Да. Затоа реков дека е индивидуално. Во таков случај може најдобро е да се даде молзено, така барем ќе имаш увид колку испило. Не знам, немам искуство.
Фала за одговорот. Ритуали ноќни сеуште немаме, бебе е две недели и моментално играме како што ни свири господарот Пример еве цел ден цица на три саати точно, сеа вечерва бара на саат и пол. Нема некој предвидлив патерн, затоа и ми е страв да почнам. А исто ми е страв да не поттикнам хиперлактација. Од друга страна па не знам дали да стегнам заби и да го изгурам периодов. Има вечери се буди на 3-4 саати за цицање, има вечери на саат. Тогаш ми е многу тешко, ама си викам ваљда ќе воспоставиме некој ред за брзо
Ќе ви се умешам чисто да споделам мое искуство. Мене првите две недели ми беа најтешки. Ниту знаев дали цица доволно, дали го местам добро, дали напредува доволно, ништо. И покрај огромната помош од маж ми, буквално на секое ноќно доење стануваше да ми го подаде и ме дружеше, јас одвај издржував. После контролата на две недели кога видов дека е супер, дека докторката е задоволна како се грижиме за него и како си напредува, како да се охрабрив. Тешко ми е уште станувањето навечер, секогаш ќе ми биде. Ама со тек на време станува поедноставно. За ред ви е прерано, еве го месец ипол е скоро и уште нема ред. Преголем шок е и за нив доаѓањето на свет. Треба време да се прилагодат, исто како што и на нас ни треба. Јас до сега се немам молзено. Имам млеко колку што он цица, не сум имала вишок за среќа, се надевам така ќе остане. Хиперлактација не можеш да предизвикаш ако подој замениш со шише молзено млеко.
И јас ќе ви се придружам во муабетот за бебе до 2 недели ред немаме ама баш никаков, се осеќам како по цел да виси на цице и пак да е гладна.Почесто е будна отколку заспана ама се тешам дека мора да е вака првиот месец макар што ома денови и мене ми е мака и нервозно па некако потешко туркаме. Немам мирно бебе, да спие да сврзува по 3 сати туку напротив плачливо и бебе кое тешко заспива,бебе кое не сака во креветче да спие и да не ми е се совршено затоа што по цел ден истото го правам дома. На ексклузивно доење сме плус и измолзувам млеко кое го складирам( еднаш во денот). Мислам дека секоја од нас го поминува овој период, некој полесно некој потешко ама секако мора да помине
За зголемување лактација молзи после секој подој, нека спие бебе или нека лежи до тебе ако немаш помош и ти молзи, колку извадиш толку.
Off ko da se citam jas pa vaka koga kje vidam deka ne e moeto bebe samo vakvo malku mi olesnuva... Spie preku den najmnogu 5h vo prosek I navecer isto. Celo vreme e na doenje, vcera 4h me umre mislev deka ke se onesvestam.... Se budi postojano se plasi od racete, pocnav da ja povivam ama pak skoka... Ima denovi koga e mn nervozna, nemoze nisto da ja smiri.. Denes 2 nedeli, jas sum utepana, na momenti srekjna, na momenti mislam nemozam veke... Koga se sreduva ova?
