е мерка за тоа дали имаш или немаш млеко, важно е дали бебе напредува. Освен овес, сокови, чаеви и Лактил за млеко е потребен одмор и сон, иако знам дека тоа е скоро невозможно со новороденче. Ептен сте на почеток, не се паничи, тек ќе доаѓа млеко ама треба време додека да се воспостави лактација.
Океј ли е да имам млеко а градите да не се преполнуваат и стврднуваатт? Првите денови дури цицаше од едната другата самата течеше а сега не. Има малку жолтица па поспана е нема сила за цицање не знам дали тоа влијае.. чаеви,сокови,вода пијам цел ден..
Колку имаше бебето? Мислам тука некаде си со мене, така да сосема е нормално да не можеш да измолзиш ако не си се молзела редовно. Колку време си веќе породена? Може да влијае тоа што не цица убаво, буди ја и молзи да го пие после цицање. Мене тоа најмногу ми помогна, 20мин по града и 30-60мл дохрана, за 2 недели пркна и од месец ипол навака само цица, ептен по потреба да дадам шише ако не сум дома или сме некаде отидени. Ако нејќе шише давај со шприц.
Девојки смее ли да се јаде јаткасти плодови додека дојам? Бепчето ми е 2 недели, јас и во бременоста и сега јадев путер од кикирики, бадеми, индиски ореви. И денес слушнав дека не требало зашто можело да се појави алергиска реакција. Денеска баш изедов една рака јатки, може ли да биде нешто? Инаку до сега нема покажано ништо, само денес каснав повеќе и ме фати страв...
Едвај 15мл вадам, со две деца плус дома воопшто не ми е опција ова со молзењето. Цдло време вришти неќе да фати да цица, отидов и купив Ад. Немам нерви овој пат. Ќе одржувам лактација со течности ама гледам не е тоа тоа со количината на млеко. Фала на совет сепак
Педијатарот на почеток ме советуваше да не јадам заради можни алергиски реакции. Подоцна, почнав да јадам ама пример прво бадеми па гледав дали има реакција, па по една недела лешници итн. Следи го, сепак е мало. Истиот совет го добив и за цитрусите.
До сега нема покажано никаква реакција кога јадев, можно ли е да покаже ако имам изедено повеќе како денес? И ако покаже дали може да биде сериозно како кога се внесува директно или само осип може да добие?
И мене не ми беше искрено ич едноставно, бебе страшно ќенкаво, само во мене седи во никој друг, на кревет па, во релаксатор, шанса нема. Пумпата ми ја расипаа кај што ја имав дадено и да ти кажам редот си го фатив на рака, во шишето директ 30мл давав, не сакаше повеќе. Ти можеш ад да дадеш колку да пркне само, да почне да качува, да се исчисти жолтицата и ќе почне да цица. Мене ми беше исто напор да измолзам во шише колку и да зовријам вода, да направам ад, да се лади, па да чека, а оно вришти... Ама ако тебе ти е полесно ад, ич не се сеќирај.