На државна Бт точно 24ч лежев на интензивна, 22ч породена понеделник, 22ч вторник ме префрлија во соба, ноќта ми оставија катетер и дури сабајлето ми го донесоа бебето. Исто мислам дека треба да се лежат тие 24ч под надзор, операција е. Има време за се, вечерта средата веќе почна млекце да си течи, иако само средата беше со мене бебе, пред тоа никаква стимулација немав. Лежев.. Од ко ми го оставија го ставав на града и за оброк го земаа му даваа ад и одма го враќаа. После др ден си ја зедов и пумпата и се молзев и млеко си дојде, четвртокот веќе беше само на мое млеко, не го земаа за ад. Петок дома и цицаше до 14 месеци.
Немав влезено да читам. Јас се породив во Србија во Ниш, во 18:15 се породив а ме качија на оделение кај 21:30 и бебче ми донесоа чак 6 сабајле и толку си остана со мене. Не го земаа повеќе. Втората вечер само на кратко едно 15 мин го зема педијатриската сестра да види дали е најаден. До некаде е убаво што е бебче нон стоп до тебе ама до некаде и не баш. Јас проблем имав со реброто едвај се подигав, напнување беше да се исправам за да го земам синко за да го подојам, и највероватно тука ми попуштија конците на епизотомијата. Па барав за болки инекции е тогаш беше по друго. Функционирав и можев да се посветам повеќе. Ама затоа дома беше тешка песна, немаше инекции Така да имам поделено мислење јас во врска со тоа бебче нон стоп со тебе или не. Порано биле по една недела во болница бебиња им носеле денски само за доење и пак имале убав доенички период, ама одморни биле кога излегивале од болница. А јас бев како прегазена со воз , едвај стигнав да се истуширам денот кога излегов ( а коса ќе миев као, добро што не земав фен само ќе го прошетав ) , една сестра на оделение и не може баш да ти помогне.
@AngelOfArh мајка, ќе те тагнам тебе како докторирана на темата. Син ми деновите не цица, скок ли е, доенечка криза ли е ми иде да се фрлам од прозор. Како и да е, решив шишиња молзено да му давам (бар да пробам) молзено од Април, Мај, замрзнато нормално. Сѐ океј одмрзнав во млака вода, спремив во шише ама некако многу јако на железо ми мирисаше млекото, а чувано во соодветни услови. Лизнав малку, ептен на железо вкус. Нормално е тоа? Го бива, не го бива млекото? Друго дваесет е шо син ми не знае да цуца веќе од шише и сега не знам од шо не знае не фаќа цуцла убаво или млекото му е до толку грдо? Или па и не е гладен... Нешто од тие три. Гуглав на нет нешто липиди мипиди во брестмилк ми зборува гугл ама не можев да протумачам дали е тоа добра или лоша работа.
И сакав да прашам, вака на посебен пост. Доенечка криза во трети месец е нешто што навистина постои, или? Ваши искуства на темава?
Мило ми е што ви текнува на мене на темава, секогаш сум тука да ви помогнам. Млекото мириса на железо поради мастите кои во допир со топлата вода се раствараат, ако нели не е директ млекото во вода, од топлото е. Јас еве второ дете давам млеко молзено исклучиво полека одмрзнато во фрижидер, од вечер до следниот ден, не во топла вода. Пробај така. Инаку не е страшно, ако го пие можеш слободно да го дадеш. Расипано млеко мириса на риба, на скиснато, на нафта, неубаво. И има жолтеникава боја. Постои, и кај доени и кај бебиња на шише, кај доени е потешко бидејќи тогаш е и ризик да направиш мастит, да се "намали" млекото и слично, но нема да трае долго, не се сеќирај, ти биди упорна само и ќе се врати. Гледај можно е и да добиеш веќе циклус па и тоа да прави проблем, бидејќи се менува млекото.
Каква е таа доенечка криза во трет месец? Ај елаборирајте малце поопширно на темата. Ние во вторник полниме три месеци, да знам што да очекувам. Иначе последнава недела сме ‘повуци-потегни’ и ние со цицањето. Кога цица мирно уживам, да ти е милина да го гледаш. Ама кога ќе ги стави тоа рогчињата овновски ауууу, бегај подалеку. Се тегне, се бутка, се смее, квичи. Јес да мајка му е мастер на mood swings, ама мораше ли баш тоа да го наследи. Шала на страна, јас препишувам на трет скок што ни заврши денес, ако е точна пресметката де. Е уште сега се спремам психички за четвртиот, баш да видиме како ќе не удри.
