На исто сме алергични, со тоа што кај мене е висок степен на алергија. До сега 3 доктори имам консултирано меѓу кои и Старова. Сите беа децидни дека ништо не се зима кога се дои. Во бременост една докторка ми даде на природна база спрејови ама џабе фрлени пари ништо не ми помогнаа. Сѐ уште до толку не ми прави проблем алергијата дека ладно е. Но, не за долго. Планирам високи дози на витамин Ц, миење почесто на лице и белогент маст во уво. Планирам и во нос да почнам да мачкам од маста да видам дали и таму ќе ми ублажи и да земам спреј од морска сол за носот. Би ми значело и на мене некој кој го има овој проблем да сподели нешто плус како се справува(л).
Имам оток и црвенило на ногата и морав да се напијам едно апче Декортин Не знам дали може да продолжам со доење
Јас мислам додека не се стабилизира да не брзаш. Јас сум 4м веќе породена тек сега ќе почнувам месецов со режим и вежбање. Дај си време да се воспостави лактација. И секако без строго диета, корегирана исхрана само, без јх и без бел леб, почесто а помалку.
Од овошје и зеленчук што јадете? Јагоди јадете додека доите? Јас освен банана и јаболко немам ништо друго каснато од овошје
Јас јадам, не сум видела дете да ми се нафрли. Јадев се освен грав, леќа, боранија, зелка, ама полека почнав и тоа.
Јас првично пиев лоратадин но немаше ефект, после во консултација со педијатарот на синчето добив дозвола да пијам рупафин и да прскам фликсоназе во носот.
Не најдов ништо вакво. Во бутик Различни купив кошулка со три копчиња, блуза со длабок в израз и фустанче на преклоп. Ке пројдам некако.
На страната на Анни Фарм ги има и пишува дека има уште 6 на лагер можеш да се јавиш да ги прашаш најубаво.
Фала ти бев земав таму имаа. Него како ги давате? По упатството како што пишува пример од 9-11 капки?
Јас конкретно не сум ги давала нека пишат другите кои ги користеле или најубаво во консултација со педијатар.