Издржи уште малку, верувај, на пола пат си да се воспостави рутина, не се откажувај. На 3 недели сеуште е мало, моето дури после 6 недели фати ред да цица поише. Нема ни 1 месец, сеуште само спие, нема сила. Буди ја ти да се доцица па ќе пивне и дохрана.
@Chanell* Не напредуваше добро дур бевме само на цицање. Откако давам дохрана молзено, подобро напредува. Јас давам околу 60мл дохрана и дури и заспана ја пие. А за храна не плаче ич. Не знам што дете ќе беше.
Да на 3 саати нудам града па давам молзено. Ни еднаш не ми одбила шише. Сите 60 си ги пие дури и кога убаво цица.
@Chanell* @Thinkerbell. Иста песна сме, скроз. Не уживам во доењето баш од таа причина што сѐ е орле зорле уште првиот ден. Препишувавме на маленко е нема сила да влечи (прематурче го рачунаат во 36та се роди), па после од жолтицата е успан. Еве веќе е исчистен 90%, не е жолт, пак иста песна. Млеко имам, греота ми е да не цица, а сакам стрикно на града, не сакам да се молзам многу време одзема. Ако морам, ќе се молзам де фала богу. Еве форсирам 3 дена само града, шише еднаш или двапати само (кога дремнувам некој саат и маж ми го чува) и врска немам дали е најаден. Фатив вага си порачав, чекам да ми стаса, се надевам многу дилеми ќе ми се решат, дали влече, дали голта, дали накачува. Три недели и некој ден е и моево инаку. Знам само дека нејќам да се откажам од доење. Тешко е, ама стварно многу сакам.
@DaisyDoo И јас сакам, посебно што другите ми се скоро по две години доени, си мислам ќе му ускратам многу гушкања,галење,утехи поврзани со цице.. ама ме изнамачи. Моето е 37ма ама со сите мерки на 35та одговараше и неа ја рачунаат прематурче,се роди 2400 првата недела место да качува она падна на 2150, исто со жолтица беше.. Ја бањав денес кон 8 и за прв пат денес цицаше, инаку цел ден од шише давав мое млеко. Тоа е баш за нервоза, од цел ден молење дури сега да фати! Сега цицаше плус молзено 40мл испи и заспа.. во среда бевме минатата недела на мерење па закажав пак во среда наместо во петок, да видам како напредува. Ако видам на вага пак некоја мала бројка како 30-40грама одма без размислување прекинувам.
Мајки кои молзите млеко,колку молзите и давате во 24 часа? Од раѓање,сега е веќе две недели пие само молзено оти е прематурче и нема шанса да трга сама,напредува супер вака ама почна со 120 мл на 24 часа за сега да пие 400 мл.Душа ми излегува од молзење,ве молам за совет на колку часа се молзите,што правите друго за млекото? Јас имам ама ми е страв дека ќе наголемва побарувачка а јас нема да постигнам да измолзам колку што ќе има потреба....се исцрпувам....
Мојов се роди 2590, излеговме 2400. За нецели две недели на мерење кај педијатар беше 2570 (не било доволно качување 21г дневно, требало од 25-50) и не советуваше да отидеме за една недела пак на мерење. Јас таа недела се молзев и го товев детето од страв да не почне да паѓа или да не останува гладно. Де шишиња по 60, 70, 80 мл, де града. На следно мерење беше 3110 г. Рече напреднал дури 500 и нешто г за една недела, над 70 г дневно. Не ни искоментира дека е многу само ми кажа, еве ти момент да форсираш града, да го префрлиш скроз на доење. Од тогаш 90% цица (еден Господ знае колку и дали), другите 10% се шишиња молзено. Дефинитивно не ми полни пелени како минатата недела и дефинитивно ми делува подослабнат. Ќе следам со вагата што чекам да стаса. Планирам да мерам по секое цицање да видам колку внесол, така правеше и Јасна кога беше кај мене. Ако имаш мегдан дома да ја мериш ако имаш некоја вага, чисто да водиш сметка.
Јас на почеток се молзев на 2 саати зошто бебе не цицаше и немав млеко. За стимулација- Лактил апчиња, чај Лакта микс мин. 1 литар, чај Холе околу 2 чаши, чај од грчко семе, овесно млеко, power pumping бар 2 недели еднаш или 2 пати на ден. Исто пробај рачно молзење после пумпање, и обавезно пумпање навечер, се лачи пролактинот тогаш највеќе. Јас немав воопшто и без стимулација на бебе ми беше многу страв дека нема да имам млеко, ама еве сега за сега е таман, па и залихи правам Сега сме 7 недели, молзам по 5 пати на ден, и зависно од тоа дали цицнал нешто или не, во просек вадам околу 160 мл на едно молзење.
Пробувај и цице давај, пробај и со силиконски брадавици, со тек на време да се префрли целосно на цицање, иначе со молзење е измачување и со тоа и побрзо откажување од мајчино, сега дури нема сила да влечи дури накрени на килажа држи се Моето супер фати лесно, ама голем имаше сила да влечи, пак после секој подој молзев уште малку за да имам повеќе млеко и одвај 20мл ќе измолзев, тоа го фрлав не му давав шише, и мн ме нервираше молзењето, првите 2 месеци ми беа претешки, крвави брадавици, болки, плачев дури цицаше, после се среди си фативме ред и песна беше доењето, 1500г-1700г на месец ставаше.