Искрено не дека имаме и ние којзнае каков ред, ама после тие први две недели на привикнување полека почнавме да и наметнуваме некое наше темпо. На пример преку ден кога е убаво времето обавезно шетаме, надвор е на галама. Ако сме дома преку ден брчи Нетфликс или некаква музика во позадина. Ролетните се кренати и поприлично ни е светло. Нормално се зборува, се готви се пусти. Ноќен режим почнуваме накај 7:30-8. Пополека се стишуваме, се префрламе во спална и таму веќе е тивко и темно, пуштаме апликација со бели звуци и следи прво ноќно доење. Обично се успива после ова и спие 3 саати под надзор на маж ми, а јас најчесто успевам да врзам некој сон тука, за да имам сила за ноќта. И така се до сабајле. Со тек на време гледам дека почна да ја сфаќа шемата, па почна да си спие поцврсто и често знае да поминат и повеќе од 3 саати пред да се разбуди сама. А на пример преку ден има пократки дремки и цица на 2 саати, а некогаш бара и на 1,5 саат па и почесто ако е покенкава. Рано е да речам дека е ред, сепак детево има месец и недела, ама барем нешто од нешто се смени. Уште имам кризи од умор, завчера го загрижив маж ми, сум станала да ја дојам и сум почнала неповрзани работи да зборувам ко не дај боже мозочен удар да имам. Ама самиот факт дека на два пати можам да врзам 2-3 саати сон до пред некоја недела ми беа научна фантастика. @Bella_Stella за хипер лактација моето искуство е баш со молзење млеко за кога сакам да и даде маж ми. Исто имам супер воспоставена лактација, ама 99% од времето е на цицање. Кога сакам да измолзам не можам да ја извадам одеднаш истата количина колку што и треба за еден оброк. Сум запнала 1-2 пати да извадам се до крај и обавезно после тоа ми се стврднува градата, осеќам дека имам застој во каналите од надојдено вишок млеко и очигледно ја изместувам лактацијата од редот што си го имам.
И мојата се будеше многу често од тој рефлекс. Таман ќе ја заспиев ќе скокнеше цела Месец дена е веќе, уште го има ама е значително намален. Креветчето првично беше замислено да е подалеку од спалната, ама видов не видов го преместив до мене за полесно да ја слушам кога се штрекнува, па одма и ставам рака врз стомак и ја галам. Ако треба и рачињата и ги потфаќам за да се смири и да не се разбуди. Искрено едвај чекам да помине таа фаза, ама викаат знае и до 3 месеци да трае барем утеха ми е што се намалува интензитетот ако ништо друго.
Ajde I toa e motiv, da se namaluva... Dali sonuvaat nesto, postojano menuva faci, se smee, place, se plashi... kojznae sto im se slucuva vo mozoceto
Здраво мајки, вака ние имаме 8 месеци и до пред две недели бевме само на доење. Овие две недели почна значително млекото да ми се намалува, а и јас имав многу обврски и не бев дома, па така прескокнувавме подои (во замена дававме АД), тоа уште дополнително допринесе да се намали млекото. Овие четири-пет дена имаме преголем проблем и со цицање навечер, бебе постојано цица но е цело време гладно, не чувствувам дека ми надоаѓа млеко и градите постојано ми се меки, кога му дадов АД веднаш си заспа и си сврза сон. Не знам што да правам, дали да се обидувам да вратам лактација, дали да продолжам само на АД, на кој начин да вратам лактација.. Некако чувствувам mom guilt што не дојам, и претешко ми е што ја губам врската со бебето преку доењето.. Ве молам за совет
За бебе што не качува килажа многу време е да спие. И мојата е месец и пол и навечер на 3часа станува ама заспива за 10секунди и не цица уствари, па и го заменив овој подој со ад оброк, давам шишето си го пие и продолжува. Еднаш цица еднаш ад пие во текот на ноќта,сабајле пак со доење продолжуваме. Ти ако не даваш ад можеш твое измолзено да даваш,битно знаеш дека ќе е сито бебе и не спие гладно. А многу важно е да напредува со килажа овие месеци,тоа знаеш. Јас заменив 3 подои во 24часа со ад млеко, и да ви кажам се препородив. Лактацијата се среди, болки немам во гради, во одреден ден од денот шишето е до мене и супер е и бебе и јас. И најадена и наспана си е. Следна недела сме на мерење, очекувам да е веќе над 4 кила. На 2 часа мојата. По 10-15мин на една града па задремува и ј ставам на друга града да се расони, 10мин на другата и толку. Битно активно голта додека цица, не дреме така. Ждрига,бљуцка обавезно па знам дека и е доволно. Мочкани пелени има на секој подој.
