Девојки какви градници носите вие со големи гради? Јас и порано Д корпа носев, ама престанав откако се породив зашто стално ми се запушуваа канали. Е сега иде лето па без градник не се може. Предлог големи броеви и удобни градници?
Јас си купив од сара фешн за сега, бремена сум 7ми месец, испаднаа да се и за доење 100Б, меки се удобни. 690 ден.
Па мислам не може сега, ама заследи ја на инста и фб Ана Стојанова ќе ти излезе кога ќе има реотварање.
@Nala37 ако имаш температура, да не е мастит во прашање. Подобро појди на лекар, да не треба антибиотик да земаш. Ако е грутка, кај мене со ептен исцицување се разлагале, ама кога беше поголем, дури беше помал само масажа. Болно е, ама поопасно е да стои така. Пробај нуди ја таа града почесто, па ќе видеш како ќе оди.
Исто и јас, не правам диета но се придржувам до балансираната исхрана од Ана Стојанова и немам никаков проблем ни со грчеви кај бебе ни со млеко. Многу е битно да направиш разлика помеѓу диета и балансирана исхрана.
@Freckles. Јас носам едни од сара фешн ќе прикачам и сликичка. Убаво изгледаат ама и се стварно удобни а не се ни скапи Имам големи гради и носам 90 С, а има и поголеми бројчиња. Сакав да прашам дали додека дојам може да ставам чорапи Парасофтин? Користела ли некоја од вас?
Ти благодарам многу на советите. Вчера нудев почесто и подолго, се туширав со топла вода и успеав малку да измасирам, имаше грутка. Веднаш по туш нудев да цица пак и денес е намалена болката и црвенилото. Ќе ја повторувам истата постапка и денес и се надевам ќе се среди.
Ако немаш простор да се тушираш повеќе пати денот тогаш земи шише мало и наполни го до потопла вода и ролајго горе долу околу грутката и одма ставај го бебе на града истата постапка повеќе пати повторија денес па кога ќе видиш дека ја нема, а имаш пример тт стави лист зелка веднаш ќе ти падне тт.. зошто можеби тт да биди и од некој канал запушен затоа првин грутката разбија па послем ќе видиш како ќе биде..
Добро што ме потсети за шише. По лесно е за кога сум сама со бебе. Ставам и зелка. Стварно одма се осеќа олеснување по постапката со топол туш, масажата, зелката и веднаш да цица бебе. Црвенилото скоро го нема, исто и болката. Многу ми е полесно сега но ќе продолжам со постапките дур скрос не помине. ТТ немам повеќе. Се надевам нема да се повтори. Фала многу мами ☺️
Пак јас... Денес на преглед измерена +80гр. Пред 5 дена измерена +80гр Првиот преглед +20гр (првата недела) Се роди 3320, излеговме со 3180, сега има 3360 за 3 недели. Само на доење е. Што мислите? Дали е доволно? Треба 20гр на ден, она како да качува по 16гр. Дали да продолжам? Да воведам дохрана? Што да правам?
Не. Штом не стагнира во килажа и полни пелени, нема потреба од дохрана. Тоа 20гр дневно е просек, по книга. А немаме роботи за да бидат по книга, бебиња се, сите различни како и ние возрасните, некогаш ќе става повеќе, некогаш помалку. Педијатарот шо вели? Ти дали го чувствуваш како да е гладно? Млеко имаш?
Полни пелени, кака жолто по 5,6 пати на ден и мочка... Педијатар вели дохрана по потреба, по 30мл после цицање. Единствено нешто што приметувам е можеби почесто будење и почесто цицање. Преку ден помалку саати врзува сон и почесто се буди... Млеко од мене не тече, кога ќе се стиснам излегува, вака не и затоа не знам колку е доволно. Бидејки често цица градиве немаат време и да ми се стврднат и да се собере млеко и немам претстава колку имам.
Штом мочка и кака 5-6 пати дневно, јас мислам дека е супер. Не мора градите да ти се тврди и да ти течи млеко како показател дека имаш млеко. Доволно е тоа што излегува капка при стискање. Види, мајчиното млеко е полесно и побрзо се вари за разлика од АД. Особено кај малечко бебенце шо не ни цица количински многу, не можиш да очекуваш да врзува 3-4ч пред да бара пак да цица. Давај му кога сака, колку сака да цица. Колкави сте?
3 недели... Фала ти. И јас мислам така ама секогаш ми е да не е малце или да не треба нешто друго.. Се ова ми е ново и не знам дали правилно правам.
Давај му мама да цица кога сака и колку сака. Како расти ќе има повеќе сила да влечи повеќе и ќе стимулира уште повеќе млекце. Следи пелени и килажа. Секако сега ќе правите чести контроли на килажата. Ако има потреба ќе вклучите и адаптирано, ама не брзај од одма. Ќе се најадува со АД, ќе го држи сито повеќе време и ќе ти се лачи помалку млеко. Затоа јас ако сум, не би давала од одма дохрана. Ако веќе мора, би пробала прво со дохрана со мајчино.
Јас дохрана не би давала, можеби само навечер за да може да собере сила, да поспие и оно а богами и јас. Така правев и фала богу здраво право и напредно бебе излезе од тој ритуал. Јас доев 20мин по града, плус дохрана ама овде никој нема да ми се сложи со тоа, сите се за доење на барање, ама додека пркне, а тоа беа оние магични 40 дена доев така и искрено бев задоволна и имаше ефект. Сега дојам на барање.
Не секоја мајка и тело е способно да издржи толку саати без сон. Подобро ад дај одколку да паднеш во несвест дома. Има деца што рикаат плачат цело време и рачунај дека око не склопуваш цел ден и на твое тело му треба одмор. Дете ќе порасне секако и со доење и со ад барем не е гладно!