Мене павлака со висока масленост ми помогна за градата. Мачкав по неколку пати во ден, ја вадеше температурата и црвенилото. Ова совет од доктор. И туширање, одмолзување колку да ти олесни.
Здраво, Бебе за кратко прави 5 месеци. Го дојам,но од пред 2 недели му воведов и дохрана, бидејќи не качуваше килажа. Од тогаш мака мачам, почна секој подој одбивен да ми станува.. Бебе цица по 5 мин на секоја града и после тоа почнува хистерично да плаче и да се трга. Градите ќе ги притиснам и понатаму тече млеко , но не сака повеќе да фати да цица. После тоа добива дохрана која ја цица без проблем. Деновиве добив и мастит од тоа што не цица. Дури мислам дека почна и млекото да ми се намалува пошто не цица. Споредбено некогаш кога се измолзував вадев по 50-60ml од града( пред пола месец), сега едвај по 20ml. Дали знае некоја од вас како може да знам дали имам доволно млеко? И што може да преземам околу тоа?
а колку е тоа недоволно според мене бебе осеќа дека е полесно од шише и затоа е нервозно на града тоае нормално но ако ти е весело измеѓу подои и мирно без дохраната мислам ( само мое мислење) дека можеби треба да почекаш со АД сепак сте 5 м може да воведуваш и храна веќе .....вака може да ри се одбие пошто му е полесно од шише а тебе постепено ке ти се намалува млекото .....мојот е 2 м и за ова крљтко време имаше период кај што од есната града не сакаше ич нњ попуштив го лажев и терав со двете пред недела дена ради незнам кон рљзлог мастит ( на градата што ја сака ) и тоа го пројдовме и уште којзнае што не чека .....затоа баш ме интересира колку е тоа малку напредок ?
На должина од 63cm имаше 4500gr. Последните 2 пати накачи 180gr, па само 40gr. Два пати не враќаа за вакцина , не го боцкаа поради недоволна тежина. Иначе меѓу подои беше весел, но многу брзо барашe повторно да цица, на саат, саат ипол. Чим му воведов АД, за 1 недела накачи 300gr.
Најверојатно се намалува млазот и затоа почнува да се нервира. Смени ја градата и види дали ќе се смири. Сите имаат такви периоди кога се нервозни и цицаат помалку. Пробај да не даваш АД зошто од шише му е полесно бидејќи тече со ист интензитет цело време. 180гр за 25 дена е малку да, ако не оди со доењето ништо страшно и да комбинирате со дохрана.
Секое бебе е различно. Прво може во скок и така ви се поклопило и да кога си почнала да даваш дохрана и да се трга од града. Нормално е дека од шише ќе пие зошто така не се мачи, имаш млеко штом и мастит ти се направил но не очекувај дека секогаш исто ќе можеш млеко да извадиш, некогаш ќе извадиш 50мл некогаш 100мл некогаш едвај 10мл како што бебе има вакум да исцица се од града ниедна пумпа нема таква сила.
Марула смееме да јадеме дур доеме или и таа ствара грчеви.... Останав без салата за ручек од ова не, тоа не смееш
Мене не ми прави проблем. Јадам и многу домати и пиперки. Краставица многу ретко. Пробувај едно по едно ќе видиш ако треба да исклучиш нешто од исхраната. Кај секој различно влијае храната. На почеток и јас ништо не јадев од страв, на крај сфатив дека преживувам на 3 еднолични намирници. Ни така не бива, па почнав да елиминирам едно по едно. Дефинитивен проблем ми остана само млечното и еве уште не јадам.
Треба да видиш што конкретно му пречи на твоето бебе, не им пречат на сите бебиња истите работи. На моето му пречеа домати, краставици, мешункасти не ни имам помислено да јадам, кафе и газирани сокови. Постепено почнав да јадам салати и да пијам кафе и сега веќе и тие не му пречат. Кока кола се напив пред некој ден, не му влијаеше добро и не пијам.
@Giovanna @Bella_Stella фала ви. Но имам чувство дека и од водата што ја пијам има грчеви. Сучка прачка се направив што од умор, што од јадење едно те исто, што од што ме цица. Многу лакомо јаде можеби и од тоа има грчеви, се наголтува воздух. Или едноставно си има дете грчеви. Еден ден само неколку кифли изедов и вода пиев тој се грчеше исто и кога ќе прекршев и се напив чаша газиран сок, никаква разлика немаше. Се надевам брзо ќе прекинат оти станува неиздржливо и неподносливо неговото врескање. Се воздржувам да не плачам со него.
@Ceneva кај мене па велат да се јаде се, грчевите се независни од тоа што јаде мајката. Понови истражувања бар упатуваат на тоа. Се развива дигестивниот систем, ете и на вода биди ти само, тој пак ќе има грчеви. Јас искрено јадам без рестрикции, и мешункасти и се останато. Поголема мака со грчеви не видовме, освен последниве неколку дена но тоа го препишувам на ротата бидејќи подле неа некако се ни се измести. Едино за млеко ми кажаа да намалам, бидејќи може да биде нетолерантен на лактоза.
Марула јадам од сам старт. Домат постепено воведов сега јадам секој ден. @Giovanna консултантот за доење кога ми беше баш ми нагласи за краставица и ми рече да си јадам слободно иако викаат дека ствара грчеви, според нејзе е 90% вода и не прави проблем. Е сега ова бебе немаше грчеви воопшто, може 1-2 пати заплака и тоа едниот пат јадев ачрикота а тоа ствара грчеви. Сепак мешункасти ден денес немам пробано од страв, бебе скоро 4 месеци. А како ми се јадеше пред некој ден графче кога беше посвежо уф
Краставицата мојов стомак не ја трпи многу па ја избегнувам повеќе заради тоа. Цел ден знае да ми се враќа како чувство некое што тера да ждригнеш, особено во денови кога вежбам не помислувам да јадам, умирам. Другово се јадам, вклучувајќи и мешунки. Пробај прво со помали количини ако ти е страв, веројатноста е дека ќе биде ок.
Јас со ќерками јадев се буквално. па грчевите како песна ги поминавме. си какаше по 3-4 пати , прдкаше редовно и немаше мака со грчеви. еве гледам и син ми си кака убаво нема многу грчеви.
Види шо му прај грчеви, на моево сега не му прави ни марула, јадам летна манџа со пиперки, спанаќ, а од црешите се одкорна од плачење. А со првото не смеев ништо да каснам до 5ти месец ни овошје ни зеленчук.