Така сум запамтила од првото,24ч во обичен фрижидер. Можеби грешам. Инаку се бориме сеуште со фаќање цице,па во сред ноќ немам време да го чекам да се стопли млекото,затоа го притоплувам во топла вода. На собна на ова топло време не би ризикувала со 4 часа, знае да се затопли станот и до 28 степени. Го носевме на прва контрола, засега е се ок. Денес ми беше врвот 100мл од двете гради. Докторката вели дури и една града на еден подој дека му е доволна. Го нацицав таму и покажа плус 165г што според докторката е одлично.
Се бори навечер да фати цице,и бато беше таков првиот месец. Денес цел ден без шише,мислам дека сме на добар пат
Ќе биде, комбинирај додека пркне со шише навечер, ем да одмориш, ем да биде сит зошто навечер е многу важно да има цврст сон, да не се расонува да се нација давај шише ако сакаш, ако не терај со цице ќе видиш брзо ќе се опраи. Јас до 2м навечер давав после се научи да спие цела ноќ немав потреба, сега ако цица тоа е брзо и спие одма и раат.
Мајки да ви се приклучам и јас. Бебето е 4 дена, на колку време треба да ја будам за цицање, градиве ќе ми експлодираат мислам?
Жени мене многу ме боли левата града, мислам не целата ама околу ареолата и брадавицата ми е камен тврда, осеќам како струја да ми минува цело време. Имс млеко кога стискам и не гледам никаде црвенило или грутки, мислев мастит да не е, ама немам ни тт за тоа. Истовремено бебе е во некоја криза и доењето е многу тешко ама за беља само од таа града сака, од другата како да се гади. И најново мора шетаајќи да го дојам, никако друга позиција не прифаќа, грб ќе ми падне. Инаку вчера на педијатар ми рекоа да не се секирам за тоа што има малце нададено, дека е во граници на нормалата неговата тежина, ми рече да продолжам само со доење, во висина повеќе расте бебево, мада реално и јас и татко му сме онака со нормална тежина, баш и он изгледа во грдабата како мм. Не давам ад ќе продолжам со доење ама не знам, што да правам со градава?
Стави зелка, ама само на градата не на брадавицата и ареолата. А за другата града да ја сака пробај во поза фудбалска топка, обратно, фактички да му иде исто како и градата што ја сака во уста, мислам дека до тоа е.
Струјата е млеко што надоаѓа и јас осеќам така повремно. Масирај ја градата под топол туш, мислам дека ќе ти олесни. А за од другата града да прифати пробај смени поза, лежејќи можеби ќе прифати или вака Ангел како што вика да му правиш оптичка варка дека е истата страна. И ние мака мачиме со цицањето, ама стискам заби и терам..
Пробај и со бели звуци кога одбива да цица кај бебе помагаше тоа или пак да пробаш да не му се ждрига, некогаш кога му се ждригаше одбиваше да цица и плачеше. Ми требаше време да сфатам но кога укапирав веќе немавме мака со одбивање.
Со бели звуци сме постојано, а и обавезно го ждригам, мислам дека не е до тоа, туку до скокот, трае уште некој ден па се надевам ќе се смени после него, ама ова болката уште толку ми прави мака, мора да најдам решение.
Имав и јас мака со едната града ама имав и црвенило и треска една ноќ. Болката траеше негде 3 дена ама форсирав да цица од таа града и се среди. Со помин мајка
Да не те плашам ама мислам дека нас ни се споени трет и четврт скок. Среќа бебево во принцип ми е мирно па само на цицањето се одразува. Да не зборам многу де, да не ме чуе па да видам убаво. @Nala37 на ова со белите звуци не ми текнало, шумишот закачен на креветче како украс стои. На почеток неколку пати го пуштивме, ама спијач си е и не сме имале потреба. Баш ќе пробам денес, фала за идејата.
Леле велиш има шанса а баш се надевав дека барем дома ќе биде малце во добро расположение кога треба да се запознае со сите, мада не дека е нешто многу лош, мирен е во глобала во сите скокови до сега, освен со јадењево што се глупира, инаку нам бел звук ни е вентилаторот, кога не сака да спие или е вознемирен застанувам пред него и одма се смирува, ем звукот ем ладничко.
На доење ми е бебче, но имам премногу обврски а да се одмолзувам не ми успева, дали може да му дадиме адаптирано кога ме нема дома, некој што постапил така?
Уште од шесте недели кога ја оставав се одмолзував и од шише пиеше преку два дена, сега сме 4ипол месеци
Јас сум давала така повремено, немало проблем. Но, имај предвид дека не секое дете е исто. Моево се уште не одбило храна во никаква форма. Некои не го сакаат вкусот на адаптираното, не сакаат или не знаат да јадат од шише, па тука можеби ќе треба да пробуваш повеќе варијанти ако не успее од прва. И најважно, ако сакаш да не ти се одбие, обери шише со слаб проток, со цуцла слична на форма на брадавица за да не му олесниш премногу кога ќе јаде. Бебињата во принцип баш "работат" додека цицаат. Мора активно да влече за да цица. Со несоодветно шише што многу брзо и лесно тече можеш да си направиш беља пошто ќе се навикне на полесен начин да се најаде. Ако си решила почни внимателно, ама имај ги предвид ризиците за одбивање и следи го детето ако пројави некоја промена за да спречиш на време.