@DaisyDoo @Bella_Stella Доенечка криза најчесто се јавува во 4 скок. Моето баш тогаш се одби од цицање иако претходно заспиваше само со цица, одеднаш почна да вришти кога ќе го ставев на града. Првично успевав да го дојам кога е сонлив ама потоа и тоа не успеваше, па едно време давав молзено за на крај да ми се намали млекото и да се откажеме од доење. Се консултирав и со лактациски консултанти ама попусто беше, а и тие ми кажаа дека многу голем број од бебињата знаат да се одбијат баш во тој период бидејќи се работи за доста тежок скок каде усвојуваат доста важни и големи вештини за нив.
Нема да сака да цица, кога ќе го ставаш да цица ќе плаче и се друго ќе го интересира освен цицањето. Само трпение и ќе помине, повеќе во тишина и во потемна просторија давај му да цица.
До сега некако се справуваме. Прекинувам со доење ако почне да негодува, па нудам малку покасно. Читав дека типично за трет скок е намален апетит. Кај него е кога како, некогаш цица ептен кратко, некогаш е долго и е мирен па наеднаш ќе збесне. Генерално е многу мирно бебе и веројатно затоа ми се толку приметливи тие детали. Четврти скок ни почнува од 20ти Јули, секогаш викам ако е точно пошто имав корегиран термин. Ќе видиме како ќе биде, јас ќе дадам се од себе да се избориме и да не се одбие, па се надевам ќе успееме.
Од третиот скок па еве сега во четврти е беба уште кризираме и двете. Секое ставање да цица ,вришти, пробувам и со одмолзено, со менување на цуцлата и одма на града, темна просторија и малку поспана. Не ми успеваат секогаш финтите и се нервирам и секирам
Пробај нишкај ја, кога е во полусон подметни цица,или додека спие малко размрдај ја па двете легнати една до друга пробај да ја доиш.
Здраво мајки, да се пријавам и овде Пак сме со силиконска брадавицаубаво беше барем овој пат да не се мачиме со неа, но штом имам млеко, греота да не го пие, а си сака и она. Само мајка и вака без брадавици, е терсене
Нишкањето и ш’шкањето кај мене доста помагаат, исто и тапкањето по газе. Еве моментално сме у фазон, недај Боже да престанам одма се квичи и се тегне.. Дур не ми се откачи ногава од нишање и не се претворам во буквата Ш не се откажувам.
Иста бев ама за брзо ги извлече. Едната и покрај тоа што ја извлече му беше понезгодна да ја фати и често ја одбиваше ама од другата многу сакаше да си цица Ќе биде, не се грижи
И со првото иста бев, година ипол со силиконски, успешно цицаше. Еве и ова сега, се направивме за да се извлечат и не бре, наместо да се возбудат од тегнење, тие уште толку се сплеснуваат
Ништо страшно, битно си нашла начин да цица. Ќерка ми исто беше со силиконски првиот месец ипол, после стана посилна и поефикасна со цицањето и продолжи без нив да цица. Во меѓувреме пробував со пумпа малку да ги извлечам пред цицање, сега веќе се супер и може да фати убаво.
Јас дојам со силиконски, а имам испупчени брадавици ко цуцли ама такви регади имав што беше премногу болно. Силиконските спас, сега на лева града сака и без ама на десна без силиконска не фаќа баш. Што и од сам старт беше проблем и затоа на таа имав таква регада што во мозок болеше. И да бидам искрена не ми е криво што дојам со нив, битно ми е да цица. Ама не сум зависна 100 посто и од нив. Цица и без, само со мала потешкотија на едната. Не се стресирај толку околу тоа
Леле јас немам исто пупки, со Н. плачев како мало дете на секое молзење и вицање, крви бев, рани, едвај се извлекоја ама не знам оти не ставив силиконски.. а со К. немав никаков проблем во однос на болка, тешко ги извлече сама, не дека и сега имам Мама си тераме така, немаме ние проблем само не можам јас да си ги поднесам, огтомни ми е, ужас.