@Bubish26 @Iris-1234 @LaDyDoLl Бебе е 2 месеци. Доеше кога сака колку сака. Напреднато е 300 гр за 21 ден што значи 14 гр дневно. Малку е. Педијатар ни се Паскалови. Не рече со тој збор да отстои, туку објасни дека ако бебе цица цело време цица вода некалорично млеко. Треба да има пауза од 2 саати за да стане покалорично. И мене не ми држи вода ова, повеќе ќе кажам дека немам доволно млеко. 2 месечно бебе не е нормално како јовороденче да е на града цело време. Исхраната ми се разновидна, јадсм буквално се здраво, овошје, зеленчук, месо, пијам чаеви во голема количина, вода исто. Пијам и лактамил за лактација. Консулторан е лактациски консултант од старт, и во тек е со развојот. Се што кажа направив, нема повеќе што да се направи очигледно штом вчера веќе не ми пиша. Со тешко срце давам АД но проблемот е што не прифаќа. Затоа реков некоја со слично искуство да пише како успеала да додаде шише после доење. Денес ќе пробам и со Др. Браунс шише. Фала ви мајќи, знам дека е најбитно бебе да напредува и да е здраво и право. Ама опседната сум со доење и многу ми паѓа тешко, не можам да го сменам ова чувство на вина
Јас за првото кога требаше да давам дохрана зошто не напредуваше исто така вртев со сите можни шишиња и само томи типи ми го прифати во тој момент. И не очајувај. Ти секако додека има макар и капка млеко ставај го детето, а дохрана после подој и малку опушти се. Знаеш дека стресот е голем непријател на лактацијата. И 16 гр дневно и не е трагично. Да идеално е бар 25, ама ова вашето не е толку страшно. Сепак има напредок, а како што викаш детето си полни пелени.
Врска си нема ова оваа констатација. Тоа е како да ти кажал млекото ти е само вода што апсолутно ама апсолутно не е точно. Јас ги слушав и предавањата од Систина и баш го напоменаа ова дека млекото не може да не е хранливо па макар бебе и да цица на 15 минути. Консултирај си лактациски консултант што побрзо.
Јас сум за тоа на почеток бебе да јаде под ред, под саат, пред се за да достигнеме момент на ситост, но на 2м не. Нас советот на Паскалов ни помогна многу за ова но не беше да стане млекото покалорично, туку бебе да биде доволно гладно за да цица повеќе и да дојде до покалоричното млеко, не на секои пола саат по 5мин, туку на 2ч по 20мин. Тука до месец ипол веќе напреднавме доволно, исфрливме шише и сега си цица кога сака колку сака, но пак гледам да е бар на 1ч, не за друго, ако цица почесто има повеќе шанси да има гасови бидејќи млекото нема време да се обработи и му ствара тегоби. Тоа кај нас така делуваше. Бебе новороденче нема не плаче само од глад, а утеха не е само цице, во спротивно овие на ад живи неутешени се значи, така да ако почнеше да плаче прво пробував да го утешам со гушкање, со близина, па ако ништо не успева давав цице и порано. Бебе на цице 24/7 не сум држела, а да се разбереме имам убер плачливо бебе. Дури и лактациските консултати се слагаат дека млекото првите 5мин е поретко, потоа доаѓа густо масно млеко, така да ако бебе на пола саат цица по 3мин тешко дека доаѓа до млекото кое треба да го засити. Од тој аспект бар 1ипол час да помине да биде доволно гладно да цица повеќе и да дојде до млекото кое ќе го засити и ќе го држи до следен подој а со тоа и ќе напредува. Не мора да се слагате со мене, тоа е мое размислување и со тоа размислување јас успеав да го одржам млекото и бебе да е на доење и покрај кризата што ја имавме на почеток.
Некој го опишал предното и задното млеко како: "кога пуштате топла вода на чешма која подолго не е пуштена треба повеќе време за да дојде топлата вода. Ако ја пуштите пак за кратко, топлата вода ќе дојде многу побрзо". Епа исто и со млекото. Затоа и се препорачува детето да продолжи да цица од градата кај што застанал на последниот подој, ако цица од двете гради на подој. Градата мора да се испразни за да му се даде знак на организмот за производство на млеко. А на барање се дава затоа што не знаеме во претходниот подој колкав трансфер на млеко се направило.
До сега сме само на доење. Кога ја оставав дома се одмолзував но некако многу тешко почна да ми оди оваа со пумпата 30/40 со маки. Дали може да и оставам адаптирано кога не сум дома секако ќе се советувам и со педијетарот само сакам мислење
Ви благодарам многу на сите. Успеав да дадам дохрана 15 мл, едвај. Очигледно нејќе бебе. Ќе продолжам со доење, навечер пред пиење ќе пробам ако сака дохрана малку ок. Ќе се обидам деновиве да цица до крај, прво да празни една града потоа друга, па ќе почнеме од таа последната. Јас баш и не внимавав на овие работи, може ќе придонесе за поголем напредок кај бебе. На контрола сме за некој ден, ќе видиме како ќе биде.
