Дваипол месеци пијам по околу литар Лактамикс дневно. На почеток пиев и Holle чај за доилки, во филтер кесички и плус двапати дневно капсули Лактамикс сабајле и вечер. Го исфрлив само Holle, другото сеуште го практикувам. Сѐ ова ми е препорака од лактациски консултант. Не ме советуваше до кога да терам вака, ама секако идат жештини екстра течности не се на одмет. Честито ќеркичка Оли бајдвеј , да ви е жива, здрава и да ве радува цел живот.
Само си цицаше без шише да дадам и од коа почна да прави така почнав со шише зошто на моменти не можам да издржам веќе.
Те разбирам само период е во 2ри месец имаат и скок во развој што може така да изводи само треба да се издржи. Никој не те обвинува и шише да дадеш да не ме разбереш погрешно
Исти случај сум и јас цица од двете и после пак плаче,му дадов дохрана и се успа, ние сме веќе 4месеци
Истиот случај. Првиот месец и пол супер напредуваше, цица уште од прв ден без проблем. Потоа истото почна и кај нас. Шише дадов затоа што не сакаше воопшто да цица. Некогаш цица 4-5 минути само. Сега има супер подои ноќта, денски пак со плачење. На килажа напредува, ама гранично, ми рекоа да додавам молзено или ад.
Да се надоврзам на вашиот разговор,со мое искуство каде ќерка ми ја дојам 2 год и 5 месеци а сега и бебе од месец дена ,сватив дека се им е период,најчесто како растат така се повеќе се заинтересирани за околината и затоа одбиваат да цицат,скокови во развој па се до заби се си има свое влијание,како што ве советува членка погоре ,затемнета просторија и во полусон да бидат цицаат поубаво,или некогаш кога прават фати пушти на града,ги дигам шетам малку низ соба,или оставам на подлога па за краток период пробувам пак.Ова успева кај нас ,чисто пробајте.
Точно, и ја сум со толку стаж и тврдам дека не секогаш ќе цицаат убаво и временски долго. Прво цицето за нив не представува само храна туку и галење, игра и нежност. А да, доколку не се интересира во моментот за цицање, станувам шетам исто како ти, преслекувам, гугаме и продолжуваме. А многу е нормално да почнуваат да се имтересираат за работите околу нив, па секој покрет на друг човек во просторија, звук, светлина да им го одвлече вниманието и толку е. Сепак мислам дека и нив исто како и нас не секогаш ни се јаде исто, нити сме секој ден расположени. Ако напредуваат супер, според мене не треба нудење често шише. Тоа е пишувано тука и пишувано, бебе ќе се одбие од цице ( не сите ама повеќето) само доколку се запознае со шишето кое многу побрзо ќе му заврши работа.
Здраво, ние сме недела и пол стари, за млеко почнав да пијам чај пд алкалоид, вчера се разбудив цела препотена, денес имам темп. 37 со2/3, што треба да направам за да ја симнам? Прв бебуш ни е затоа сум малце исплашена.
Да, од аптека. Првата уште во болница ја купив бидејќи упте таму почнавме со силиконска, Плодност бев. Следните ги купував во аптека, па како растеше и големината ја менував. По страв од првото и сега спакував за во болница силиконска, се надевам ова ќе си фати без неа да цица, а и вие побрзо ако е можно да ги отфрлите силиконските
Примал некој анестетик лидокаин додека доел? Имав еден зафат прееска, ми рекоа 6 часа да ме дојам, ама ај викам да препрашам и тука. Детево е на адаптирано од прееска, никогаш волку долго не била без доење. Татко и ја чува и се тргнав од видик зошто ептен некако жално ме погледна прееска додека плачеше. А може и си замислувам, не знам ама пукнав Башка што од прееска се молзам да си олеснам на градиве и да одржувам лактација. Кога гледам колку млеко фрлив уште толку ми стежна. Ај до вечер ќе се стрпам ваљда некако. Цела куќа ја исчистив, во кујна се растропав, готвам, гледам да правам работи што вообичаено не можам во последно време. Пијам течности и гледам побрзо да го исфрлам од систем. Друг совет секако е добредојден.
Ич не ми текна да проверам на странава, фала ти. Значи џабе малтретирањето од прееска детево пие инцидентно адаптирано и нема проблем со шише, ама изгледа мене ми падна потешко него неа