Веќе ти пишале повеќе членки. Лактил до ден денес пијам 2х1, скоро 4 месеци откако сум породена. Лактамикс пиев редовно по 1л, сега намалив пошо жешко ми е за чај, а го заборавам кога го оставам да се лади. Овесно млеко пијам во изобилие, најпрвин го пиев баш ради лактацијата, сега веќе оти ми е превкусно особено изладено. Еден период пиев и Holle чај за доилки, ама го прекинав.
Zdravo deneska 4 den od caarski mleko od vcera pocna da mi doagja ima duri i mi tece bebe cica ama uste tesko ja fakja mene mnigu me bolat i tvrdi mi se i vreli posle doenje gi odmoluzuvam so pumpa pa posle malku omeknuvaa sakav da prasam do koga vake bolat i se tvrdi gradite?
Само на медела ланолинот евентуално силиконски брадавици да ставиш дати заздрават малце па после тоа да си продолжите без нив.
Првите месец дена ќе биде така малку, ќе осеќаш дека надоаѓа млеко, ќе имаш нелагодност можеби, после тоа веќе ќе се среди. Ставај бебе на цице да не се стврднуваат, со пумпата стимулираш повеќе млеко и повеќе ќе имаш мака.
Го имам тој на Лансинох, мачкам ама некако слабо фајде. Мислев да пробам со силиконската, ама не знам колку ќе ми успее зошто е борба кога цица, многу е немирен и ме тегне, затоа и се разранија.
Искрено не знам за другите овој на медела ептен убаво делува, а не треба ни да се мие јас со него стварно никаква мака немав. Ама и да ги залечиш мора некое фајде да најдеш за да зараснат.
Јас мачкам АД капки,по препорака на педијатар. Не се измива пред доење. Го имам и ланолинот од медела,но ова ми се виде поефикасно. После доење мијам града,оставам да се исуши ,мачкам и луфтирам со маицата нагоре. Има ефект за брзо време.
Биди упорна, за ден два ќе пушти. Кога градите ти се топли, можеш зелка во градник да наредиш( без тврдите делови од зелката, значи само меки листови, и не на брадавиците) нека постои така саат два време и ко ќе ја тргнеш зелката ќе видиш дека ќе биде како испотена, тоа вади температура. После зелката мачкаш кисело млеко едно пола саат исто не на брадавиците. Мачкај подебел слој да не се исуши на брзина. После тоа одиш под туш со топла вода колку што можеш да издржиш ги миеш и масираш градите. Од телото значи кај што почнуваат жлездите па правец беадавиците, со кружни движења со врвовите од прстите, притисок колку можеш да издржиш. Убаво секој милиметар. Значи топол туш, малку масажа под туш и после туш уште. Можеш дури и топли крпи да ставаш врз градите ако осетиш дека имаш потреба од повеќе топло. И по масажа пумпа. Па пак масажа и пак пумпа. Болно е ама не трае повеќе од два дена. Пред доење стви топли крпи на гради. После доење ладни облоги. Може мокра крпа у фрижидер малку и на града Иста приказна па уште и малку млеко имам, а форсирам да дојам. Де пумпи, де доење по цел ден цицки надвор. Ми велат оти не се јавувам на видео кол да виделе бебе. Ахам до тоа ми дошло... Силиконски кај мене некако не функционира оптимално. Ја вади дури. Ама пробај. Јас некогаш на почетокот ја ставам дур да смукне убаво и да ја извлече брадавицата, па ја тргам. Ама имам чуство дека само го збунувам детево. Прво града, па силиконска, па после дохрана со шише. Аман значи. По два саати се храниме и тоа по мин 6 пати на ден. Пробај и позиција да смениш. Може не му одговара таа. Кај мене сега во лежечка два дена пробуваме ќе речам како повеќе да одговара и полесно фаќа. И јас го користам истиот ланолин хпа , вчера почнв со тој од дм поефтиниот, нивниот на бабилов, ќе речам подобро ми е. Или можеби од позицијата што сменив. Туку кажете од искуство има ли шанса млеко да надојде повеќе количински или тоа е тоа. Бебе 12 дена старо. Доење форсирање одма штом се породив на града и првите 24 часа по цел ден на цицка. Тек на втора вечер у болницата ми дадоа малку аптамил пошто веќе почна да ми зајдува дете од глад. Џабе сите три советнички у болница шо го имав. Се пробав. Еве смрдам од едни суплементи ко индиски зачин сум. И пак не е довилно. На крај по препорака од бабицата морам да давам дохрана да ми напредува дете. *Само да напоменам не сум во мк. Ама и не дека прави разлика.