И јас не внимавав и тоа придонесе да ми се намали млекото и морав да давам дохрана 2-3 пати во денот. Ама сега се средува полека, ако можеш навечер да се молзиш, наредниот ден тоа можеш како дохрана да му го дадеш, ако не прифаќа формула. Најважно без дополнителни стресови, се ќе се среди.
Од стрес денес ни гради полни осеќам, ни бебе убаво фаќа цел ден Ја губи брадавицата во уста Средната ќерка е 2годишен тодлер кој го фаќа љубомора, се соблака гола и ми бега така надвор дур ја дојам малата, истура вода/сок на под, истура вода со чинија врз пералната а вклучена.. и уште милион глупости. Како да дојам кога детево е во постојана опасност, како? Има искуство некоја со повеќе дечиња дали успеале? Малово по 2-3мин цицаше во рок од 3 саата, не ја остави и не Цел ден плачам
Под клуч во соба, нема друго. Лошичко така да си во незавидна ситуација. Не е дека си снемала млеко, имаш млеко, ама дека не цица убаво така се осеќаш. Немаш помош да ја оставиш на некој?
Ама на секое доење и исто Ај еднаш двапати со свеки ама па цел ден не можам Навечер станува од спиење и иде во спална кај нас и плаче и ме тера да ја нишам на нозе да не цица бебе Ми вика да одам во кујна са му праам мњам мњам а не тука (покажува на градите) У ж а с Ич неубаво цица не знам што се деси, ама се изнаплакав поштено цела отеков мислам И чаеви и сок и вода, не бре ко првпат да глеа цицка
Смири се, те осеќа и тебе дека си вознемирена. Ќе биде се во ред. Имам познаничка што го одби малото ради големото, големото не даваше малото да цица и крај, не и не, со трескање од земја, со закани дека ќе го фрли низ тераса малото, со се. Јас не би постапила така, што знам, особено ако е дете со кое се разговара, ама тоа јас, секој си знае за себе како да постапува, нели.
Денес имаме проблем со доењево, не знам до што е можеби е скок во развој... бебе е за недела 2 месеци. го ставам на града цица 5 мин и после се трга и плаче вришти па после на другата и пак исто плачење ... му давам цуцла после тоа ја фаќа ептен како да е гладно и заспива... дали е можно да му е малце млекото, кога ќе стиснам града има млеко... некако не ми се градите веќе тврди како претходно... пред тоа само течеше млеко по маица
Поминавме низ истото, од прилика на иста возраст.....секако се обидов, со одвлекување внимание, темна просторија, во спиење, со движење ама џабе. Млеко имав, меревме подој неколку пати и беше во ред, од шише го пиеше од гради исто како што кажуваш, неколку голтки па вришти... Почна и со килажа да стагнира и се префрливме на пумпа и шише целосно....заклучокот беше дека е лакомо бебе но мрзеливо за цицање па додека мелкото тече само пие, кога треба да влече плачи....со лесно и без нервози!!!
@AngelOfArh @Bubish26 @Giovanna @Romantic фала ви на советите! Не разбирав порано кога ќе кажеа некој мајки немав време да се вклучам на форумот, си викав де бре како може некој да нема време, 10 минути работа е. Епа родив дете и видов колку е захтевно, еве ме после неколку дена Јас сум цело време со силиконски, премногу ми се рамни брадавиците. На самите силиконски пишува дека треба да се за краткорочна употреба, дека не се долгорочно решение, но во болница сите бабици ме советуваа дека може да се користат константно, на некои жени не може да им се извлечат брадавиците. Тоа е тоа, ќе тераме вака, се навикнав веќе искрено. На почеток ме болеше самата брадавица, имав и рани, а немав млеко, а тука форсираат само цицање, бебе беше гладно и влечеше многу, и претпоставувам самите брадавици не беа навикнати на толку стимулација. Сега е подсредено малце во тој поглед, не ми се брадавиците толку осетливи. Е сега добив млеко пред два дена, и се осеќа првите 5 мин многу болно. Ова е нормално така? Има добар фат според тоа што ми го кажаа во болница, ама е многу лаком и смука како правосмукалка на почеток. После со тек на време се намалува болката. Јас го дојам на од прилика 3 часа, и секогаш нудам само една града, некако полесно ми е така. Е сега колку време треба да е самиот подој? Мене ми се од прилика 30-40 мин, се мислам дали е тоа многу? Активно цица 70% од времето. Ако го оставам него сам да се откаже на цицка ќе сме 24/7.
Секогаш смируваш со твоите постови, ти благодарам. Ти благодарам и тебе Ангел, што секогаш си тука за совет.
За болдираното, нормално е, со тек на време ќе помине. За новороденче нема време колку да трае подој. Некои цицат побрзо, некои поспоро. Само следи дали голта или цица на празно. Ако почне само да влече на празно менувај града.