Од мое искуство се навикна бебе да, но имав успешна доенечка приказна од година ипол. И со второто дојам со помош на силиконска брадавица. Лактација не намали
Мило ми е што е така и ти посакувам и со второто да имаш долга и успешна доенечка приказна. Јас немав таква среќа а не само јас, уште 2-3 мајќи околу мене кои што доеја со силиконска им снема млеко зависи од 5 до 7 месец. Мене во 7-ми, со првото дете. Колку што имам читано експерти за доење не препорачуваат силиконска брадавица баш поради таа причина. А читам овде често дека се препорачува силиконска дури и кога реално не сметам дека има потреба од истата. Секој со свое мислење, знам дека секој го сака најдоброто за своето дете.
Јас ги издржав болките и раните со крв и не дадов силиконска.. мачкав редовно, плачев на подој и на молзење ама не купив, не сум запознаена точно дали би сметале за нешто ама ми деловаа исто како шише и ми беше страв
Се држи вода тоа што кажуваш но верувај и јас правам се што е најдобро за моето бебе. Доколку немам брадавици и тие не се извлекоа на ниту еден начин, ќе давам со силиконска бидејќи млеко имам премногу и греота е да не ја дојам.а да се нервира бебе по пола саат и на крај да не фати на града нема да дозволам. Јас знам дека е најдобро природно но доколку не се може, ништо страшно и вака може. Жал ми е за другарките твои, јас бев упорна со бебе нецицач за првото и успешни бевме. Се надевам сега ќе биде се ок до подолго и со оваа дете. Муабетот ми е да не обесхрабрувате, бидејќи не е помалку мајка таа што дои со силиконска. Со рани е и со болки, па боже мој нема да трпи, ќе даде со силиконска.
Јас доев со силиконски првите два месеци и откако доби сила беба убаво да влече постепено ја навежбав и без нив. Сега си цица одлично и така. И да не се навикнеше ќе продолжевме со силиконски. Малку се незгодни за употреба ама благословен да е тој што ги смислил. Да не беа тие не знам дали ќе успеев да дојам.
Мајка ни на крај памет не помислив дека таа што дои со силиконска е помалку мајка. И јас првото го доев со силиконска, неискусна и немав кој да ме подучи. Пред многу години беше тоа. Немаше експерти за доење или пак јас не знаев. Затоа сега од старт си викнав. Да не должам не е тоа тема на муабет. Со најдобра намера пишав за моето искуство и за препораки кои ги имам читано пред да се породам со второто. Имав преголема желба да дојам. Никако не преболев што првото не ми беше доено како што сакав. Јас не осудувам никој зошто дои со силиконска брадавица, ако е невозможно да се дои без брадавица нормално дека нема да прекинеш со доење, ќе ди најдеш начин како дали со измолзување дали со силиконска, секој како се снашол. И секоја случај е индивидуален, јас се обратив на Бела затоа што знам дека доеше без брадавица и сакав да ја охрабрам да издржи и да не погреши. И да, сите ние го правиме најдоброто за нашите деца. Едит: иначе бебето мое кога фати силиконси брадавици веќе нејќеше да слушне за да цица без нив. Уште на глава што не застанав кога кажа не и не. Не секое бебе е исто еве читам на некое не му менува.
@Nala37 воопшто не ја сфатив погрешно сугестијата, ептен си е на место. Од очај и од страв да не стигнам до крвави брадавици ја ставив силиконската. На почеток првите две недели кога се роди градите ми се преполнија и брадавиците се вовлекоа па морав со силиконски, ама постепено ги тргнав. Не можам да дешифрирам што е моментално причината што ми се болни, мислам дека тоа што премногу се тегне кога цица. Сега дадов без од таа страна што ми е помалку болна и ок беше, издржливо. Собирам храброст за следно доење од поболната страна да пробам и таму без силиконската. Тоа е девојки, борба е мајчинството.. ама слатка и најубава на свет.
@Bella_Stella Ако ти тегне, па пушта, па пак држи-пушти и од тоа знае да почнат да болат и да се разранат. Мене во скокот ми правеше така, ден за ден и се собра, почнаа да ме болат.
Од тоа ти се разраниле. Ќе поминат, мачкај ланолин. Друго што може да направиш е да ја стиснеш брадавицата, млекото што ќе протече размачкај го на брадавица и седи со градите надвор да се впие.
Да, го правам тоа. Размачкувам млеко, сушам и мачкам ланолин. Фала за советите. Се надевам наскоро ќе се опорават.
