1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Овие се, да. Јас имам од Локо кроко, само малку поскапи беа таму.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Мајка 30мл млеко се буквално една голтка млеко и јас сум убедена дека и без нив бебчето ќе си напредува.
    Пробај прво наместо по 2 пати, да даваш еднаш по 30мл, па по некој ден прескокни ја и втората дохрана и продолжи само со доење.
     
    На medena147 и Autumn Love им се допаѓа ова.
  3. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.378
    Допаѓања:
    6.106
    10-20 мл е максимум јас што имам извадено со пумпа, и тоа ако врзеше навечер 5-6 саати, па син ми напредуваше перфектно само на доење до 6 месеци, а еве го уште цица 20 месеци е.
    Пумпа нека не ти биде репер.
    Лактација ќе зголемиш доколку го ставаш почесто бебе на града, а сѐ друго вода, овес, чај за доилки, сокови, безалкохолно пиво, е плус.
    Малку повеќе самодоверба и ќе исфрлите дохрана.
     
    На medena147 и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.921
    Пол:
    Женски
    Уште не сум почнала на работа и јас се враќам крај на мај. Купив пумпа се измолзев теи пати и ете ја стои во кутија, немам живци за молзење за 20-30 минути по 110 мл вадам и ме фаќа нерва прекинувам. Бебе веќе има три оброка по 100-120 г и пак цица после оброк, и за спиење и навечер.Како да се молзам кога он цица, а и не прифаќа шише па невњрувам дека ке го пие. Ке јаде повеќе количински кога ке тргнам на работа плус ке воведам млечно, па ке биде нешто со јогурт или к. млеко за ужина. Ке се снајдат, а за пумпата џабе си дадов 3500 можев нешто друго да му купам.
     
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.736
    Пол:
    Женски
    @macalavica потполно исто и мојата, ни шише прифаќа, ни има намалено на цицање. Исто оброци има три по 120, а почнав и со кисело млеко, грчки јогурт сега и несолени путер, урда планирам да воведам. Ќе пробаме и ние така дури не сум дома, па ко ќе се вратам ќе цица.
    Стави ја на продажба пумпата штом не ја користиш.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Мајки, бебе- 6 недели цице не фаќа ради мали брадавици, па се тегнеме со силиконска брадавица и допуна молзено. Прашања до другарките молзачки :)
    Кога одиме надвор, дали може да испумпам тазе млекце пред излегување, па да стои во изолатор за шише до 4 саати?
    Дали може да складирам млекце во стаклени теглички, кои би ги миела во машина, да си извадам колку ми треба од тегличката и пак да ја вратам во фрижидер?
    И тие што молзат ексклузивно, колку пати на ден се молзите за да одржите лактација? Сега молзам по 4, 5 пати на ден по 10 мин , и вадам за тековниот па дел и за следниот ден. Дали да останам на 5 пати или ако сме само на молзење да зголемувам, за да не снема млекце?
     
  7. Soyuq

    Soyuq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Можеш слободно да носиш едно шишенце за надвор, јас секогаш носам дури и за кратко ако сме излезени.
    Во фрижидер свежо млеко може да чуваш до 4 дена мислам.
    И за молзење, јас се молзам само вечер затоа што се насобира многу млеко но првите неколку недели се молзев после секој подој прво за да избегнам мастит второ да зголемам лактација
     
    На DaisyD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    107.616
    Пол:
    Женски
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilyRose

    LilyRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Ми дадоа антибиотик да пијам 10 дена за инфекција, каков ефект може да има на бебето? И онака има грчеви страв ми е да не стане уште полошо...
    Или да не треба да се одмолзувам нешто?
    Лекарот ми рече да ги пијам иако пишува да не се пијат при доење, дека оди дел од него во млекото ама безбедно е.
     
