Не знам каде да го поставам прашањето, ако не е за овде преместете го. Некој кај нас изработуваше накит, т.е. привезоци, прстени со мајчино млеко. До скоро ми излегуваше реклама на фб, ама сега ми се изгуби. Ако имате линк пратете ми.
Мене ми препорача педијатарот лактил или чај за доилки, на слична возраст ни се бебињата. Јас не се напив бидејќи ми се подобри лактацијата, но може слободно.
Е тоа. Еве моево сврзува 4 саати, си калува на килажа и ми рекоа да не ја будам на вечер, колку спие толку. Од една града вадам цело шише за кратко, и пак ми се фул и пак проблеми имам со болка, а цица некогаш е готова за 10-15 мин, некогаш за саат време со паузи да се одмори. Највеќе е будна после ручек кога ќе стане пример 6 саатот. Највеќе спие на вечер и сум релативно наспана, кратки и се подоите. Си полни пелени редовно. Јас не давам шише молзено, нити цуцла, само града, така беше и со првото. Е сега ова има краток фат, не отвара многу уста ( помало и е плус) и додека фатии и треба време и помош ама после тоа си тера убаво.
Не стигнувам да пишам на темава. За ред е дефинитивно рано, една вечер е ок, врзува 3 саати, после две вечери е кенкав и се буди на саат и пол. Немаме ред ни со дневни дремки, а не ни форсирам, свесна сум дека е многу рано сеуште. Ама еве маж ми ќе почне на работа за брзо, досега се будеше со мене на секој подој, може не беше буден цело време ама пример за ждригање или преслека колку толку ми помагаше. Ајде барем оваа недела доаѓа мајка ми на помош, па ќе комбинираме некако. Него јас не знам дали детево е во скок, апликацијата вика дека за 4 дена е прв скок, ама буквално преку ден ми ги секна подоите од 40 на 20 минути, но наместо на 2-3 саати сеа бара да цица на саат и пол. И општо е покенкав, тешко заспива, лесно се буди, нервозен е, и константно е гладен. Некоја искуство со прв скок? Друго, ме интересира колку време ви требаше да се стабилизирате со претекување на градите? Не можам да се доперам бидејќи се правам жива вода неколку пати дневно. Млеко тече неасекаде. Обавезно градата од која не сум доела последно ми тече цело време, до следен подој. Не можам да излезам на прошетка без да сум на штрек дали ми претекло или не. Дали ова се стабилизира со тек на време или за време на цело доење е вака? И трето прашање, може не е за тука но не ни има тема за постпартум период. Како ви е крварењето? Мене ме буни што имам денови со скоро воопшто никаков исцедок, денови со кафеав/жолт исцедок, и денови со баш свежа крв. Количински не ме загрижува, но оваа константна промена со свежата крв ме јаде. Дали е ова нормално?
Се е нормално од ова што го напиша Прво бебето не е мало роботче ќе менува и ќе менува нон стоп. Но едно треба да знаеш дека може и ќе вреска одреден период тоа се должи и на коските што растат и затоа и се буди не секогаш е гладно ама сака близина за сигурност и така си ја намалува болката. Понатака заби и така натака. Само трпение ќе има денови само ќе се буди и ќе те држи цела вечер будна и во 5 сабајле ќе легне, а тебе не ти се живее дента За градите земи си градни влошки или бубамарите на хаака и собирај го млекото и замрзнувај си го ќе го искористиш понатака. Циклусот ќе ти се стабилизира пополека сепак телото претрпело промена. Ако нешто се сомневаш оди на лекар мада нормално е.
За кратење на должина на подои исто бевме и ние, преку ноќ, и да ти кажам повеќе ми одговара вака, можам да си го смирам во секое време. За протекување, ако ти кажам дека сеуште протекувам ќе се разочараш, ама еве уште малку 5м праиме јас уште знам да протечам ако не ставам влошки а веќе ме фаќа инат, не знам колку пакетчиња имам накупено, нон стоп утоп на почеток бев, вечерта стај ги, сабајлето се преполниле и претекле, утоп пак. За крварење крварење исто ко тебе, жолто дури лигаво до кај 2м, крв уште после првата недела веќе немав.
