Значи што им е на педијатриве со ова ад аман веќе. Ко да добиваат награда колку повеќе деца на ад стаат. Не разбирам. Молзи, нека цица, па давај шишенце колку испие толку, а брзо ќе го батали ќе видиш.
И мене педијатарот ми викаше ќе го будиш бебето на 3 саати да цица и ја будала на почеток го будев и едвај го заспивав после тоа кога ја видов маката прекинав да го правам тоа и принцип кога сака и качуваше 33гр дневно поише од доволно. Така да најубаво терај си ти како се осеќаш и како мислиш српак си мајка ти повеќе поминуваш време со бебето него ли педијатарот, не се децата роботи и сите исто да функционираат, а они се така научени. Пробај по свое и на следна контрола ќе видиш како напредува и да те праша на почеток дали даваш ад ќе и кажеш да да како што ми рековте и толку.
И јас да се надоврзам на темава, бебе одлично напредува, на доење, втор месец, одиме на контрола се ок и сам почнува лекаров, за д3 и к1 вика ќе ги даваш до 3ти месец а ако ти снема млеко и порано ќе прекинеме... Значи зошто да ми снема до тогаш, какоц е тој муабет
Здраво луѓе, пред да се породам ја читав темава ама сега полни раце работа немам многу време и ми се чини се имам заборавено и од часови за доење и што прочитав тука па ми требаат неколку брзи совети. Млеко немав првите денови и почнавме со формула зошто имаше низок шеќер и рекоа мора да јаде редовно, јас имав многу стресен пораѓај и дури вчера почна да тече колострум кој му го инспумпав и дадов, денес успеав да испумпам околу 20мл ама пошто сме во болница и немам услови да ја исчистам пумпата го фрлив тоа, имам уште млеко за пумпање и не знам дали да пумпам до крај или да оставам млеко да пробувам со него да дојам? Градите ги осеќам тешки и малце болни, пробавме и со бабицата не сака да дои, вршти се изнамачивме, а не е мал 3700 родилна, има сила шишето го пие за 2 мин чинам. Е сега ако не сака да цица ќе давам молзено ако успеам доволно да молзам, ќе читнам за тоа која доза треба, ама ако немам доволно со молзење и сакам да комбинирам со формула, како да го организирам тоа? Што да давам прво? Како да спречам да не ми се преполнат градите, мислам како да знам кога да престанам да молзам? Се надевам ќе успееме дома да го надојам, во помирна атмосфера оти тука сме веќе 5 дена и многу е гласно и тој се штрека, ама ако не успеам во тоа не се оптеретувам ќе давам молзено и формула, спремна сум на се, ама сакам да пробам различни опции. Фалаа
Во болница не му даваат дохрана? Пробај со силиконски брадавици да цица додека се мали им иде потешко баш сестрата кога бев во болница ми викаше дека тоа им било како да трчаат напорно додека се новороденчиња... Пумпај се се додека тече млеко од градата јас така правев истече што има и потоа не тече повеќе, после 3 часа пак се пумпав на 3 часа... Сепак советувај се со педијатар секое дете е различно и различно бара, ние бевме со дохрана и измолзување ако нешто те интересира повеќе пиши.
Не сум во мк, тука се сами те оставаат да правиш, му давам дохрана да, јаде доволно ама сега почнувам да имам млеко и затоа овие прашања, инаку имам убави брадавици за доење не би да пробам со силиконска, ќе се навикне на неа вајда, а не сакам.
Моето дете имаше жолтица и не можеше да влече имав исто убави брадавици па морав со силиконски полесно му беше, па сега си цица без силиконски веќе сме 4 месеци. На почетокот му давав да цица пред јадење па потоа ад бидејќи не знаев колку млеко има исцицано, АД околу 30мл или 45 мл и оно си допие колку му фале.
