Рачно одмолзувај се по малце, не ги празни скроз градите. И чај од жалфија мислам дека го намалува млекото.
Молзи малку колку да се ослободи. Под туш и после ќеса смрзнат грашок, околу 5мин подржи и облечи градник. Секогаш кога ќе осетиш дека се полнат молзи само малку колку да ти олесни. Не чекај да се преполнат. Ако можеш да трпиш жалфија напиј се, јас не можам тешка ми е за желудник.
Најчесто пробувам да ми е на доеничката перница во скут фактички. Мислев дека ако фати вака како 'најбејзик' позиција, понатаму да експериментираме повеќе... Ама не и не. Не можам да го разбудам, го имам ставано и вреснат и спокоен, никако не фаќа. Ако фати ќе е на среќа. Трема имам кога треба на града да го ставам. Не уживам во процесов ама ич. Не ми помогнаа засега ни патронажни ни консултант, консултантот околу лактацијата едино. Шише ако не дадам молзено гладни ќе сме скроз. Неколку дена веќе само на шише сме. Брадавиците форма сменија од молзење... На раб сум да кренам раце. Фала ти многу Нала за утешните зборови, сѐ е за нијанса полесно кога слушнеш и од друг. Имам чувство како сѐ да правам грешка. _____________________ Да не знаете дали има некоја формула што пресметува колку мл мајчино млеко треба дневно да прима бебето ама според килажата? 2-3 дена е само на молзено, му давам на 2-2.30 часа, на последно мерење бебето беше 2570 г. Да не претерувам? Еве сабајле ми поврна обилно, тоа ми беше знак дека можеби ја напнувам работата за само да видам повисока бројка на вага. Некогаш испива 60мл, некогаш 50, некогаш 80, 90... Немаме ред ни мерка за ништо.
Со молзеното различно ќе ти испие. И јас кога се молзев различно пиеше. Пробај со шприц измолзено млеко да ја ставиш на града и да капнуваш по малку и да влече. Јас се напнував вака како тебе со месеци на крај испадна детето и да не е љубител на млеко и многу рано ми го исфрли млекотона 9 месеци не ни пиеше млеко и до денн денес не сака да помириса. Колку што ми текнува на почеток треба од 25-30гр на ден да качува. Ако си ја качува килажата нема потреба да форсираш ако имаш многу млеко и не цица измолзувај и замрзнувај ќе ти се најде понатака.
@DaisyDoo мене таа најосновна положба ми беше тешка. Никако да се наместиме, а тој никако да фати. Кога пробавме легнати се препородив. Ама ако не бива, можеш и да молзеш и да му даваш. Како му одговара на бебе, ама и на тебе пред се'. Среќна мама, среќно бебе.
Пак јас. Дали можеби не требаше да го одбијам? Има година и 10м. Јаде, пие се. Ама се мислам, може требаше уште малку. Или мене само тешко ми падна
Многу се измачуваш со прашања. Кога тогаш мораш да пресечеш. Се што правиш е во ред. Си успеала да го доиш до скоро 2 години, нема за што да се обвинуваш. Ако те исцрпува доењето, мое мислење е дека е доволно. Сама викаш јаде се. Децата многу полесно ги прифаќаат промените што им се случуват за разлика од нас. Не правиш ништо погрешно. Денес се напиша повеќе пати, ќе повторам среќна мајка среќно дете
Повеќето жени кога ги одбиваат децата/бебињата осеќаат грижа на совест и се осеќаат виновно со тоа што кога се решени да прекинат брзо тоа чуство исчезнува. Затоа не се оптеретувај не си ни прва, а ни последна
Ја дојам малата, давам измолзено кога неможе да фати да цица, кога ми се многу полни градите неќе никако да фати па морам молзено. Мала е и додека ја бара градата вришти на цел глас и шанса нема да фати и повлече, а млеко тече ли тече. Има ли некоја финта? Сакам само да цица, страв ми е да не се одбие пошо од шише и е полесно да се најаде набрзина. Во еден ден има и 3 оброка ад од 30мл, од кои два се преку ден а третиот е во 3ч наутро обично. Тоа е по препорака на педијатар. Работата е што за 5 дена бебе има качено 300грама што па било многу, па зошто воопшто ми е препораката за ад не разбирам? И повеќе од добар напредок, после па ќе ми викаат стај ја на диета Јас за 5ммин молзам 50мл, нели е подобро тоа да и го дадам место ад?
Ако се нервира на града зошто е преполна и не може да фати, одмолзи малку пред да и понудиш. А за молзено апсолутно според мене подобро давај и го молзеното отколку АД. Да немаш млеко ќе разберам, ама вака сметам дека е апсолутно непотребно. Ама прво пробај го она првото, одмолзи малку пред подој да опушти млазот да не и е прејак и прво града нуди.
Мој совет е да пробаш да ги измолзиш малку , да ги олесниш, пред да и дадеш да цица, од преполни гради им е потешко да фатат , многу млаз им тече , се нервираат и затоа послесно е од шише... јас така успеав
И јас исто мислам. Тврди се брадавиците, а млазот е многу силн кога се преполни градите, затоа не можи да фати и се нервира. Пододмолзи малку, па дај ѝ да цица. Наместо ад давај молзено ако има потреба од дохрана.
Напротив меки се, само секогаш ми се полни и утоп сум, и се лизга неа и не фаќа тогаш. Ќе одмолзувам,ќе пробувам ..
А зошто да даваш ад ако имаш млеко? Дај го молзеното. Одмолзи 30мл, дај да цица и дај и го тоа молзеното. Како ќе расте ќе намалуваш дохрана. Нема логика да давам ад на толку млеко.
Па според педијатарот, дека падна на килажа првите 3 дена дома, имало порреба и од ад. Јас и кажав дека сум збунка со тоа ад ептен, и објаснав дека одмолзувам, дека нудам плус млеко само ако не се нацицала убаво.. ако сметам дека е најадена не нудам ни ад ни молзено. Тие 30мл од шише се посебен оброк, не се после доење ..