Ќе се менува бебе многу, ќе има периоди кј што нема ич да спие, нема да јаде, плачливо ќе е, ќе има периоди кај што ќе е се многу полесно. После 2 месец најчесто се фаќа некоја рутина и да се држите до таа рутина, до 2 месец тешко е да е како "програмирано" т.е тоа не може да е никогаш ама може да се функционира приближно така. Гледајте да е бањање во исто време, подој, и време за спиење, искрено јас не одстапував од овие навики и нити гости примав нити се излегуваше после 7 од дома. После почнавме да испаѓаме за во парк да си игра на лето покаасно ама веќе си имаше ред и лесно беше да се менувс напред-назад со времњ. Нашите се мислам недела дена разлика само, ќе си разменуваме ептен совети и искуства. За кеварењето нормално е да прекинува, па да се врати.
Дали после доење во лежечка позиција мора да се дигне за да подждригне? Многу често заспива така и некако ми е нелогично да го будам и кревам.
Јас не го кревав зошто ако го разбудев почнуваше хоророт. Како цицаше така го оставав, освен нели ако беше буден па да ждригне.
Јас обично навечер така го дојам во вечери кога спие до нас и си продолжува со спиење откако ќе се најаде. Затоа не ми се крева, ќе го расонам и толку после.
Дали на некоја од вас и се случило да и се јавуваат главоболки од како почна да ми доаѓа млекото се јавија а еве и од пред два дена пецкање некакво на рацете нозете прстите , посебно кога се измолзувам и некако се чувствувам малаксано поспано а внесувам и телности и си јадам
Ох потењето ми е страшно, првите две недели и мирисаше сес нешто како да се регулира миризбата ама сепак уште се потам… Ваљда ќе се регулира за брзо
@lavander2007 Да ви се приклучам на муабетот, и мое бебче е тука некаде со вашите. Денес правиме цели три недели… Ние немаме ред, гледам да е доење на 3 саати и капење во ист период од денот помеѓу 19-20 часот. Навечер ми станува 3 пати, некогаш е лаком цица од две гради, а некогаш е задоволен само со една, заспива цврсто и не го будам, ваљда не правам грешка.. Уште ме болат гради, сега околу брадавица, аеролата, не знам до кога ќе трае тоа али многу боли… Го чекам сеа првиот скок, како шо читав 4/5 недела треба да е, кој знае како ќе поминиме… Со крварењето сум иста, кога помалу кога повеќе али некогаш е чиста крв нелогаш кафено едвај чекам веќе и тоа да помине. Прашањето не е за тука, ама искуство ваше, после колку време од природен пораѓај се прави гинеколошки преглед?
Бебка има 2 месеци. Од почеток до сега сме со апс енд даунс кога станува збор за исхраната и доењето. Од сам почеток форсирав доење. Бебка не влечеше, спиеше, не можев да ја разбудам, па имаше затнато носе, јас вовлечени брадавици, значи хаос. Морав да давам дохрана која во главно беше мое молзено млеко, а поретко ад. Ама бев упорна и ја ставав цело време на града. Ми ги извлече брадавиците и ги тргнавме силиконските. После последната контрола кај што убаво напредуваше, по 30грама на ден со сите можни комбинации за исхрана, почнав да форсирам доење. На последна контрола само со доење напреднала 17 грама на ден во просек. Многу сум збунета. Полнеше пелени убаво, расположена беше, стварно мислев дека конечно фативме ред ама очигледно не. Исто да напоменам бебка знае доста и да бљуцка (и претходно не само сега) па не знам и тоа дали има врска. Мачно ми е зошто стварно сакав да е на ексклузивно доење, и тешко ми е да се откажам од таа замисла, а од друга страна не знам веќе што да направам и чувствувам вина дека го мачам детето. Веќе и онака е во 15,20 перцентилен ранг со тежината. Не знам дали го пишувам постов за совет или да ми олесни, ама било какво мислење добро би ми дошло.
А не ви бљуцка ако не го кренете да го подждригнете? Мене обавезно ми бљуцка, а и страв би ми било да заспијам. @Homme мислам дека прв преглед е на 6 недели од пораѓај. Ние се вративме пак на 40+ минутни подои. Вчера дури на еден подој стигнавме до 55 минути, јас сама го тргнав, иначе тој ќе си продолжеше уште. @Thinkerbell. Совет за жал немам, ние тек следна недела сме на мерење па ќе видиме како напредува само со доење. Но ме интересира како ги одвикна силиконските? Јас пробувам еве ама многу тешко ми оди, не се фаќа без нив воопшто.
Не го кревам и јас,ако има мака ќе почне да мрда ќе знаеш да го подигнеш,ако си спие мирно остави го.