Секогаш има исклучоци, најчесто за месец два се средува. Ама 9 месеци си бремена, толку и треба да се врати во нормала телото.
Какви да земам силиконски? Имам доста големи гради о брадавици дали тоа одат по броеви? Ќе пробам ср очајна сум а несакам да го загубам млекото
Има с м л најчесто, медела има 3 броја знам, ама и од други сум гледала дека има повеќе опции. Не се откажувај, ако треба контактирај ја Наташа Доење со љубов.
За да се одржува лактација во првите недели потребно е да се измолзуваш 8-12 пати на ден, што значи на 2-3 часа.
А ти како молзиш на колку време? Се молзи на 2 до 3ч макс, исто ко да би цицала. Затоа ти викам, земи си силиконски и ставај ја на града. Јас имам големи гради и едната брадавица ми е голема, другата помала, М се моите, ок се. Ти викам ако тек за 2м ја ставиш на града тешко дека ќе фати, колку сака нека е мала сега, и јас родив мали бебиња, ги водат прематурни, малово од прва фати, одма, ко пијавица, големото не бидејќи имаше подврзано јазиче, тој воопшто не цицаше.
дали ги будите навечер за доење, 7 недели е бебе нокеска 5 часа спиеше па се исплашив по колку спијат на таа возраст?
Ако добро напредува нека си спие, не го буди. Моето истиот период почна по 6-7 саати да врзува спиење. И матичниот ми рече да не го будам. До 3ипол месеци (до 4ти скок), така спиеше. Сега на скоро 6 месеци се буди бетер од новороденче. Ми наплаќа за тоа што спиев тогаш
Мене ми се бери 4,5 пати во 24 саати.Ми се чини на 2 сати да молзам ќе ми паднат градите и ништо нема да излези.Значи да земам М големина за големи гради...
Премалку е 4-5 пати. Тоа се 4 до 5 часа без цицање, затоа е мала количината. Мора да ја ставаш на града, првично со силиконски, после без за да стимулира, ама и да молзиш редовно. И 20мл да излезат млеко следниот пат ќе бидат 30, следниот ден 50 и ќе дојдеш до 100-120мл од града на молзење.
Здраво мајки Сакав да прашам дали е дозволено да се пие Лентрика 5мг и Декортин х20 за време на доење? Детето е поголемо има 2 и пол години Ви благодарам
Морам посебен пост да не ми се изгуби постот. Мустела балсам за брадавици некоја користела? Значи лом ми се брадавиците што цица почесто сега во скок кога е, лом. Поише ме болат него ли на почеток. Потрошив ланолин повеќе него ли за овие 4 месеци досега. Цица, јас си офкам и он се кикоти.
Девојки кои имате алергии на полен и плус целогодишна на прав и грини, како се справувате периодов? Јас официјално почнав да сум си неподнослива од вчера, константно кивање, растечен нос, грлото дури ми е осетливо од што се слева секрет во него. Знам дека повеќето лекови за алергија не се дозволени за време на доење ама ме интересира како си помагате? Без ништо тешко дека ќе издржам, многу ми е неубаво, не можам да се поднесам. Исто не знам каков доктор да консултирам за ова..