Досега ќе покажело ако имало нешто, а и не верувам дека ќе има бурна реакција. Не се грижи, верувам дека ќе биде сè во ред.
Мене со едно дете ми е мачно молзењето, а не пак тебе со ТРИ Прави како ти е тебе полесно, драга. Среќна мама, среќно бебе
Патронажни сестри консултирав, исто и лактациски консултант. Нормално дека не оставив така и не чекам некој од фемина да ме оправа. Побарав мислење и искуство од 'паталец', чинам тоа е поентата на форумот. Фала ти сепак. @AngelOfArh @Iris-1234 Да, жени. Мало е бебето со родилна тежина од 2600, родено во 36та, пред околу 10тина дена. Изгледа требаше да бидам по трпелива и да почекам чаевите, течностите и Лактилот да си го направат своето. Еве вчера со молзење на двапати по 30-40 минути извадив околу 160 мл вкупно, а претходниот ден едвај 25. Ќе видиме како ќе се одвива понатаму.
Мила, времето ќе си направи сè, само трпение ама на почеток навистина сè изгледа безнадежно и се чувствуваме како во агонија. Ќе биде сè во ред, вие само гушкајте се со бебуш
Здраво Ангел, те читам дека имаш големо искуство за доење, дали молзеше после секој подој? Моето бебе цица на саат и пол, максимум два, па доколку се измолзам после подој, нема доволно време за да се направи млеко за следното доење и потоа е ненајаден и кенкав, а сакам да молзам и мрзнам млеко, па барам совет
Млекото не капе од чешмичка па да се наполнат градите за да има за цицање. Ако молзиш после подој само ќе зголемиш лактација, така да слободно молзи. Уште при доењето млекото почнува да се лачи. Не очекувај многу да измолзиш, ќе почнеш со 10мл можеби 20, ќе се зголемува како ќе молзиш почесто. Јас имав многу млеко и молзев многу, не после секој подој бидејќи ми беше страв да не направам маститис. Почни со молзење на секој подој ти за да зголемиш лачење, после ќе намалуваш.
Јас вчера јагоди јадев, касно ми текна, ама кај бебе немаше реакција никаква. Ние јадеме многу кикирики дома и путер од кикирики, општо путер од јатки се убиваме од јадење, немало реакција. Реагира со столица моето на спанаќ, течна и честа столица. Тоа сум приметила досега. И на киви реагира кога јадам, на праски...
Бебка ми се исфрла со ситни брунки само на лицето, најмногу на чело. Можно е да е од храна нешто што сум јадела?
Ако нешто ново си јадела.. или и е прежешко. Ама кај некои бебиња нормално е да имаат во првите 2 месеци доечки брунки и најчесто тие не се третираат со ништо, само прво да се види дали има и на тело. Моето кога имаше алергија на риба, имаше секаде по мешето и грбчето.
Само на лице има. На чело и во т зоната околу носето. За жешко не е зошто не се како вруќници, баш се брунки. Мачкаме атодерм на биодерма, се надевам ќе поминат. Инаку не сум сменила ништо посебно во храна, освен што јадев риба 2,3 дена по ред.
Дали може да спојам млеко од пред 2 дена и од денес и да го замрзнам? И ако да, по одмрзнување за колку часа треба да се испие?
Да не грешам душа, целиот процес на раѓање уште трипати ќе го минам, али ова со доењево не бре. Мака е ова, нерви снемав. Бевме на мерење денес, за две недели сме качиле само 170г, што не било доволно воопшто. Нејќе да цица вришти, се трга, плука.... Ако некогаш фати на среќа ќе е. Таман ќе помислам цицнал нешто, тој од шише веднаш после цицање ќе испие 80мл. 150 мл да му дадам од шише, 150 ќе испие. Јас стварно не знам што да правам веќе, мислам ги исцрпив сите можности детево да е само на мајчино. Очајна сум веќе, акл немам. Колку ви јадеа на вас кога беа две недели стари? Колку е еден оброк (молзен) и на колку време дававте? Ќе пукнам, еј!