Мислам околу 240 денари во Зегин. Има и органски во филтер кесички, ама нешто послаб е. Едно пакување е околу 150денари ама повеќе шолји на ден треба да пиеш. Накрај поскапо ќе искочи. Да, јас пишував на почетокот дека ми се намали лактацијата од стрес и нервози. Немав капка млеко. Почнав со боза, повеќе течности, помалку нервози. Барав по форумов таблети на природна база за смирување, купив Б6 и откакко го прочитав упатството дека не гарантираат дека се безбедни за доилки, не ги пиев.
Немавме посебна тема за пумпи за одмолзување? Ја меркам таа на Томи Типи. Рачната. Некој дали има искуство?
Јас ја имам, не ја бива за ништо...не фрлај џабе 2000 денари... Повеќе одмолзував рачно отколку со пумпата
Стварно? А што убаво изгледаше на видеото на Ју туб. Јас ја имам рачната на Чико, ама душата и ја извадив. Сакав да се подновам. Друга некоја предлог ако имаш слушнато?
@Eli23 ако бараш рачна пумпа со рачка, види ја на Lansinoh, во зегин ги има. Во Плодност ми даваа таква после пораѓај, многу е добра.
@Eli23 јас имам ланолин и мала пумпа за извлекување на брадавици пред доење од таа фирма. Е таа е стварно корисна, а е околу 250 денари. Мене ми се извлечени ама кога ми надоаѓаше млеко му беа тврди и ова чудо со вакуум ме спаси.
Мене ми заврши работа електрична пумпа...после рачната купив електрична на НУК... Вредеше секој денар. Неможам да ти прикачам слика од телефон сум пуштена.
По колку минути доите сега вие мајки што имате бебиња 2-3 месеци? Мене ми е чудно дали за 5 мин. од една и 5 мин.од другата града се најадува бебушка, некогаш може и 2-3 мин.само да цица и ќе ја бутне дојката со јазичето и не сака више, си се смее после тоа, си гука, а претходно вришти за јадење.
15 мин од една, 15 мин од друга града на секои три часа. Фативме ред, затоа што додека јадеше кога сака колку сака ниту беше најаден, ниту наспан, ниту грам поправен. Сега е се како што треба. Бебе најадено мирно и напредува.
Зависи кога како. Некогаш 10 минути влече како да е на норма. Мене само од една ми цица. Ако ја тргнам да и ја дадам другата пишти. Исто пред да и дадам пишти. Ако не е гладна, ме бутка, се мршти. Гуга и ми се жали сигурно колку сум досадна со цицката. Ноќе ко за беља дреме со саати на цицка, изгледа двете заспиваме.
@Eli23 би требало, за тоа е наменета, едната страна е гума, се притиска, се става на брадавица и ја извлекува само брадавицата. Мене многу ми ги издолжува. @kallias кога е гладен за 5 мин се најадува, се трга и почнува да вика за ждригнување. Кога сака да си игра или да спие се заборава на града.
Ај баш да видиме како напреднала и мојата сега во понеделник ќе ја носам, затоа што и таа цица кога сака колку сака, ма да 80% од денот ми цица на секои 2-3 часа, не е баш на секој пола или секој час на пример, па по тоа се водам колку и дали е најадена
Носи ја на мерење да ја провеериш за секој случај...кај нас тоа имаше ефект. Инаку првиот месец цел ден цицаше и плачеше...млеко имав многу ама не се поправаше дури ни родилната тежина ја немаше вратено слабееше само...после се средивме и се е како што треба сега е голем батко 7 ипол кила има а 3ипол месеци.
ај малце офф ама кога сте сите тука сега да ве прашам @Eli23 @kristina.k @mama89 се смеат ли вашите бебуши на глас? Мојата почна од 2 и пол месеци да се смее кога и зборуваме и се смее дури на глас многу пати, се кикоти од радост, кога и покажувам играчки ги гледа, им гука, им се смее
Да, ама претежно се смее во спиење, ретко на глас да сме ја слушнале така баш убаво да се смее. Повеќе писка, гуга, вреска, од памет ме вади понекогаш. Поготово во 4 ноќе кога е гладна и будна, а никој не и обрнал внимание.
Нее мојата не плаче никогаш штом се нацица, па така знам дека е најадена, мочка, си кака 2-3 пати дневно и по тоа знам дека би требало да си напредува па баш ќе видам овој цел месец е само на доење и да видиме колку е ставила во кг
Леле нашава баш преска, ја држев исправено да ждригне и ја шетам до кујна и тамо баба и прави торта и и зборува, лелее смеење, на цел глас, се крека, се радуваше срце мало колку ме радува душа мамина кога така се смее