Една недела има беба. Ја ставав на града со силиконски уште пред да ми дојде млеко. Она ми го извлече колострумот, па после почна да надоаѓа млеко наредните денови. И мојава сака да си дремне дур цица, ама веднаш штом видам дека неколку секунди си дреме на цицка без да влече, само нежно ја притискам со прст под долната вилица за да и се активира пак рефлексот за цицање. Ако ептен е успана ја расоблекувам или скроз прекинувам доење ја гњавам малку со држење во раце и скокоткање да стане па да продолжиме.
@Giovanna и моите се рамни нарачав сега од овие што ги имаш ти, ќе пробам и со нив, ме охрабри малце со мислењето, јас живци искинав.
Ист случај со мали брадавици. Првите недели дури му давав упола ад, демек да не се успива и да пробуваме на града повеќе. Страшна грешка- завршив со разврескано дете, мислам траума му направив од голи гради. И кај мене има 101 прашање дали конечно фатил, ама решивме да тераме како сметаме дека треба, се друго на ignore. На крајот на денот целта ми е да пие мајчино па било со силиконска или молзено. Гледај ти да си психички како што треба и бебе да е најадено, здраво и среќно. Со упорно молзење ќе добиеш повеќе млеко, па секако ќе се пробува во меѓувреме дали ќе фати.
Супер е тежината, до 15 дена треба да ја врати родилната тежина, сѐ повеќе од тоа е плус. Јас не можам да ги разберам нашиве педијатри шо им бараат за 2 недели да изгубат тежина, да ја надокнадат и да стават плус уште 300гр??? За доење/молзење/ад да ги откачиш сите што ти прават притисок и да си правиш така како што тебе најмногу ти одговара и ти е најлесно.
Тоа сакав да ти пишам, има многу врска со какви брадавици си пробала. Некои се покрути и тешко му е на бебето да влече. Не дека е 100% гаранција со Медела, ама дефинитивно сите што сум ги прашала а пробале свашта, само нив ги препорачуваат. Значи не е само моево искуство. Штом имаш млеко надојдено, мислам дека одма ќе фатите ред. Ај баш пиши што ќе направиш.
Супер сте вие. Ние 7ма недела тераме абер нема да фати без силиконска, а секој ден пробувам на првиот подој. И вадење со пумпа, и мм со шприц од страна да става, други позиции, кога е мртов гладен, кога е поднајаден, во сон, на пола подој да вадам силиконска, џабе никако нејќе. И јас го будев на почетокот ама сега ми е мн жал, по цели ноќи не спие од грчевиве.
Пробав и со извлекување прво со пумпа, со капнување и со формула капнување, не сака и не сака, ама енос ни две недели не е, од која првата му беше многу стресна со боцкање, болници и ант, па мислам дека сега свикнува дека е сигурен. Фала ви на советите ќе пробам и до овие брадавици, ако не бива ќе се молазам само и крај. Ќе ми стада електрична пумпа кај и да е па вајда полесно ќе биде.
Искрено и да остане на силиконски, ич не е страшно. Наше е да пробуваме, па сега боже мој. И јас истото би го правела како тебе, не гледам што друго дополнително можеш да направиш. Најважно е да е најадено бебето, не се живее па ни така у секојдневен стрес. Ова со грчевите ми е еден од поголемите стравови како ќе биде. Уште од сега знае некогаш да се згрчи кога ќе се прецица па и е тешко на стомакот. Многу ми е мака да ја гледам во тие моменти, тек со грчеви цел ден се надевам ќе ги поминеме полесно, инаку уште од сега да се спремам да си плачам со неа заедно...
Свесна сум мајка. Еден ден ќе се вразумам и јас, знам. Ама до тогаш мора да бидам контрол фрик . Откако е на цицање претежно, мирен си е тој, ама многу поретко кака, тоа дефинитивно го забележав. 1-2 каки дневно има, а додека го товев со молзено таа недела кога качи 500, какаше мнооогу почесто. Едвај чекам да го научам, вака имам чувство како сѐ да правам грешка.
Не сите се слагаат со мене дека бебе не плаче само за цице, еве сум осетила и кај моето, плаче, дај му цице нејќе, соблечи го надоле мирен, значи склет му е. Сега веќе му го разграничувам плачот, кога му се цица, кога му се спие, според тоа колку цицал и можам да препознаам нели, па така отприлика на час до час и половина знам дека плаче за цицање, сега цицаше пред 40мин ама не се доцица ама му се гугаше му се играше и прибрав цице си игравме, ама му се приспа и пак побара порано цице и му дадов, на 3 смукнувања заспа, не се тргнав го оставив и поцица уште малку.
Здраво мајки. Ве поздравувам сите. Тајно ве читам демек да поднаучам нешто Јас денес 37 полни, се надевам за брзо ќе се префрлам во оваа тема. Прва бременост ми е, и малку сум збунета околу целиот процес ама се надевам ќе се успее... Околу доењето ќе дадам се од себе, колку што можам ќе се потрудам, се надевам ќе успеам, и со сигурност ќе ве замарам вас тука... Се припремам за во болница, имам уште нешто ситно да купам, па се мислам дали да земам силиконски брадавици за таму или ако ми треба ќе ми купат ќе ми донесат? Ми го кажаа некој чај од DM на babylove за зголемување на лактација, дали да почнам сега да пијам, или во болница ако дозволат, или пак дома здравје кога ќе не пуштат? Купив крема за брадавици, ги мачкам сега од време навреме... Што е вашиот совет, пред да почнам да применам за успешно доење?
Чај не од сега, немаш потреба, крема ако ја зема од ДМ на Бејбилав смени ја не ја бива. Јас купив на Леа и на Сенсилис пошто Медела никаде не најдов и супер ми се покажаа. Чајот од ДМ е супер, и јас го пиев, ама ти викам, тоа откако ќе си дојдеш дома.
Те прочитав порано дека ја пофали кремата на на Леа, и таа ја купив... Чајот ми е купен, ама нека чека за кога ќе дојдиме дома... Е сеа се мислам уште за силиконските брадавици, ми е страв од раскрвањување, и многу болки, па сето тоа да не ме исфрустрира и да ме стопира во процесот...
Поздрав и до тебе, со лесно сега си на крај ќе ни се придружиш и ти тука кај да е. За силиконски не брзај ќе видиш бебе како се снаоѓа, како ќе фати. Прво потруди се да фати, за силиконски дај боже да немаш потреба. Во врска со чајот сега не треба да пиеш, а во болница млеко ќе ти надојде не би требало за таму, мене не ме оставаа ради што одеднаш ми дојде млекото и градите ми беа жешки полни може да направиш мастит. Пупките за сега мачкај си ги редовно, носи си го и во болница ланолинот, првите недели обавезно мачкање на пупки.
немаш потреба од силиконски сега, лесно ќе докупиш не верувам дека ќе ти требаат Само упорност и психички да не се откажуваш, боли првите неколку дена после тоа лесно ќе ти биде, зависи каде ќе се породуваш, барај сестрите да ти покажат што како околу доењето, гледај видеа на youtube сега, да бидеш подготвена
Јас би ти рекла да си земеш, имам убаво искуство на Медела но предоцна ги земав и едната брадавица никако не ми зарасна. А тек да ти купуваат, да ти носат, да губиш време... Што знам, сепак подобро имај ги отколку да се нервираш. Ако не беа тие силиконски да ме спасат да не осеќам болка секое доење, досега ќе бевме на ад.