Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Јас со моето мака тегнев и на крај се воспостави дека не е љубител на млеко. На 9 месеци во градинка тргна не пиеше адаптирано ни за спиење и еве го до ден денес 2 и пол години не сака никакво млеко ни обично ни чоколадно буквално никакво. Кај сите е различно можеби кај вас е и период па да помине за недела дена :)
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.187
    Допаѓања:
    24.583
    Пол:
    Женски
    Моето до 14 месеци цицаше после тоа никаво млеко не прифати, 4 и пол години е и уште е исто, единствено со попара бисквити и несквик го јадеше и го јади, никако поинаку, па супер си е и без млеко, дури ни јогурт не пиеше, уште не пие, мн ретко, од течност само вода пие и ретко сок.
     
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ехеее барем над година сте пиеле млеко. Ние едвај се тегневме до 8 месеци некако да пие повеќе сакаше кашички. Нека се живи и здрави битно :)
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.589
    Пол:
    Женски
    Девојки, ајде мислење.
    Веќе втор пат ми се случува едната града да ми е болна ама да немам никаква грутка. Што може да биде? Иначе денеска приметив дека имам црвен круг, но нема тврдо ништо. Единствено што ја чувствувам како пополна. Дали може да е некое каналче внатрешно? Овој пат фаќав маститис неколку пати ама секогаш беше проследено со грутки и тт, а сега немам ништо од тоа.

    Исто така, дали може оваа состојба да ми го покачува притисокот?
    Можеби е само коинциденција, ама приметив и минатата недела ист случај со градата и бев со главоболка и покачен притисок.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Жени се фатив у кичма, ме боли и кога дишам ,ребра доле кај бубрезите највише неможам бебе да кренам..
    Можам онаа љутата коњска крема да мачкам или што?
    Ибуброфен се напив али ништо ..
    Вакви болки немав ни на пораѓај (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  6. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за помош.Второ дете ми е, почнавме со доење, ама моментално сме на доење +ад.Бебе е 17 дена.Многу кратко цица, најмногу 7-8 минути, ретко 10, ама почесто.Дали тоа е во ред? На почеток цицаше повеќе сега како да намалува.Ме загрижува дали цица доволно.Ептен сум не искусна со доење, дури размислувам дека многу полесно ќе ми биде само со ад, ама жал ми е дека имам млеко.А плус ми се појави и болка во едната града, некоја топлина и приметив дека имам црвенило во близина на брадавицата.Што можам да направам за да се среди?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. smeshkaa

    smeshkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2015
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Јас не сум искусна многу за да дадам одговор ( прво и плус стари само 19 дена) ама и мојата е максимум 10 минути на само една града и толку завршува ама од тие 10 мин она активно цица 8 мин. Досега бевме 2 пати на педијатар она супер оди со килажата, полни пелени и вака си е мирно бебе. Одговорот од педијатарот беше дека моментално и одговара тоа темпо и како расте ќе се зголеми времето на цицање и дека не секое бебе е по книга и дека е најважно да се види како напредува со килажа и дали полни пелени. Ако тие критериуми се во ред кај вас мислам дека нема потреба за грижа.
     
    На Маја Т и Starchild им се допаѓа ова.
  8. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    2.074
    Пол:
    Женски
    И моето на почеток толку цицаше, максимум 10 мин од една града, ама почесто на 1,5 ч, ад не давав.
    Истите дилеми ги имав и јас и баш прашував и во темава дали е нормално. И испадна дека му е доволно зошто првите 2 месеци накачуваше по кило ипол.
    Ако полни пелени немаш гајле, почесто нуди го и за брзо ќе си фатите ред
     
    На Маја Т и smeshkaa им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Моите и двајцата по толку цицаа. Ако бебе полни пелени и напредува ич да не се секираш.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.713
    Пол:
    Женски
    Како ги будите за цицање? Месеципол е мојов ништо не го буди, спие четврт саат за цицање не му текнува. Со денови е вака, килажа не сме качиле.
     
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Расоблечи, со влжна рака помини по вратче...
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.713
    Пол:
    Женски
    Ова со влажнава марамица место рака мислам упали.

    Имам милион прашања околу доењево сеуште, мислев се стабилизираме ама фејл.

    На колку време им давате да цицаат? По колку време цицаат?
    3-4 саати не е многу измеѓу подои?
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    Па многу е, бар пред 3 да е, да не прекардаши 3ка. Пошто викаш не напредува нели. На почеток до кај 2 м цицаше на 2 саати, по 20мин од града и давав дохрана понекогаш, сега цица на саатипол, два кога како. Тоа не важи за денес, цица мислам дека цел ден.
     
