И ние до сега сме немале проблем со скоковите, пу пу. Затоа и не знам баш да проценам дали е во скок или не. Он е голем смешко, не плаче скоро никогаш. Ептен ако му се спие а не може да се успие почнува да кенка. Баш прееска му викав на маж ми, што дете родив ни кога е гладен не плаче, а се познава дека не се дојадува и само шири усте и бута рачиња. Изгледа не ги поминуваат сите деца екстремно скоковите. Вас баш 4ти што викаат дека е најстрашен заедно со 5ти ве фаќа во Мк, ама па може нема ни да го осетите. Good luck!
@Bella_Stella штотуку седнав препотена после една епизода тешки плачки и те читам Ќути не урочувај и блазе тебе И мојава е превесело бебе, цел ден се смее, ама бескомпромисна е кога и се јаде или спие а не и е учинето во истата секунда. Буквално од смеење до плачки со заоѓање до помодрување ја делат цели три секунди. До сега ми вриштеше во кола, еве ја цица и заспива, ама уште имам ехо во глава од вриштењето што го приреди @1209 добредојде Супер ќе си поминете, тргни ја таа мисла од глава. И да е во скок и тоа не трае вечно, ќе кенка па ќе помине. Мислам дека ќе му биде интересна промена со нови луѓе.
И јас ќе ти кажам само дека може да има испади кога ќе смени локација и нови луѓе, до бебето е де ама очекувај и тежок период за тебе, припремај се дека може нема да е се најсјајно. Јас немав добро искуство со промена на околина и нови луѓе.
Оф кај моево уште нема такви екстреми, се надевам и дека така ќе остане. Кога е гладен само почнува да шири усте и да дише како прасенце, ама не плаче. Сите викаат леле колку е мирен, ама јас се плашам дека многу лесно може да смени. Како и да е слатки маки се, ќе се снаоѓаме како ќе доаѓаат предизвиците. Тек почнува ‘борбата’ во родителствувањето. Нека ни е со среќа на сите новопечени.
Тие мајки што одите на работа како се справувате со преполнување на градите? Јас кај да е ќе направам мастит ако продолжи вака, денес десната ми е цела со грутки, претешка е и цел ден ми течеше. Сега дома исцица колку што можеше ама секој ден е исто веќе.
Стиснав малку денес на работа, после ко се отпушти некој канал не запре со течење. Планирав на пауза да ми ја носи мм да ја дојам ама ем е прежешко, ем уште повеќе ќе ми се прави така. Се надевам за брзо ќе свикнат.
Хиперлактација ќе направиш ако до крај ги измолзуваш градите мо доколку само по малце одмолзуваш тогаш нема да направиш хиперлактација.
Колку отприлика треба да е напреднато бебе доено во првиот месец? на 21 06. 3300 се роди 3250 исписна . на 19 сме на контрола . мисла ми е колку е напреднат. а гледам по друг е како поголем и поправен. полни пелени. жолта кака има. а и повраќа и бљуцка. божем сама и со него се мерев на вага . дава дека е 1 кило поправен . шо не ми е за верување дека толку ставил.
Ако спие убаво, не плаче неутешно, сам се трга од цице кога е најаден, мочка најмалку 6 пелени дневно и каката е жолта и течна, тогаш немаш место за паника. Јас го мерев во транспортер со дигитално вагиче, го закачував транспортерот на вагичето (кантарче), нулирав тежина и го ставав бебо, ми даваше точно како кај докторот.