Побарај го, сигурно ќе ти го донесат и прашај си да не има жолтица. Обично вториот ден се приметува, барем кај син ми така беше. Маки мачевме со маж ми првата недела за да го разбудиме за јадење, ептен беше поспан, ама помина и тоа. Не знаев. Како и да е, ќе си фатат ред. Јас инсистирав и кога даваа шише да биде мое млеко зошто имав и жално ќе беше да дадат формула. Навечер ми го носеа само за цицање, па ќе ми оставеа пумпа да се молзам кога не е до мене да му даваат од шише зошто го сончаа.
Мајка, честитки и живо и здраво нека е прво после пораѓај нели сите бебиња се поспани, не знам дали си царски или природно ама природно ако си додатно е уморно бебе. Моето едвај отвараше уста т.е отвараше ама толку му беше мала што едвај ќе и ја ставев в уста, да одбива не одбива сигурно оти инстиктно те бара тебе и градата за да цица, нели одма после пораѓај ставаат на града и знаат како, така да до тоа не е. Не го оставај предолго са спие, јас првата вечер кога се породив ја нацицав и спиевме двете до сабајле, секако дека бевме уморни и двете,биди упорна и ставај го само на града, а ти во меѓу време пиј чај и молизи се. Тек излегло на овој свет, ќе си фати. Според мене треба да е бебето нон стоп со мајката и да не го земаат, не знам оти тоа уште се практикува во Мк..
Даваат ли нешто за болки од епизиотомијата или да си се напијам парацетамол? @Bubish26 пијам течности форсирам, 3л сигурно имам испиено до сега,вода,сок,чај за доилки. Отидов до кај бебињата,што да ви раскажувам кога знаете каков однос имаат вработените,ме набрка сестрата пиеше млеко сега одете си ќе спијат (уште една жена дојде со мене). Ми останува сабајле да си продолжам со обиди,па макар и со шприц колострум да му нудам.
Побарај си, ќе ти дадат. Јас бев со царски и доволно ми беше тоа што ми даваа, цижерката бараше плус и и даваа.
Првиот знак вртат главче лево десно, бараат цице. Вториот шлапаат со устето. Третиот рака во уста. Четвртиот и последен е плачењето. Ако ги начекате на првите два ќе нема плачење и грчеви. Со првото не знаев и додека го сетам веќе беше доцна. Со второто гласот не му го слушнавме.
Јас се пожалив на болки, ми ставија од онаа инекцијата што боли и пече, ми рекоа дека во неа имало и за болки, а на цимерката дека и беше трет ден и дадоа парацетамол зошто она тоа им побара за болки, ама даваат нешто, не те остават да трескаш глава од болки, тоа е моето искуство. Јас кога се породив во мај бебињата ни ги носеа околу 5:10 до 5:20, а се случуваше да ги земат некој ден 21:00 или пак 22:30 часот, ама кажуваа сменете пелена до толку и толку и ќе дојдеме да ги земеме.
За болдот… не знам и јас, сите истражувања викаат дека првите 24 часа се најбитни за воспоставување добра врска за доење, плус на бебето му треба мајката, а и на мајката бебето, тој окситоцин што се лачи додека си со бебчето е како природен лек против болки. Плус кожа на кожа му регулира дишење и шеќер на бебе, едноставно еден куп бенефити се испуштаат. Навистина жално.
Дојде сестра околу 12:30 ме боцна. Пече да,ама се надевам ќе поднамалат болките. Јас си се напив и парацетамол околу 21 ама му пројде дејството. Ова со земањето ноќе изгледа е нова практика. Јас пред 3год и 9м тука се породив со првото и нон стоп беше со мене. Што дека тогаш беше кога никој не ми кажа како да дојам,доаѓаа стискаа,немаш млеко дај го ваму за дохрана. Сега божем со искуство сум ама бебе успано.
Мајките породени со царски рез првите 24ч не се способни да мрднат од кревет со катетар, а не пак да се грижат за бебе, затоа и ги земаат. Тие што се природно породени можеби и можат да побараат бебињата да останат со нив во текот на ноќта.
Има решение за се, а тоа е и со едните, и со другите да биде присутен партнерот во соба за да им помага. Впрочем така и на таткото му се дава шанса да се поврзе со бебето. Но се е ова wishful thinking за условите во Мк.
За тоа треба да си сама во соба. Ако сте две во соба на што ќе личи тоа мажите да се во соба а ти практично гола си... Маж ми мене ќе ми е од помош ама на цимерката ќе и биде непријатно и обратно. А и како да е, после анестезија и сите лекарства и инфузии ноќта како труп ќе спиеш, да не заборавиме дека царскиот е операција.
Не мајка, тука бебињата и на мајките со царски им се до нив нон стоп, само сестра помага околу се ама бебе е во соба, а кога веќе ќе стане, си тера сама, со мене беше со царски во соба и и беше претешко ама бебе и беше легнато на неа цело време. Ајде царски нека е така ама природно не гледам причина оти ги земаат.. бар такво инфо имам дека не се 24ч со мајка
Сето тоа е ок и факт е дека во Мкд нема доволно персонал за со секоја родилка породена со царски да седи сестра. Во Ск, жените 8-10ч после царски лежат на интензивна (во другите градови 24ч се на интензивна) каде нема услови за бебе, кога ќе те прфрлат во соба ти го носат бебето да го видиш и да поседиш со него и тогаш сестрата седи со тебе за помош (јас се породив во 8 сабајле, околу 18-19ч ме префрлија во соба). Следниот ден т.е 24ч после операција те стануваат, ти вадат катетар, те тушират, те облекуваат и ти носат бебе и цел ден е со тебе.
Лично јас ,и со двата царски, бебињата беа со мене од првиот момент(контакт кожа со кожа,за со мајка и татко,и за поуспешно доење,дохрана не даваат,ако немаш млеко ,колострум со шприц им даваш),сестра има но 2 на 2 одделенија,последно ја барав во 2 наутро да ми го подаде бебе од креветче се појави во 5 да види како сме ,до тогаш јас си се снајдов за земување и ставање во креветче и доење,мм и ќерка ми беа со мене до 9 навечер ,до тогаш се дозволени посети,сам стануваш ,сам се тушираш, и ако се осеќаш добро нареден ден попладне те пуштаат дома.
Странство сме(Англија),затоа се надоврзав на разговорот,по тоа што читам МК и не е толку лош пристапот,јас бев желна да одспијам барем 1-2 саати со првиот царски, дека беше итен после 48 часа поминати со болки ,да не одам надвор од темата,сепак за доење може ова што го прават во други држави е и подобро ,колку повеќе бебе стимулира и е до мајката толку полесно за млеко и поврзување меѓу нив.Различни системи ,различни искуства.
Знаев дека не е кај нас, тука колку што знам нема посети до 21ч во ниту една болница. Да, секоја држава има свој пристап и протокол ама факт е фека во Мк никако нема да ни се погоди
И јас сакав да спијам како труп, пораѓајот како пораѓај е траума на телото, каков сака нека е. Плус се погоди така да не бев спијана 48 саати. Ама си си се породив и бујрум ми го дадоа детето, маж ми со мене во соба беше и двајцата се грижевме за него. Ама да, мора сам во соба за тоа. Ама бенефитот е неспоредлив според мене, вреди и за неспиењето.