Јас на почетокот пиев Хипп чај за доилки повкусен е плус полесен побрз за подготовка е како зрнца е во топла вода се раствараат одма. Пробај со тој чај и јади кромид,павлака,јогурт и секако да цица малата тоа е најдобра стимулација јас откако прекинав да се измолзуувам повеќе млеко имам ме исцицува плус големи се веќе имаат сила
А некоја членка тука пиша дека и од просото се добива млеко, јас читав по нет ама никаде не можам да најдам дека ствара млеко просото....важно денес си купив ама во вид на снегулки кои се ставаат во млеко или јогурт за доручек, онака она требало да се вари како ориз што се вари. Јас си ставив во овошна каша преска па којзнае има ли ефект. Мене малата ми цица на 2-3 часа и до сега не ми плачела за гладна, така да имам млеко и и стасува штом не плаче. Чај пијам лакта микс по пола литар дневно ама многу пати и заборавам да пијам, вода пијам повеќе, сокови не пијам купечки, млеко не пијам никакво, јогурт и кисело млеко јадам ама не секој ден и тоа е, не внимавам многу многу на исхраната па ете цицаме 24/7 просто не ми се ни верува дека веќе неполн месец сме само исклучиво на доење
Земав Хип чај за доилки и да ви кажам позадоволна сум него од Лакта Микс. Друго, кога доите, практикувате да сте сами во соба со бебето или ако некој се најде тука, мајка, свекрва, золва, сестра, доите и пред нив?
Мислиш дека од Хипп имаш повеќе млеко? Да го мењам и јас ако е така... Инаку јас дојам пред сите дома, живеам со моите и тука се сите, е сега татко ми е по осетлив и штом речам ајде да цицаме и тој сам оди во друга соба, незгодно му е, иначе пред мајка ми и мм слободно вадам цицка и дојам веќе помина срамот и кај мене, та не е еднаш, по 10 пати дневно сум со градите надвор....
Да, убедена сум дека е така. Побрзо ми надоаѓа млекото. Поскапо - поубаво. Јас дојам пред мајка ми, золва ми и свеки. На почетокот ми беше незгодно, и повторувам неколку пати да ја надојам малата, не стануваат да си одат. Потоа отрпнав. Сеа и топлес можам да се сончам пред нив хаха.
Хипп е многу вкусен, јас две кутии испив, а лакта микс ми е тежок многу ме фаќа желудник. @Eli23 и јас пред мајка ми, свекрва ми и две-три другарки (двете се трудни, едната со бебе- нормално ми е некако пред нив).
Јас со првото дете пиев на Хумана чај и немаше којзнае колку млеко, се молзев тогаш со пумпа оти син ми не ми фаќаше града, а може и не бев мн.упорна што знам, па ми секна млекото лека полека пред да наполни 2 месеци плус давав и ад и затоа не успеав да го дојам подолго. Додека сега со ќерка ми сум упорна од сам почеток и се исплати штом стигнавме до оваа фаза П.С. Колку е чајот на Хипп?
@kallias има анасон, ким и коморача во составот. И е како бебешките чаеви, во гранули, веднаш се раствора не треба цедење. Јас прво го зедов овој па на алкалоид и искрено поради вкусот се вратив пак на хипп. Лакта микс ми стои цел, некоја тревка ми сметаше на желудник.
Мајки како беше ако замрзнато млеко одмрзнам колку време може да стои во обичен фрижидер ? Kaetana joy ??
Јас имам една табела. на собна темп до 21 степен, макс. 8 часа во фржидер 4 до 6 степени, макс 72 часа (не на вратата, туку одпозади ставена флашата) замрзнувач -6 степени, макс. 2 недели длабоко замрзнување -12 степени, макс 4 месеци длабоко замрзнување -18 степени, макс 6 месеци после одмрзнувањето, нотворена флаша е 12 часа употреблива, неотворена 24 часа.
Значи можам да го замрзнам на работа , да го транспортирам дома и да го ставам во обичен фрижидер за утре да и го даде мајка ми да го пие ?
значи да го држам во обичен фрижидер па да го транспортирам дома па пак во фрижидер ќе можам ? или ни тоа мора цело време фрижидер?
Според тоа што пишува мислам дека одкако еднаш ќе се стави во фрижидер треба да се искористи при прво вадење. А вака имаш два пати вади стави, независно обичен или за длабоко. Одкако еднаш ќе го извадиш од фрижидер смееш 12 часа отворена флаша и 24 неотворена флаша. Најдобро мајка ти во овој временски период да го даде млекото, без повторно ставање во фрижидер.
Имам читано дека поради стрес може да се намали лактацијата, но во моментот кога стресот се намалува повторно се добива истиот интензитет. Колку и да е тешко, мора да си дојде човек при себе и да се потруди да се опушти.