Веќе е многу тешко јас сум преморена и за ден два ми се чини нема да можам да и задоволам потреби...на цице само ср гали пробва да трга и не...очај...какви силиконски да земам? Немам искуство со првото одма ја доев.Сега Филипс авент пумпа зедов и сум презадоволна од неа да не беше и досега немаше да успеам
@AngelOfArh @IRBBB мајки да не знаете дали може да купам детокс микс во кам што е , планирам наскоро да го одбијам ако успееме.. Дали би му наштетило на син ми ако пијам сега по едно секој ден? скоро 21 месеци е
Јас пробав и авент и медела силиконски, меделата ми се подобри. Ѕирни на нет само како треба правилно да се стават и да го погодиш бројот, ама штом е прематурче веројатно S- број 16. Има на Митра со достава. И да доиш со силиконски препорачливо е некој месец и да пумпаш зошто многу е помала стимулацијата со силиконски. Мене лично сега за сега пумпањето не ми е така страшно, можеби затоа што самите обиди да фати гола града ми се хорор филм. Повеќе ме нервира стерилизирањето на шишиња и пумпи па таа задача си ја превзема мм
Мами, немој да се оптоваруваш со вагата и со константно мерење. Јас исто ко тебе купив вага мерев подои и освен што си напраив стрес ништо не постигнав. Се случуваше една недела да не мрднат со грамови, следната да надокнадат и месецот да го завршат со супер напредување. Бебиња се тоа, 100 грама зависат кога цицале кога мочкале а тебе ќе ти се чинат планина...штом ти напреднал 500г за една недела значи супер си е, следи пелени, следи дали бебе е мирно среќно и не си прави стресови и се ќе си дојде на свое место. За кратко ќе си го научиш бебето, ќе знаеш кога е гладно кога не е. Сите сме го поминале ова што го поминуваш ти а верувај немало потреба од стресови.
Јас никако не успевам да дојам жени, се измачивме, секаква позиција пробав, де со бабица вежбавме, часови слушав, со силиконски пробав, не сака и не сака, пред некој ден фати малце ама одма пушта и вришти, многу мали брадавици имам и рамни, ич не погодни чинам за доење. Го хранам моментално со молзено и со дохрана, успевам 30-40мл после секое хранење да измолзам, па прво му давам молзено, после дохрана. Вчера го мереа супер напредува и он си е задоволен му одговара ваквиот начин на хранење ама мене ми е криво што не можам да дојам, плус сите секој ден тоа ми го повторуваат, на глава ми се качија и притисок ми вршат, вчера и се развикав на мајка ми, ставај го на града упорно, викам го ставам и не сака, сите ист муабет, како мене да не ми е мака од миење шишиња како улава и спремање формула па намерно не сакам да дојам. А сега ве читам моето излез еод болница со 3600, се роди 3730, вчера на 10 ден мерење беше 3680, докторот рече супер е, до две недели треба да се врати на родилна. Ве читам вас по колку напреднале за недела и се исплашив, 80гр не е малце? Не знам што да правам, мм ми вика да им кажувам дека дојам и крја на приказна, а ние ќе си го храниме како сакаме…
Јас од прва имав успех со силиконските на Медела. Меки и тенки се, одма ги прифати бебето уште во болница додека бевме. Првите обиди без брадавици беше тешка фрустрација и за мене и за бебе затоа што имам рамни брадавици и немаше шанси убаво да повлече. Што викаш, се лигавеше и мезеше, а ако беше ептен гладна се корнеше од плачење. Ги купив за дома да продолжиме и еве супер си тераме. Од брадавиците и од повремено молзење со пумпа веќе ми се подиспакнаа и моите и сега фаќа и без нив, ама се уште ги користам додека се осигурам дека може и без нив.
Не фати силиконска? Види од искуство молзење е многу мачно, ама не е неизводливо, ти кажува мајка што 1г молзеше. Само упорност сака, ќе молзиш на 2 до 3ч, односно како оно пие млекце ти така молзиш. На почеток нема да имаш многу млеко, ќе биде тешко, ќе биде болно, ама после како ќе почне да тече млеко повеќе ќе имаш и за складирање. Само набави си двојна пумпа, еден спортски градник ќе го дупнеш за да можеш да пикнеш инките внатре да се молзиш полесно, стимулирај при доење и толку. Ти таму имаш и повеќе избор, најди ги тие хендсфри во градник што се ставаат, е тоа ти е раат работа, ем со бебе ќе си бидеш слободна, ем ќе можеш да си работиш, ем ќе си молзиш. За миење и стерилизирање, не мораш на секое, исплакни ги со топла вода само деловите и во зип ќеса чувај ги во фрижидер, само навечер ќе ги миеш. Побарај на инста има куп типс енд трикс за молзење.
Колку месеци сте? И ние сме со силиконски, ама бебе си сфаќа дека треба да спие на града, плус преморен е од врескање од грчеви, па немаме секогаш успешни подои. Ептен се надевам дека ќе почне да фаќа без силиконски кога ќе потпркне, многу ми е криво што не успевам да го дојам.