Има во h&m али црни боли глава, не ми текнува точно цена ама 2 обични памучни маици беа над 2000. Малку претеризам. И јас како Ано, носам кошули претежно, што да правам. Дополнителен проблем ми е што не можам да носам градници со жици, се навикнав на овие без и тоа не изгледа ич убаво. Навистина приоритет ми е бебе, ама ете денес треба да одам малку повеќе во цивилизација, не тука само кај нас во комшии, мора да се облечам, фармерки, пантолони, не идат во предвид од спиналната ме стега, хеланки само носам, со кошула не иде... тоа искачање од дома подалеку од улица две за шетање само, смрт ми е. Имам 1 фустан на копчиња и тој го оптеретувам, ама и тој ми е без градник асален коплициран се откопчува.
Фала ти. Добро е да се има како опција. Да, поприлично скапо, ама па ако не може да се најде на друго место тоа е.
Ако ти се чека, од али експрес да си порачаш.. има таму еден куп маички за доење јас сум со прслук за доење и маички без ракави што се тегнат малце повеќе и така функционирам
Јас од h&m ги начекав по 300 денари на попуст изнакупив такви како на преклоп, и плус градници земав што се отвараат, ама страшна нервоза ме фаќа додека да отворам и да откопчам се а бебе плаче. Мене најпрактично ми е со обична памучна маица и без градник зашто ептен рани ми се правеа на почетокот. Ама сепак си е индивидуално, секој со својата комоција.
За дома е лесни, со маици ид мм бркам работа, за на шетање е проблем. Бебе мое уште на семафор немаше цицано, денес ако видовте будала на семафор кај Порта Влае кон Ѓорче што седи на ѕидче и дои, јас бев, бебе вресна и не застануваше, морално беше.
Мајки, дали имате редовни циклуси? На ексклузивно доење сме скоро 3 месеци, се уште сум немала циклус. Природно сум породена. Нормално ли е?
Немам ни јас. Имав болки ко да ќе добивам секој месец ама јок, точно 1г и 1м од последниот циклус, 9м трудна, и еве 4м пост партум немам добиено
А јас ако кажам дека 1 год и 1 месец немам? Се подув како балон, секаде отоци имам. Еднаш само добив обилно зимоска и сега секој месец на датум само кафеав премиризлив исцедок. Катастрофа.
Никакви циклуси немам. Мене после 50дена од породувањето ми дојде и првите неколку месеци редовна беше а сега ни се знае циклус ли е што ли е. Во март скоро цел месец крварев едвај го спречиме, сега на почетокот на месецот имав малку сега пак малку по обилно,каша попара е кај мене.
Еве јас.. кога осеќам дека ќе ме фати одма пијам б6 и кетонал и така ми проаѓа.. а кога не сака да пројде после 6 саати пак пијам кетонал со б комплекс и кафе и кола кола и кога можам да поспијам (читај никогаш) И јас 3 месеци е бебе уште не сум добила.. со првите две деца одма после 40дена ми дојде ама со ова уште не. И мене ќе ме заболе стомак и си мислам еве добивам ама ништо.
Јас добив уште пред 40 дена, а на ексклузивно доење сме и од тогаш редовно добивам. Мислам дека ова моево е отстапка, всушност нормално е и најчесто нема циклус затоа што пролактинот што се лачи ја запира овулацијата за време на доење. Гинекологот ми викаше дека бива и вака.
Значи смееме кетонал така? Јас ибупрофен пијам. Што убаво во бременост немав мигрена сега што и текна да ми се врати незнам..