Да споделам и јас, ние сме 2ипол недели, и секако ред нема… Млеко не знам дали имам доволно и кога да почнам да стимулирам лактација, ама гледам бебе има мокри пелени, има златеста боја кака, не плаче и си велам најадено е и стигнува млеко доволно. Ред нема секако, спие обично по 3 часа иако ми рекоа да го будам на 2 часа моево е спанче и сака да си поспие и го оставам. Обично преку ден ми врзува цврст сон а овие неколку вечери не спие цврсто, кенка се буди лесно и често и сака да спие на нас… Достс исцрпувачки е, некогаш сум како во транс, кога ќе станам само звуци бебешки слушам и неможам да поврзам, ми треба барем време 1 мин да си придојдам… Почнаа грчеви кај нас од втора недела, порано, докторката ми рече најверојатно зашто прима голема количина на млеко и побрзо е почнат процесот. Јас имам уште болни гради, брадавките сега не ме болат, рагадите поминаа, него ме болат аеролите, дали уште неможам да го наместам како што треба да фати правилно, дали има плиток фат, или пак им треба време на градите да се навикнат не знам, боли, прже, солзи доѓаат ама тоа е издржувам засега, ми дава сила то што кога ќе зе тргне од града и ќе му го видам цело усте полно млеко, аххх priceless.. Дали имате некој chart, според недели колку треба милилитри млеко да пијат? И друго, јас се соочувам со ужасно потење, од кога де породив ова е ужас… Претходно воопшто не се потев, сега дали е од млекото, од хормони, страшно е, посебно навечер кога ќе станам како избањата сум…
@Giovanna баш од таа причина јас решив да не молзам. Периодот во кој што немаат ред и имаат чести ноќни подои не трае вечно. Тешко е, ама решив да издржам. Пумпа купив ама не ја искористив ни еднаш за него. Еднаш сакав на сестра ми да и дадам млеко за псоријазата ама едвај 40мл извадив. А знам дека имам силен млаз зошто го гледам малиот кога цица. Можеби некогаш во иднина ако треба да го оставам на подолго ќе пробам пак да се измолзам, вака не би. На страна тоа што е цела една манифестација, стерилизирање пумпи и шишиња, па чување на посебна температура. Ако морам да, ама дур не морам не планирам.
Ми помина за 2 дена. Исто мека, а ме боли и не можев точно да осетам каде, се додека не видов дека има црвен круг на едно место. Веројатно имаше некој процес внатрешно. Првиот пат ме болеше неколку дена така, ама дека мека не сфатив зошто. Сега вториот пат сфатив дека веројатно има некој мал процес внатрешно оти приметив дека има црвен топол круг. Ама се погоди да е неработен ден и се беше затворено, иначе ќе купев зелка и ќе ставав листови. Ја форсирав малку повеќе таа града, мојот цица и ноќе и ми помина побрзо овој пат. Како си ти сега?
Јас во петокот се разболев, температура, треска и малаксаност во мускулите и после некое време осеќам и града ме боли а мека, незз што се дешава одам под туш малку потопла водам ставам да тече врз неа и масирам барам да нема нешто на неа, нема... после на крпче ставав де топло де ладно. Вчера се редев листови зелка, мн убаво ладничко ми држеа.. денес е малку смирено ама чудно ми е од што така кога често сме на цице. И јас овие денови давам почесто подои од таа града.
Ние сме 2 месеци и уште ми е така посебно во вечерните часови кога знае да не спие а мене душава ми спие. Се надевам нареден период ќе фатиме некој ред да имаме.
И јас скоро во се се соочува исто како тебе. Бебе е една недела и засега не знам дали доволно цица, обично по 15 минути на града го држам но потоа продолжува да си ја цица раката и така знам дека уште му се јади па му давам и вештачко додека не ми дојде доволно млеко. А исто и за потењето... не знам што да направам повеќе... не осеќам дека мириса потта но многу се потам посебно на спиење. Но за утеха читав дека тоа е супер затоа што ќе ја исфрлиме вишокот вода и нормално и вишокот килограми
Беба е 4 месеци скоро, цица ама ме одбива и место кило е качен само 600 грама месецов. Лактацијата ми се намали. Сакам да купам лактил или нешто друго ако знаете да препорачате. Дали воопшто смеам да ги користам сега откако бебе е 4м? Да не се изремети нешто? Јадам житарки, пијам лај, молзам 30мл едвај од двете гради… све ми се смени за 1 месец.