Супер, ќе пробам вака, штом не пуштат ќе земам брадавици и ќе видиме што ќе направиме. Фала на советот
Мама колку повеќе молзиш, толку даваш информација дека треба да се создава повеќе млеко. А ќе ти треба ако планираш да доиш/даваш молзено. На почетокот очекувај некои периоди да измолзиш многу млеко, некои периоди да не можеш ни 10мл да извадиш, а да ти тече и без стимулација на брадавки. Треба време додека се средат и хормони, и да научи организмот кога и колку млеко треба да произведува. Ама не се замарај сега со тоа. Јас мислам пред да му даваш да цица, малку млекце да одмолзиш, колку да не е тврда брадавката а ни пресилен млазот. Голем е, сигурна сум дека е силен и знае убаво да влечи, ама шише секогаш ќе преферираат пред града зошто полесен им е протокот на млекце. На почеток пробај ако веќе мораш да даваш од шише ад/молзено, да е со paced bottle feeding техника. Битно е редовно да ги празниш градите и за да превенираш мастит и за да испраќаш сигнали за уште млекце. Секогаш давај прво шанса да фати цице, после шише со молзено, па шише со ад. Ако е безуспешно, не се разочарувај, не си прави притисок, ќе ве пуштат дома и ќе пробате сами. Ако немаш како да ја чистиш пумпата, молзи се рачно. Сопругот може да земи стерилни чашки за урина од аптека и во нив да измолзуваш за да можеш млекцето да му го дадеш. Не го фрлај колострумот, злато вреди. Друга опција е ако ти е изводливо да собираш во шприц и преку шприц да му даваш, иако мислам дека е малку покомплицирано, барем мене така ми изгледа. Извини ако ти нафрлив информации, ако нешто не ме сфати, ќе пробам да објаснам. Верувам и другите членки што имаат искуство на оваа тема.
Мојата во болница исто не сакаше да цица ,плачеше се корнеше , не знам што не пробавме , се одмолзував таму колку да ги олеснам градите , дома кога дојдовме беше друга песна , одма фати , е сега мој совет е внимателно со молзењето , јас од незнаење направив хиперлактација која ми требаше време да ја средам , одмолзувај ги градите по малку да олеснат и пробувајте, ќе фати , полека , немаат сила па ќе заспие... ќе будиш..... убави совети ти дале и погоре , ќе се среди се само треба време , ние дури после два месеци можам да кажам дека се средивме со цицањето и јас и бебе , ни требаше време да се навикнеме , сега сме 8 и супер тераме...
Син ми исто тешко фаќаше да цица на почеток. Капнував АД на брадавиците колку да се залаже, па почнуваше така. Кога ќе пуштеше пак капнував АД и некако продолжувавме. Со молзено не успеваше ова, очигледно бараше АД поради вкусот. Мнооогу упорност треба. И со силиконски доев на почеток, полесно фаќаше така. Не се сеќавам на се', ама мислам дека не беше тешко да ги тргнеме. Секогаш прво нуди му да цица, после тоа молзено па АД ако не е доволно. И не се загрижувај многу. Почетокот е претежок. Кога ќе фати после ехеее не ќе можеш да го тргнеш. А и да не фати, ништо страшно. Се' дур си пие и напредува доволно, млеко си е млеко.
Бебе е веќе 3м и 20 дена, јас сеуште полнам влошки за гради и имам мака со едната брадавица при цицање, не како на почетокот ама имам мака. Утрово се преполнија, цицаше асално од едната града и измолзев 120мл после од двете колку да си олеснам малку.
Мајки, вие што молзите и се храните единствено така, како го чувавте измолзеното млеко на летни температури? Дома нема проблем, молзам, ставам во фрижидер, вадам 15 минути пред давање. Но, како го изведувавте ова за надвор?
@macalavica мислам дека ти прашуваше за измолзување ко ќе се вратиш на работа. Дали почна и како се организирате со доењето и исхраната? Јас треба во мај да се вратам и не знам како би се организирале, заспива со доење и има еден подој меѓу оброци. До сега не сум измолзувала воопшто, не знам дали да почнам.
Здраво имам новороденче од 28 дена на доење сме и давам по некогаш ад на Холи козјо 30 гр само на ден по препорака на педијатар бидејки кога излеговме од болница беше падната во килажа потоа наредна контрола беше добро напредната 180 грама за 3 дена ,прашањето ми е еден или два подои знае да не и биде доволно млеко ќе ги испразни градите и плаче не ги сака потоа и морам да и дадам ад а сакам да и не и давам да биде само на доење,како да успеам да ја зголемам лактацијата,пробано со пумпа повеќе од 10-20 мл не сум успеала да се измолзам веќе незнам што да правам.Пијам сок од јаболко,јадам супи пијам чај од анасон не успеав никако да ја зголемам лактацијата.
Браво. Мајка ми будала ме правеше кога и реков дека се мислам да побарам од другарки да ми даваат млеко. И од срам не побарав, нормално.