    Последна измена: 20 мај 2023
    На Ano, DaisyDoo и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Сакам да почнам да измолзувам млеко, не по многу, едно шишенце колку за навечер да ме замени мм една смена.
    Во кој период од денот да измолзувам и како? Дали додека бебе цица на една страна јас дс молзам од друга? Дали во една сесија ќе успеам да измолзам доволно или ќе мора неколку пати дневно?
     
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    10.444
    Теоретски нивото на пролактин ти е највисоко помеѓу 1-4 саат сабајле, што би значело и најголем потенцијал за измолзување млеко би имала тогаш. Исто така млекото варира во состав во текот на денот, па така дневното дава повеќе енергија и има повисоко ниво на кортизол, додека во вечерното млеко се лачи мелатонин што помага да се одржи поцврст сон во текот на ноќта.
    Поради ова најмногу се препорачува вечерно измолзено млеко да се дава навечер и обратно.

    Е сега практично како ќе испадне сигурно има варијации помеѓу секој од нас, нели не оди се по книга. Не знам кој период од ноќта би сакала да те замени маж ти и дали е изводливо да го изведеш молзењето во тој периодот помеѓу 1-4 саат.
    Пробај почни измолзувај се приквечер откако ќе почнете со ноќни ритуали за заспивање. Ќе видиш како ќе оди со количини, па ќе се прилагодиш. Рачунај дека бебето обично повеќе може да исцица од тоа што би го извадила со пумпа, па можеби нема да успееш од прва да извадиш цела количина. Башка пази ако молзеш баш до крај даваш сигнали дека телото треба да произведе повеќе млеко нареден пат, па да не направиш и проблем со хиперлактација.

    Пробај пополека, верувам сама ќе можеш да увидиш како ти е најпаментно.
     
    На IRBBB и Lavender13 им се допаѓа ова.
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    12 den denes porodena, na edno molzenje od dvete gradi po 15min izvadiv 20ml.
    Neli e malce ova?
     
  17. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Сакам само да споделам дека конечно кажавме чао на цицето по цели 3 години и 1 месец.
    Пробував неколку пати кога беше помала но не успеав или јас така сакав некако.
    На моето девојче и е тешко за цицето но мене уште повеќе . Можам да кажам дека доењето е повеќе од храна за нашите малечки . Тоа е нешто незаменливо. Уживајте мајки со вашите ангелчиња бидејќи верувајте дека еден ден ќе ви фали и тоа многу....
     
    На IRBBB и sweet.woman им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    Ако молзиш прв пат не, сосема е ок. Мајка која дои екслузивно тешко да молзи. Јас и молзам и дојам од старт и вадам количина млеко, ама откако престанав да молзам редовно помалку вадам.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.672
    Допаѓања:
    21.339
    Пол:
    Женски
    Со моето скромно искуство јас мислам дека е индивидуално. На почеток првите две недели цицаше на секои 2 саати, некогаш и помалце од два. На контролата на две недели докторката рече да го оставам навечер ако сврзува 3-4 саати зошто жолтицата беше веќе скоро помината. Он жими еднаш сврза четири, иначе стануваше пак на 2-3 саати, кога како. Е сега од вчера имаме некоја промена, точно пред 40те дена. Последно цицаше во 21ч, заспа дури во 23 и спиеше до 4:20. После тој подој следно се разбуди во 9:30. Прв пат сврза толку саати и ми беше шубе, многу се мислев дали да го будам. Ама па од друга страна полни пелени и качува во просек 32-3гр дневно.

    За времетраењето на подојот исто мислам дека е индивидуално. Сите имаме различен млаз, различно активни цицачи итн. Син ми некогаш цица ептен активно, буквално влече и голта без пауза и тогаш е готов за 10-15 мин. Некогаш знае да се тегне, да се мава од гради, да придремува дур цица и тогаш трае подолго.

    Денес пак заспа во 23ч, ќе видиме сега кога ќе стане. Може фаќа некој ред, може е во скок, кој да знае..
     
    На Bubish26 и Giovanna им се допаѓа ова.
  20. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    Што направи ти помина ли градата, што користеше. И јас овие денови сум иста без грутки дури и мека а ме боли а бебе активно цица и од двете само некој вечер знае повеќе да спие е тогаш ми се стврднуват стануват тешки