Здраво мајки,ние сме 3мес на екслузивно доење досега се немам одмолзувано,но наскоро сум на прослава што неможам да ја избегнам па ке мора бебуш да го оставам на подолго време сам..ме интересира дали може да одмолзам да замрзнам во фрижидер или истиот ден да се одмолзам колку време може да стои мајчиното млекото пред да се пие ?
Може да стои сега дека е потопло до 4 дена во фрижидер, во зима и до 1 недела, додуша и сега го чувам 1 недела. Молзи неколку дена пред прославата и ќе оставиш.
До 4 дена во фрижидер, ама гледај да е повнатре во фрижидерот, да не е на врата за да е на постојана температура. Ако мешаш млеко од различни подои, мора да бидат на иста температура, значи од нов подој прво ќе го изладиш млекото до температура како тоа во фрижидер од претходно доено, па ќе го смешаш во ист сад.
Па не, не се подобри рачните од очигледна причина, ама зависи за каква намена ти е. Ако ти треба за често одмолзување и давање молзено во шише, дефинитивно ти треба електрична. Ок е и рачната ако ти е само за да ги испразниш градите кога ќе се преполнат или инцидентно да оставиш некогаш млеко. Јас ја имам рачната на Чико. Пишував овде дека не ја имам користено ич. Имав среќа брзо да се воспостави лактација, ми се немаат преполнето градите до сега, имам толку млеко колку што бебето може да исцица. Ако не си породена мој совет да почекаш и да видиш каква ќе ти треба. Јас ја купив предвреме, па среќа не ми притреба електрична до сега иначе ќе беше дупли трошок.
Јас имам електрична на медела ама намрено купив таква бидејќи сакам да складирам млеко и можам само пофални зборови да кажам за истата, брзо се измолзува млекото и плус можиш да си вршиш др работа додека се молзиш
На Чико portable ја зедов, за неекслузивно молзење мене ми е одлична. Околу 5000-6000 денари беше. Пред да фати син ми града, ја отепав користејќи и огромна работа ми заврши си го одработи секој денар. Пред да ја земам користев Нук рачна и Чико рачна, влечеа да, ама многу мачно беше пошо настојував да е само мајчино и се молзев со рачна на 2 саати. Спојлер: Chicco portable __________________ Мајки од коа дојдов од болница, уште истиот ден почнав да пијам Лактамикс по 1л дневно, плус тук там некој друг чај за доилки, Хипп, Холле и тн. Исто, сабајле и вечер земам по една капсула Лактамикс, веќе потрошив втора кутија. Прашувам оти ми се смачи од чајот веќе . И капсулите до кога ги пиевте за тие што сте практикувале?
Јас ја имам електричната од авент, презадоволна сум оти ич не ме болеше вакумот на почеток за разлика од нук, на болница такви ни даваа.
@DaisyDoo Да се надоврзам и леден чај од праска, сок од јаболко и овес. Мене од овие ми се полнат градите. Лактамикс купив една кутија чај ама мноогу ретко ми текнува да пијам, си стои пола кутија.
Нормално е, јас после 14 месеци добив прв пат и првите 5-6 циклуси ми беа без никаков ред. После забременив.
До кога се јавува она чувство на пецкање и како струја да поминува низ гради кога надоаѓа млеко? Секој ден го осеќам по неколку пати, особено кога имам повеќе растојание помеѓу доењето, ама вчера толку јако ми проструи тоа чувство дури непријатно како мини срцев удар не дај боже. Се губи понатака или додека дојам ќе го има?
А може новото млеко да се стави во фрижидер, па да се измеша со веќе постоечкото после некое време? Ме замисли сеа, јас вака правам, да не грешам?? @Giovanna исто, вчера така неубаво ми дојде на неколку пати, се здрвив скроз. Некогаш ептен се осеќа, се ежам цела.
Колку што разбрав прво го ставаш во фрижидер новото млеко па го мешаш со постарото. Така и треба, не правиш ништо погрешно, двете се оладени пред мешање.
Се читам одново и јас не можам да се разберам, а не пак некој друг. Тамам си правиш, така треба. Да речеме молзиш денес и го ставаш во фрижидер, молзиш утре ново млеко и не го мешаш со тоа шо ти е во фрижидер, туку прво и новото го ставаш во фрижидер да се излади, а после можеш да ги мешаш. Секогаш при мешање пишувајте постар датум, односно датумот од првото молзено млеко во тој сад.
Ау ете немав појма за ова јас, а пример како ги топлите после? Јас имам само измочзено и така остаено на собна температура, тоа знам дека макс 2 саати седи ама од фриждер неам