Има бебиња што повраќаат, моето е такво бебе. Сепак треба да го види педијатар да го измери и прегледа, ако напредува нормално, полни пелени и не е омалаксано тогаш имаш само laundry problem. Колкаво е бебето ?
3 недели е, супер си напредува во килажа на последна контрола пред 4 денови, но ова со повраќање е после контролата, па за 5 дена сме пак на мерење... се надевам се ќе биде ок.. иначе не е омалаксано, редовно си полни пелени. само ме заггрижи зошто само тоа што го цица млеко го повраќа
Тогаш најверојатно не повраќа се. Во нашиот случај се работеше за рефлукс, педијатарот ни кажа дека ќе помине штом почне да се исправува и да јаде цврста храна, сега малку се доведе во ред. Добро е што е топло времето, ќерка ми се роди крај на декември па најладното го истеравме со пресоблекување сто пати на ден и ламинатот сега ни крцка . Иако веднаш чистиме. Види уште еднаш педијатарот што ќе ти каже, мислам дека нема простор за паника.
Женски имам мноогу зголемена потреба за благо, изгледа е од доењето, ама многу! Ко некоја дрога… Ви се десило ли така на вас?
Хахаха и мене ова ме интересира мислам дека никогаш нема да бидат исти туку оптегнати како бабичка хахаха
Кога ке облечеш градник. Нема назад, ке се виснати. Мене ми се намалија откако почна да цица само за заспивање.
Ехееее на сите ни капело. На туширање знам се измив се, и гледа доле на плочки вирче бело, ај мајката си викам не сум се измила убаво, чек да се домијам, се враќам у када се пројдов искачам дур се завиткам, пак капе бели капки, коа се видов, поточиња по мене. А ова дека цица една вечер стана цицна еднаш два пати, заспа и се тргна одма, коа фати да шприца, лом направив се. Носи си влошки за гради, јас не знам колку потрошив, мислам дека само тоа купував, по кутија 30 неделно трошев. Ако ти се преполнуваат ќе измолзиш малку да ти олесни, не целосно, кога ќе пркне и ќе станува почесто ќе се регулира.
Вие што доите на барање, како препознавате точно дека бебето е гладно? Моето си го вади јазичето и ги става рачињата во уста и после доење. Имаме 3 месеци.
Радиус од 1км знае дека е гладен За ова сакав и јас да прашам пред некој ден, на секој подој претходи плачење, пискање, зајдување. Претпоставувам дека не му ги распознавам раните знаци дека е гладен. Во моментот кога ќе го приметам дека ги става рацете во уста е обично касно, бидејќи додека се наместам со силиконската, тој помодрел од плачење. Кои се некои рани знаци дека се гладни?
Па тоа сакам да кажам, знам дека е нормална појава, ама исто се вбројува во раните знаци на глад... Што друго препознавате кај бебето? Моево е ептен мирничко, кога ќе му дадеш да цица, тогаш. Испаѓа како јас да му темпирам и правам распоред зошто очигледно и јас не знам да препознаам други знаци. Ние имаме проблем со плачење на сред цицање, што е причината еве не знам.