Додека јас се замарам дали имам проблем што не ми се преполнуваат градите, не ми тече од едната додека цица од другата, таа си ставила 750 gr за три недели. Не се замарам веќе со ова, ќе се опуштам и ќе уживам
И јас имам така чувство на едната града,како жежење. До што е незнам. Се надевам не е нешто лошо. Ти се случува сеуште?
Женски ај да ве прашам, мислам и имавте спонато пред некое време, ама кнап со време и не успеав да најдам. Ќе ви бидам ептен благодарна ако споделите кои точно суплементи ги земате за подобрување на лактација? Имате некоја препорака? Фала ви однапред
Редовно го имам на првото доење сабајле, болка, жежење не знам како да опишам, и тоа само на десна града. Имав и со првото и тогаш се уплашив ептен да не е нешо недај Боже ама нормално било.. а шо уствари се дешава не знам
Од суплементи не земам ништо. Првите недели само земав чај Лактамикс ама не испив ни цела кутија зошто немав потреба, брзо се воспостави лактација. Пијам многу вода, леден чај, бистар сок од јаболко, јадам овес бар 2-3 пати неделно. Знам некои членки и Лактил таблети пијат, па ќе пише некоја сигурно.
Само исхрана и течности ти кажа Бела, додатно не ти треба, можеш чај за доилки пошо тој е добар и за против грчеви. Ориз и јогурт исто да конзумираш многу
Цицањево ко на ратиште ќе заврши некогаш? Цица, на 4 се качува, седнува, по мене се пентари, нозе и цицка у уста заедно, недајбоже нешто да мрдне, се да види што е. Нит темно, нит ладно, нит тишина, ништо не помага. Коа ќе земе да станува со цицка у уста.... Се ви е јасно! Еве сега цицајќи се фати за мене се исправи и седна. 7м има, кај брза не знам.
Сеуште не, 4.5 месеци има. Сега планирам да почнам со тоа што ќе ставам мелен ким по една лажичка во манџите. Ти пишале веќе за исхраната. Додатно пијам и ти ги препорачувам Лактил таблетите за лактација. Консултант за доење ми ги препорача уште на сам почеток, но ги пијам сеуште, страв ми е да ги оставам. Решена сум да ги пијам дур бебе почне да јаде еден оброк. Јас сум многу задоволна од нив.
Имам снимки од тој период кај шо цицаше исправена со нозете и се тртеше со газот и мрдаше чучњеви правеше, па се некој актобации изведуваше хаха смешки се
Да тие се, ги зимам во Зегин а може и во други аптеки да ги има. Пиј ги со поголема количина на вода.
Исто, или цица легнат на стомак, мислам кој цица така бре... На маж не можев да му доловам, пошто ова почна кај мајка да го праи и вчера го гледа и се гази од смеење а овој па мислиш знае и се усилува со глупирање.