Пијам драга, по 1,5 л чај. Де од хип, алнатура, дм. И едни други таблети за лактација ми ги даде бабицата од некоја билка пискавица мислам дека се вика. Јадам и ориз и овес и јогурт и вода пијам. Буквално се што ќе прочитам. Нарачав и чекам да дојдат уште неколку таблети, меѓу кои и лактил што ми ги препорачаа овде. Си мислам да не е хормонално од тироидната или од дијабетисот, или поради тоа што бев екстремно истоштена и дехидрирана на пораѓај, пошто прилично долго траеше, ама сакав и и избеегнав царски во последен момент. Самиот пораѓај воопшто не го доживеав како траума иако не беше лесен. Да речеш дека како стрес од тоа ми е. Па после се грижев за беба три дена во болница, од кои ноќите бев сама. Бев истоштена до даска, со спиење за една недела вкупно 7 часа. Пошто ме хоспитизираа по пукање на водењак и останав во болница 12 саати без врска и не можев да се одморам, а предходо немав спиено и одморено поради топлото два дена. Па после и кога се вратив дома не можев да спијам. Еве да кажам во последните три дена малку почнав да одмарам по повеќе. И на града е стварно многу стално. На крај ко ќе стане нервозно оти не добива храна, давам дохрана па после спие. И сега проблем, пошто е гладна пие од шише повеќе од колку што треба, со големи голтки, па на крај ќе ми исповрати и пак од почеток. Важно мочка и полни пелени. Друго не знам шо да кажам. Се надевам бар колку толку добива нешто од мајчино. Еве ако било кој друг совет имате, кажете шо да правам. Некој пат лекот е пет пари, ама кој да го знае.
Од моето искуство со првото дете, и да ти го снема на почеток млекото, може да се врати. Покрај сè ова што правев, зедов и електрична пумпа да стимулирам. Не знам на колку време даваш ад, но ако спие подолго, јас би се молзела во меѓувреме за долго да не се градите без стимулација. Но 12 дена рече дека е бебето, секако дека има уште време и ќе надоаѓа млеко. Кај некои ете не се преполнуваат градите, што не значи дека нема млеко. Сепак показател е килажата.
Ќе се стабилизираш, сепак уште е многу мало бебето. Не си доволно одморена, тоа и те како има удел. Биди упорна со сѐ што правиш и ќе си надојде доволно млеко. Јас од синоќа со силиконски почнав, цица не се буни. Ама сега друг проблем имам. Левата града ми е камен тешка, малку ќе се отпразни после цицање ама како да се преполнува. Друг пат кога се случувало вакво нешто сум масирала и молзела под топол туш колку да ми олесни или само ќе ја стиснам и си тече. Прееска пробав нејќе капка да капне, а полна преполна. Ставав топла крпа, малку од малку протече. Дали е можно да имам затнати канали и што да направам?
Како не може, може и тоа како. Чекај тебе не ти ни дошло млеко асално. Течности и само течности, ќе дојде млеко ќе видиш. На града бебе, молзи после, ако напредува убаво доиш на захтев и тоа е тоа. Кај мене не напредуваше и доев на час, под саат, ама се воспостави ред и сега дојам како бара и сака така. Доење легната е полесно многу, и за тебе и за бебе. Ако бебе напредува во килажа, полни пелени и спие убаво, немаш потреба од грижи. После подој молзи да стимулираш и ќе видиш разлика.
Јас мислам само да го нудиш бебе на таа града ќе помогне. Не да не ја даваш другата,ама форсирај ја таа што ти е тврда. Јас вчера имав слична случка,цицна малку од левата и по некое време бара пак,делумно мека беше ама имав и тврди делови. Нејќеше да фати, ама бев упорна заради тврдите делови од страв да не премине во мастит. Си ја лапна и си ја испразни
Од мое искуство не би ти препорачала силиконски, ќе се навикне бебе после нема дс можеш да ги тргнеш. Со силикони не е исто доењето, со време се намалува лактација. Доиш веќе не си почетничка но ќе напоменам сепаак внимавај како ја фаќа градата, убаво да отвори уста. Да не случајно ја фаќа само брадавицата?
Изненадувачки, кај мене помогна ланолинот на baby love од ДМ, комбинација е на ланолин со бадемово масло и многу лесно се нанесува, не е толку густ и леплив (мене и тоа ми правеше проблем). Не се измива, се нанесува после подој и јас практикував да помине барем еден час после нанесувањето, за наредно доење. Чини 89 ден. Пробав сѐ друго, олеснуваше, ама ништо колку овој.
Мислам дека се подоправи малце, ама се исплашив прееска зошто нејќеше ни капка да капне а градата преполна. Од вчера почнав со силиконски, ќе гледам да не биде предолго зошто ем не е практично, а и ова за навикнувањето не го размислив ама ептен има логика. Инаку мислам дека убаво фаќа зошто досега немав некој поголем проблем освен што некогаш знаеше да ме боли десната брадавица зошто не е убаво извлечена. Со левата никогаш немав проблем, а сега е бетер од десната. Фала за препораката, баш ќе го пробам.
Дали пушите додека доите? Не мислам буквално додека цица бебето туку додека е доенче општо.Јас не пушев, сега почнав чат пат да запалам по една цигара на пример навечер околу 7 а бебе цица околу 9, дали ке му штети? Вчера преку ден испушив две цигари, бебе цела ноќ ми квицкаше, дали е коинциденција или се менува вкусот на млекото, или пак се намалува?