Парацетамол, можеш и бруфен за температурата. Измолзувај колку да не ти е камен градата и ставај ладни облоги и листови од зелка, почесто ставај бебе да цица на таа града, ако му е тврда брадавицата ќе одмолзуваш малку пред подој, таман и притисокот на млекото да му се намали.
Можеш јас 40 имав прегорев на неколку пати и ми се смачи да ти кажам. Само јас под топол туш ја стискав градата и после 2 дена се изгуби црвенилото. Зелката не ми помогна ама топли тетри и топол туш ми помогнаа.
леле второ дете втор пат доење ама денес ми дојде мака знам грешам ке ми простите голем благодет е и убавини ама е стварно и гооооолема обврска обожавам што ја доев керкичката до 21 месец и малиот сега за сега уште нема 2 и сме на екскл така планирам дур можам ама е претешко па и ова температурава ме сроза денес сум ккао од воз прегазена си се пожалив јас
Не, пиј ги и дои слободно. Можеш тука да провериш https://www.e-lactancia.org/breastfeeding/pancef-pantsef/tradename/
Чест проблем кај мене Пред да го ставиш бебе да цица земи шише топла вода и ролај по цела града убаво потоа бебе нека влече колку сака ако се тегне се мачи тргни го не си прави и ти притисок и нервоза послем подој топол туш и масажа и веднаш послем туш сало ќе ја намачкаш цела града и лист зелка малку источен да пушти сок и прслук.. па ова све во круг за 3-4дена ќе биде се океј само салото е лекот,зелката влече салото омекнува кај мене тоа помага цел ден и цела ноќ на 3 часа мијам града цица бебе и пак мачкам сало ставам зелка.. Тт со првото имав до 3м до 39 се качуваше.. не се грижи за тоа пијај парацетамоли
еве ме мене пак со истата мака како со ќерками. втора доенечка кариера . Жени бебе старо 5 дена . цица му давав и ад и во болница му давааа мислев гладен е . од како ќе се нацица бара уште и ќе му дадам ад и повраќа прејаден е ваљда . еве денеска сме само на доење си кака и мочка убаво. каките жолти и денеска не ми повратил. од сабајле ќе се нацица ќе си заспие така беше до кај пладне. од пладне навака на цицка е нонстоп заспива тргни го да го легнам вреска страшно. а не цица цуцка само. и веќе немам сила. мачно е ама сакам да цица.
А зашо АД ако цуца? Не можиш да знаеш кога и колку е најаден, затоа не давај АД, ќе покажат пелените и колку има качено г. Ти мислиш нацицано, а он уствари само одмара оти нема сила. Остави го нека цица колку сака и кога сака, сигурно одмара само, па сака галење, па пак после да си мезне и така во круг. Честитки син, жив и здрав нека ви е
Немој да даваш ад по автоматизам. Почесто ставај го на гради, почетокот е таков кај повеќето. Освен јадење сака и мазење, ти си му моментално се на светов. Честитки, да ви е жив и здрав! ❤️
Возможно ли е да зголемам лактација некако после 3-4 месеци доење? Со пумпање пример меѓу подои? Кај мене веројатно веќе е воспоставена, меки гради, ретко протекувам, ама сакам да зголемам оти имам чувство дека намалува млекото оти бебето не ме цица некогаш и по 5-6 саати ноќта.
Моево не цицат на вечер мајка од 9-5 сабајле, млеко имаш уживај. Јади ориз, јогурт многу ама имаш млеко уживај.
После 3+ месеци најверојатно имаш толку млеко колку што на него му треба. Ако приметиш дека не се дојадува тогаш ќе мислиш како да зголемуваш.
Значи воспоставена е лактацијата, сиг му е доволно, нека си спие ноќе, за 2 месеци ќе почне со вкусови, па и помалку ќе цица, нормално е да се намалуваат подои. Немаш потреба од пумпање.
Здраво девојки. Имам проблем со ќерка ми, не сака да цица. Откако почнавме со кашички таа е тотално незаинтересирана за цицање. Кога ќе ја ставам на града, ќе тргне неколку пати и одма се трга. Кашички и давам два пати во денот. Сега се плашам и за млекото дали ќе ми секне или не Ве молам за совет