Ме фати некој вирус, носот ми тече како чешма. Дали смеам да се напијам риностоп? Докторката ми е втора смена, моментално немам кого да прашам..
Те разбирам. Плус и витамин ц може, да чистиш со солена вода, мене марисол ми помагаше. За ринистоп 99% сум сигурна дека не е дозволен. И сличните на него, како бронлес, па ни тајлохот фервекс итн.
Ти благодарам многу. Чистев од сабајле 2 пати со солена вода, пијам и вит ц во големи количини. Плус камилица 2 шолји се напив, правам гаргара со лимон и црн пипер. Носов веќе ме боли од бришење но тоа е тоа, очигледно треба време да помине само дод себе. Само бебе да не ми префати, ќе издржам јас.
Ме знам дали е за тука прашањево сли ми се поврзува некако со доењето ваљда. Екстремно ноќно потење 4 ипол недели сум породена. Менувам по 3 утоп пижами секоја вечер. За мирисот нема да коментирам секако е ужасен ама количината ми е загрижувачка. Некоја како мене?
Не е само доењето. Хормони се враќаат во нормала. До лето ке се стабилизираш. Замисли како им е на тие во лето породени. Само се хидрирај добро и уживај со бебе.
Јас бев ваква, и од тоа што истражував најверојатно од хормоните е. Дента кога се породив три пати ме преслекуваа вечерта на болница и плус цела постелнина и јорганче ново од што беше се водено утоп. Дома продолжи потењето, се среди само од себе после месец-два.
Нормално е, кога ќе се сетам на тој хорор ми се стемнува. Абе 5 минути очи да склопев жива вода се правев. Ќе помине, издржи.
Ако пиеш и бруфен, на тоа додај како дополнително причина за потење. Јас додека сфатив дека од бруфенот се потам ко невидено, аууу... Пиев бруфен за тт и болки во глава кога фатив гнојна ангина.
Ај ве молам за помош ... Додека бев трудна миризбата под мишки е неподнослива па помина само од себе после пораѓај , и сега се враќа пак и се нервирам како да ја тргнам миризбата ? 21 месеци е син ми, има ли некоја искуство ?
Добив 8 ипол месеци откако се породив, ама траеше цели два дена и не беше воопшто обилна, туку онака. Нормално е? Мислев првата менструација после пораѓај треба да е така доста драматична мене скрос ме изненади, немав никакви болки ништо (освен што бев многу стрвна ама не го поврзав воопшто со менструација). За миризба кај мене само сода бикарбона помага. Ја мешам со кокосово масло во кутија од крем и мачкам секој ден. Кокосовото масло е за да се задржи на нешто содата. Можеш ако имаш и некој шеа путер да ставиш или што било да си играш.
Што можам да се напијам за болки во грло? Омалаксана сум, со главоболка, на човек не личам. Септолете смесм да ублажи болка? Парацетамол генерално за состојбава не помага
Дали и кај молзењето важи исто како и доење од града-колку повеќе молзење толку повеќе млеко? Почнав со многу млеко за сега по месец да неможам да и ги задоволам потребите само со молзено.Таа да цица не е опција барем уште месец оти е ситна прематурна и нема сила.Некои искуства и совети?си набивам грижа на совест....
Иста бев вчера, денес сум подобра. Парацетамол на 4-5 часа зависно од потребата, прополис, супа, лимон течности.. тоа пиев. Мене ептен ме мрзеше иначе добро е за болка да врзеш марама со црн пипер на неколку часа. Има лош вирус јас добро поминав, околу мене луѓе стигнаа до антибиотик.
Мене после 4 месеци од пораѓај ми се зголеми потењето и имам појака миризба на потта. Инаку, лекар ми кажа до година дена се регулираат хормоните после пораѓај.
Па да, ако молзиш повеќе повеќе ќе надоаѓа, но не како со доење. Нема споредба. Иако е ситна, ставај ја на града да фаќа и така повеќе млеко и ќе се лачи, ќе стимулира. Тешко дека ако ја ставиш на 3м на града ќе фати бес мака. Ако нема пречка од типот подврзан јазик ставај ја. Ако треба вметни силиконски, ќе се убрза процесот. Сум ти била во кожа од искуство ти пишувам.