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Ако антибиотикот е компатибилен со доење, нема да има никаков проблем.
    Провери на e lactancia. Ако не е дозволен, побарај му на лекарот замена.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.364
    Допаѓања:
    18.587
    Прашај прво педијатар
     
  12. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    4.365
    Пол:
    Женски
    Мајки бебето ми е 25дена и млеко што се измолзев 100мл го испи цело и после 15-20мин пак града бараше,си викам многу да не му е тоа? И завчера исто вака направи.
    Не се молзам нонстоп,само кога ке осетам дека ми се преполни.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    107.616
    Пол:
    Женски
    Ама како осеќаш дека бара? Плаче? Па не плаче само за града, зар на секое заплакување на града го ставаш. Ако е така моево не треба од града да го симнам, се си ќенка. Може го мачи меше, сака да се гушка, топло му е... башка на нецел месец бебе и 100мл е многу, а не плус и града за толку кратко, ќе го боли меше уште повеќе. Ако веќе пиело млекце ќе го гушнеш, ќе го исправиш, ќе го пресоблечеш, па ако од ништо не се смирува ќе го ставиш на града. Бебе се дои на барање, но не секое плачење е за цице. Убаво е да се утеши на цице, ама тоа сега мака мачи со грчеви, уште му фали ти на секои пола саат да му туткаш ново млекце на несварено во желудниче тоа. И јас дојам на барање, ама гледам да има размак бар од 1 час, да не му го оптеретам мешето. Моето ако се прејаде стенка, жално е за гледање, стенка, сѐ мачи и дури не се изждрига убаво неколку пати не се смирува.
     
  14. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Да не сака да ждригне? Пред некој ден гледав некој трик, со прстот да го допреш бебето на крајот од устата, ако ја отвори тогаш е гладно. Јас на почетокот моето на секое плачење го ставав на града. И се смируваше. Колку што беше на града не цицаше сигурно, тогаш и не знаев дали цица или не додуша. Дали беше правилно или не, не знам ама и на двајцата ни беше убаво. :D И сега може да е најаден па за заспивање ако плаче го ставам на града, некогаш заспива така, некогаш се трга и бара нишкање.
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.077
    Пол:
    Женски
    Не бара града само кога е гладно. Може бара за утеха, бара блискост, или му се спие па сака така да заспие.
    Секогаш прво давај му да цица. Молзеното после ако има потреба. Ако си цица редовно веќе и не мора да молзиш.
     
    На АнаМаријаД, Coco31 и Pocahontas.93 им се допаѓа ова.
  16. Kateruna

    Kateruna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2020
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ако сака некоја мајка на близнаци да ми пише во порака. Ако може да сподели како комбинира доање со ад млеко. Јас незнам да се организорам немам време (голем дел од денот сум сама) па плачливи се а и сега имаат запек. Инаку 13 дена сме
     
  17. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.820
    Пол:
    Женски
    Јас нерви искинав денес и вчера
    Многу пасивно цица, цело време спие
    Дадов измолзено 50мл пола ми го поврати
    Може да спие од шо е гладна? Мочка ама не е какана два дена
    На два ума сум, да одам да барам апчиња за прекин на млеко или да се нервирам и плачам шо сум во ваква шкљ позиција
    Во петок дури сме на мерење, минатата недела за три дена само 40грама имаше качено, се си мислам и сега иста песна ќе е
    А од друга страна мислам депресија ќе ме утепа ако и прекинам доење
    Не се издржува,ич не знам што да правам
    По цел ден ја молам да цица, за другите девојчиња време немам 10минути;(


    ^И по 3саата знае да не бара, навечер едвај 2мин дали цица и заспива…. И по 4 саата не бара па тогаш правам ад и во сон ја нудам и пие.
     
    Последна измена: 24 април 2023
  18. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    3.041
    Пол:
    Женски
    Да пробаш да нудиш града, и после тоа секогаш да даваш дохрана. Ако имаш молзено тогаш такво најубаво ако не ад. Ако не бара сама на 2,3 часа буди ја и нуди. И 2 пати да потегне од града битно ставај ја, па после дај шише. Иста песна сме, топ не ја буди.
     
  19. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.497
    Допаѓања:
    1.416
    Мајки ние сме скоро 21 месеци, планирам да го одбијам наскоро .. А и би сакала да купам детокс микс чајче да пијам или не е препорачливо, дали со тоа нешто би му наштетило на син ми ?
     
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.820
    Пол:
    Женски
    Ако затвори уста нема сила што ќе ја натера да отвори и пие. И пишав на педијатарот да ми каже како да ја хранам со ад, на кутијата пишува по 90мл што мене ми е премногу, она едвај 60ад пие и бљуцка после него.. сакам да ја дојам и неа ама неподносливо ми е, има убави денови кога цица по 10-15мин ама пример никогаш не цица од двете по толку, дали два-три досега се десило. Три недели е,зарем уште нема сила :(
    Добро напредува кај тебе и покрај тоа што спие многу?