Мајка правила нема. Овде на невидено, анонимно, колку имаш инфо толку ќе дадеш совет, така да не знаеме баш дали има или нема потреба. Не е точно дека ќе се одбие од цице ако цица со силиконска не директ, или дека ќе намали млеко, моето големо ниеднаш не фати цице, едвај еднаш цицна еднаш и уште еднаш колку да ми направи рана, и двата пати со силиконска, значи на града еден подој немал поштен, па 1г скоро молзев и имав млеко. Да не намалував и кратев сама ќе молзев и до подоцна, ама тешко ми стана веќе. Правила апсолутно нема така да може да се дои и со силиконска и да се молзи без доење подолго и се може, само бара упорност. Во ситуацијава на Бела подобро е да стави силиконска отколку да не стави, вака ризик е да се продлабочат раните па и да направи некоја беља поголема, да не може па ич да дои после. Јас почнав без силиконски брадавици и многу ми беше болно, плачев и доев, цела се грчев, на крај ставив и малку закрепна градата па ги извадив, никаков проблем немав. Се е до бебето. @Bella_Stella да не те зачуди ако поврати розево или видиш во каката црвени конци, можно е и некој капилар да имаш погодено внатре, да се направи тоа strawberry milk ама пошто доиш не можеш да забележиш, јас имав со првото дека ексклузивно молзев, неколку шишенца испи. Да не се исплашиш, не е страшно ништо.
Фала ти. Ќе следам ситуација и ќе видам ако има потреба ќе ставам повремено силиконски. Баш не е муабетот скроз да се разранам па никако да не бива после.
Мене ми помогна многу Ланолин на Леа, на Медела никаде немаше, Лансинох исто, па најблиску ми беше Леа, арно ама не најдов ни на Леа на крај и земав на Галафарм, Сенсилис, не потрошив ни цело тубиче ме спаси и толку. Иначе долго се мачев, скоро 4м. Ставав и на мустела еден како крем гел и на ДМ ланолин и Леа 2 пати земав и на крај ова. Мачкав и ад капки и луфтирав, џабе, не проаѓаше. 4ипол месеци јас имав болки на десната кај што ми направи блистер големиот од тоа фамозно цицање од 2 повлекувања негови.
Мислам дека кај мене не е уште сериозна ситуацијата до толку, ама подобро да реагирам на време за да не стане. Ќе пробам некој друг Ланолин тоа сигурно, овој може помага нешто ама минимално.
Не можеш да кажеш дека не е точно дека ќе се одбие од цице ако цица со силиконска. Еве моето се одби а се одби и на сестра ми и на другарките. Да се е до бебето, и јас тоа викам и затоа да се прашаме дали вреди да се ризикува како во случајот на Бела? Бебе што без проблем си цица веќе неколку месеци без брадавица. Па сите ние имавме крвави брадавици сме стегале заби и сме доеле во меѓуврмее сме правеле се што е можно за да ни оздрават. Праша, јас пишав искуство, она одлучува што е најдобро за нејзе и нејзиното бебе не ми е јасно што толку упорно се наметнува ставот дека за нејзе е најдобро да дои со силиконска? Немам многу време да постирам текстови сабајлечки, накратко слика во прилог.
Не и се наметнува и се дава привремено решение зошто со ланолин не и поминува. Измеѓу силиконска брадавица да заздрават побрзо и да даваш на бебе да цица од крвава брадавица што е подобро?
Е па кога не е толку сериозна ситуацијата како што пишала Бела, не вреди да се ризикува. Да е сериозна јас верувам дека ќе бара решение на лекар а не на форум. Јас да знам дека има шанси бебе да ми се одбие и да ми се намали лактација, не би ризикувала. Би се мачела и трудела да ги заздравам, ланолин сме користеле сите знаеме колку е еефикасен. Малку ќе стегнеш заби и за брзо време заздравуваат. Освен ако не сакаш да го одбереш полесниот пат нели.. Како што некои членки даваат решение, и јас така дадов совет без наметнување! Не е работата само да се помине денот, треба малку подолгорочно да се мисли.
Ама зошто сеа такви муабети Сите сме трпеле, мам шејминг на најјако, знам дека не ти е тоа намерата ама така звучи. И не не се одбива, не знам зошто си упорна дека ќе се одбие, може па вие не сте се труделе, еве моето не се одби, на докторка не се одбила, куп има мајки што доеле со силиконска... Ако мораше да има контакт немаше да има полно мајки кои ексклузивно молзат, меѓу нив и јас бев, цела година одржав лактација да бебе пие мајчино година и кусур. Дали е или не е до толку не знаеме, секоја има различен праг на толеранција на болка, мојот е низок, за мене и комарец коа ќе ме касне е болно.